Спорт
Дирк Новицки на 40 години ќе шутира тројки на НБА-олстар-викендот?
Најдобриот европски кошаркар на сите времиња, како што го најавуваат во САД, Германецот Дирк Новицки (40) моментно ја игра 21-та сезона во најсилната светска кошаркарска лига. Сепак не планира тука да застане, барем засега не најавил пензија, туку стиг…
Најдобриот европски кошаркар на сите времиња, како што го најавуваат во САД, Германецот Дирк Новицки (40), моментно ја игра 21. сезона во најсилната светска кошаркарска лига. Сепак, не планира тука да застане, барем засега не најавил пензија, туку стигна ново признание за него.
Организаторите на годинешниот олстар-викенд во НБА го поканиле Германецот да учествува во натпреварот во шутирање тројки. Доколку Новицки го прифати предизвикот, тоа би значело дека и самиот сфаќа дека крајот на неговата кошаркарска кариера е блиску.
Новицки, кој настапува за Далас Маверикс, сезонава игра во просек по 10-ина минути на меч.
Според статистичките податоци, тој е најдобриот европски кошаркар во историјата на НБА, пред сè, поради освојувањето на МВП-наградата во 2007 година, како и поради освојувањето на титулата во 2011 година кога г предводеше Маверикс против Мајами со Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Крис Бош.
Германецот во својата НБА-кариера има постигнато 31.247 поени, што го прави 7. стрелец во историјата на лигата.
Доколку го прифати предизвикот, Новицки тројки ќе шутира на 16 идниот месец на олстар-викендот, кој ќе се одржи од 15 до 17 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Аморим е во право, ова навистина е најлошиот тим на Јунајтед во историјата
Кризата на „Олд Трафорд“ не стивнува. Манчестер јунајтед трет пат во низа е поразен од Брајтон на домашен терен, на последните шест натпревари Јунајтед има четири порази, три од нив се на домашен терен.
Манчестер јунајтед по 22.коло се наоѓа на 13. место со 26 поени. Претходниот пат „ѓаволите“ беа послабо рангирани по 22 кола во сезоната 1989/90, кога беа на 15. место со 24 бода.
„Навистина ми е жал што навивачите страдаат. Можеби сме најлошиот тим во клупската историја“, изјави тренерот Рубен Аморим, кој на клупата на Манчестер јунајтед претрпе седум порази на 15 натпревари.
Навивачите на Манчестер јунајтед можеби се загрижени поради тоа што Португалецот најави уште потешки денови.
„Нема да го менувам начинот на игра. Јасно ми е дека играчите ќе страдаат и жал ми е што ќе страдаат и навивачите, но нема да се откажам од идејата со која дојдов овде. Имам начин да постигнам резултати, но мора да го преживееме овој момент – изјави Рубен Аморим.
Сепак, навивачите на „црвените ѓаволите“ можат да заборават на прогнозата на Аморим дека Јунајтед би можел да испадне од Премиер лигата. Можеби ќе паднат уште неколку места до крајот на сезоната, но позициите за промоција во Чемпионшип се чини веќе се резервирани.
Спорт
Дукати го претстави Дезмоседичи за 2025
Тимот на Дукати, во Мадона ди Кампиљо, го претстави новиот нотоцикл за сезоната 2025. За Дукати ќе возат Марк Маркез и Франческо Бањаја.
Во споредба со минатата сезона, овогодинешниот Дезмоседичи претставува еволуција на претходните модели, а во однос на изгледот нема речиси никакви измеми, преовладува црвената боја со примеси на црна.
Дукати остана без титула минатата сезона, барем што се однесува до фабричкиот тим, бидејќи Хорхе Мартин го победи Франческо Багнаја и стана првиот шампион во Мото ГП што ја освоил круната како возач на приватна екипа – Прамак. Шпанецот ја префрли својата единица во Априлија, на која и се приклучи по освојувањето на титулата, а на негово место дојде Маркез.
И покрај тоа што не ја одбрани титулата, Бањаја имаше одлична сезона во која забележа 11 победи на 20 трки. Сепак, грешките што ги направи, особено во спринтот, придонесоа Мартин да победи.
Осумкратниот светски првак, Марк Маркез ги бранеше боите на Гресини Дукати и го освои третото место на шампионатот. За Шпанецот, тоа беше првпат да заврши во Топ 3 од 2019 година, кога ја освои својата последна титула.
Пред Дукати, Трехаус, Априлија и Гресини ги покажаа своите адути за за новата сезона.
Овогодинешниот шампионат започнува со Големата награда на Тајланд.
Спорт
Македонија главната фаза ја отвора утре против Австрија
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Ракометната репрезентација на Македонија од третата позиција во Д групата избори пласман во главната фаза на 29. Светско првенство. Победа, реми и пораз е учинокот на македонските ракометари во групата во која беа Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Групата Д, во главната фаза ќе вкрсти со групата Ц, која со максимални три победи ја освои Франција. две победи и пораз забележа Австрија, победа и два порази оставри Катар, а без победа првата фаза ја заврши Кувајт.
Во новоформираната група Франција ќе стартува со четири бода, Унгарија со три, Австрија и Холандија со два, Македонија со еден, а Катар без ниту еден бод.
Светската ракометна федерација (ИХФ) го одреди термините во кои ќе се играат натпреварите во Вараждин.
Македонија утре од 15.30 часот ќе игра против Австрија, во истиот термин в четврток прптивник на ракометарите ќе им биде Катар, а оваа фаза ќе ја затворат в сабота од 20.30 часот, против најголемиот фаворит во групата, Франција.