Спорт
Каков шок! Кевин Андерсон го „уништи“ Федерер во маратонски меч

Јужноафриканецот Кевин Андерсон ја забележа најголемата победа во кариерата, совладувајќи го Роџер Федерер со 2:6/6:7(5)/7:5/6:4/13:11 и прекинувајќи ја неверојатната низа на Швајцарецот во уште поневеројатен меч на „Теренот број 1“ на Вимблдон.
Андерсон ќе игра во полуфиналето на гренд слемот на трева против подобриот од дуелот Милош Раонич-Џон Изнер, откако успеа да спаси меч-топка во третиот сет и да го направи можеби подвигот на неговата кариера. Во претходните четири меча против швајцарскиот великан, Андерсон немаше освоено ниту еден сет.
„Само си кажував дека морам да верувам и дека денеска е мојот ден. Првиот сет го загубив за само 26 минути и морав да останам ментално подготвен. Беше тешко да се задржи концентрацијата во петтиот сет. Сега морам да се смирам и да бидам подготвен за мечот в петок“, изјави 32-годишниот Андерсон по дуелот од 4 часа и 13 минути.

Федерер пред мечот немаше загубено сет на турнирот и очигледно цела сезона беше фокусирана кон освојување на деветта титула од најголемиот тениски турнир на планетата. Ова е најран пораз на Федерер на Вимблдон по тој во второто коло од Серхиј Стаховски во 2013 година.
Новак Ѓоковиќ веќе влезе во полуфиналето и го чека подобриот од мечот Рафаел Надал-Хуан Мартин дел Потро, кој е во тек.
Фото: ЕПА
‘I had to keep telling myself that today was going to be my day’
Kevin Anderson on beating defending champion Roger Federer#bbctennis #wimbledon pic.twitter.com/YcZAoWCGJA
— BBC Tennis (@bbctennis) July 11, 2018
Surviving match point in the 3rd set, @KAndersonATP knocks out Roger Federer 26 67(5) 75 64 1311 to become the first South African man to reach the semifinals at #Wimbledon since Kevin Curren in 1983. pic.twitter.com/BNa4rHOFel
— ITF (@ITF_Tennis) July 11, 2018

Јужноафриканецот Кевин Андерсон ја забележа најголемата победа во кариерата совладувајќи го Роџер Федерер со 2:6/6:7(5)/7:5/6:4/13:11 и прекинувајќи ја неверојатната низа на Швајцарецот во уште поневеројатен меч на „Теренот број 1“ на Вимблдон.
Андерсон ќе игра во полуфиналето на гренд-слемот на трева против подобриот од дуелот Милош Раонич-Џон Изнер, откако успеа да спаси меч-топка во третиот сет и да го направи можеби подвигот на неговата кариера. Во претходните четири меча против швајцарскиот великан, Андерсон немаше освоено ниту еден сет.
„Само си кажував дека морам да верувам и дека денеска е мојот ден. Првиот сет го загубив за само 26 минути и морав да останам ментално подготвен. Беше тешко да се задржи концентрацијата во петтиот сет. Сега морам да се смирам и да бидам подготвен за мечот в петок“, изјави 32-годишниот Андерсон по дуелот од 4 часа и 13 минути.

Федерер пред мечот немаше загубено сет на турнирот и очигледно цела сезона беше фокусирана кон освојување на деветта титула од најголемиот тениски турнир на планетата. Ова е најран пораз на Федерер на Вимблдон по тој во второто коло од Серхиј Стаховски во 2013 година.
Новак Ѓоковиќ веќе влезе во полуфиналето и го чека подобриот од мечот Рафаел Надал-Хуан Мартин дел Потро, кој е во тек.
Фото: ЕПА
‘I had to keep telling myself that today was going to be my day’
Kevin Anderson on beating defending champion Roger Federer#bbctennis #wimbledon pic.twitter.com/YcZAoWCGJA
— BBC Tennis (@bbctennis) July 11, 2018
Surviving match point in the 3rd set, @KAndersonATP knocks out Roger Federer 26 67(5) 75 64 1311 to become the first South African man to reach the semifinals at #Wimbledon since Kevin Curren in 1983. pic.twitter.com/BNa4rHOFel
— ITF (@ITF_Tennis) July 11, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

