Спорт
Клоп ги моли навивачите: Не напаѓајте го автобусот на Рома
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп побара од навивачите на Ливерпул да покажат почит кон Рома и ги замоли да не го повторат „добредојдето“ на автобусот на италијанскиот тим слично како што добија Манчестер сити пред четврт-финалето.
Германецот вели дек…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, побара од навивачите на Ливерпул да покажат почит кон Рома и ги замоли да не го повторат „добре дојдето“ на автобусот на италијанскиот тим слично како што го доби Манчестер сити пред четврт-финалето.
Германецот вели дека е потребно „Енфилд“, инаку познат по атмосферата, да биде уште побучен од дуелот со Манчестер сити, но ги предупреди фановите да не ја преминуваат границата како кога автобусот на Сити беше гаѓан со шишиња и други објекти.
„На стадионот правете го тоа уште подобро. Надвор од стадионот, ве молам, покажете респект каков што е потребен. Ова е фантастичен фудбалски клуб, фантастично фудбалско семејство познато по атмосферата во целиот свет и нема потреба да гаѓаме по автобус. Ние сме противници на теренот, но мораме да покажеме дека луѓето во Ливерпул се прекрасни“, вели Клоп.
Тој исто така посочи дека не е точно дека Ливерпул имал среќа што ја добил Рома и што ги избегнал Баерн Минхен и Ливерпул.
„Некои мислеа дека полуфиналето ќе биде Барселона-Манчестер сити, но не е така. Тоа е фудбалот. Кога ми кажаа дека Рома победи со 3:0 и ја елиминираш Барса, не ми се веруваше, но тоа е фудбалот. Нашата ситуација е слична, имаме големи предизвици, но играме свој фудбал. Има само еден тим што може да победи и веруваме дека тоа ќе бидеме ние“, додава Клоп.
Фото: ЕПА
Нова снимка од нападот на Сити: Ливерпул е најпосрниот град во Англија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.