Спорт
Гаске го доби француското финале против Шарди
Францускиот ветеран Ришар Гаске го совлада својот сонародник и добар пријател, Жереми Шарди со 6:4/7:6(5) за да ја освои титулата од Хертогенбош опен.
Ова е 15. титула во кариерата на Гаске и прва на тревната подлога откако тој освои две титули во низа…


Францускиот ветеран Ришар Гаске го совлада својот сонародник и добар пријател, Жереми Шарди со 6:4/7:6(5) за да ја освои титулата од Хертогенбош опен.
Ова е 15. титула во кариерата на Гаске и прва на тревната подлога откако тој освои две титули во низа во Нотингем во 2005 и 2006 година. За 31-годишниот Гаске ова беше второ финале оваа сезона, откако загуби во финалето на Опен суд де Франс во Монпелје, и сега има 15-15 скор во финалињата.
Шарди одеше на втора титула едноподруго, откако триумфираше на АТП челенџ турнирот во Сарбитон, Англија минатата недела. Шарди добива 150 АТП поени и 57.570 евра, додека Гаске има 250 АТП поени и 109.310 евра.
.@richardgasquet1 wins the title and defeats fellow countryman @jimchardy in two sets (6-3, 7-6)! ?? #LibemaOpen pic.twitter.com/o4XD0gLUqP
— Libéma Open? (@LibemaOpen) June 17, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погачар: Не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго

Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар по четвртиот триумф на Тур Д’ Франс предизвика вистински шок во јавноста со своите изјави за „Лекип“. Иако има само 25 години, тој веќе сериозно размислува да се збогува со спортот.
„Нема да се пензионирам веднаш, но не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго. Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се мојата голема цел, а по нив сериозно ќе размислувам за пензионирање“, откри Погачар.
Тој се осврна и на историски момент за Словенија – почетокот на Тур Д’ Франс доаѓа во нивната земја во 2029 година. Сепак, Погачар јасно стави до знаење дека тогаш, речиси сигурно, повеќе нема да се натпреварува:
„За мене е неверојатно што Турот ќе започне во Словенија во 2029 година. Ќе бидам таму, тоа е сигурно, дури и да не се натпреварувам“, објасни тој.
Спорт
Џака се врати во Премиер лигата

Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака се враќа во Премиер лигата, поточно во Сандерленд.
Ова го објави речиси непогрешливиот фубалски инсајдер Фабрицио Романо.
Романо изјави дека Сандерленд, клубот кој се врати во Премиер лигата минатата сезона, постигнал договор со Леверкузен за трансфер вреден 20 милиони евра.
Џака ќе потпише договор до летото 2027 година.
32-годишниот играч од средниот ред на тој начин ќе се врати во Премиер лигата, каде што претходно играше за Арсенал од 2016 до 2023 година.
Спорт
Капитенот на Рома го напушта клубот

Лоренцо Пелегрини, капитенот на Рома би можел да го напушти кубот до крајот на преодниот рок.
„Калчомеркато“, тврди дека капитенот на „волчицата“ добил зелено светло од тренерот Џанпјеро Гасперини за трансферот.
Милан, Интер и Наполи се заинтересирани за услугите на 29-годишниот фудбалер. Според обложувалниците најголем фаворит за потписот на Пелегрини е Милан.
Пелегрини е дете на Рома. Тој е во клубот од почетокот на својата кариера.
Досега, на 316 натпревари за првиот тим на Рома, постигна 55 голови и забележа 59 асистенции.
Фото/ Принскрин