Спорт
ЛЕ: Розенборг рутински до пресметка со Шкендија, Риека „шокирана“ на Руевица
Норвешкиот шампион Розенборг со 3:0 го совлада ирскиот Корк сити, за да се пласира во баражот за пласман во групи во Лига Европа, каде што ќе се судри со македонскиот шампион Шкендија.
Шкендија загуби во двомечот со Салцбург (3:0 и 1:0) во последното к…

Норвешкиот шампион Розенборг со 3:0 го совлада ирскиот Корк сити, за да се пласира во баражот за пласман во групи во Лига Европа, каде што ќе се судри со македонскиот шампион Шкендија.
Шкендија загуби во двомечот со Салцбург (3:0 и 1:0) во последното квалификациско коло во Лигата на шампионите, но ќе има шанси да го повтори минатогодишниот успех на Вардар и да стане вториот клуб кој се пласирал во натпревари по групи на едно европско натпреварување.
Хрватскиот вице-шампион Риека пак, по елиминацијата на Хајдук, загуби дома од уште еден норвешки претставник, Сарпсборг со 1:0 за да биде елиминирана пред домашната публика на „Руевица“. Во Норвешка првиот меч заврши со 1:1.
ЛИГА ЕВРОПА, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, 2.НАТПРЕВАР
Бордо (Фра) – Мариупол (Укр) 2:1, прв натпревар 3:1, вкупно 5:2
Барнли (Анг) – Башакшехир (Тур) 1:0 по продолженија, прв натпревар 0:0, вкупно 1:0
Риека (Хрв) – Сарпсборг (Нор) 0:1, прв натпревар 1:1, вкупно 1:2
Розенборг (Нор) – Корк сити (Ирс) 3:0, прв натпревар 2:0, вкупно 5:0
Валур (Исл) – Шериф Тираспол (Мол) 2:1, прв натпревар 0:1, вкупно 2:2, Шериф оди понатаму поради повеќе постигнати голови на гости.
Брага (Пор) – Зорја (Укр) 2:2, прв натпревар 1:1, вкупно 3:3, Зорја оди понатаму поради повеќе постигнати голови на гости.
БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН ВО ЛИГА ЕВРОПА, 23 и 30 АВГУСТ
ШАМПИОНСКИ ПАТ
Олимпија Љубљана (Свн) – Црвена звезда (Срб)
АПОЕЛ (Кип) – Астана (Каз)
Розенборг (Нор) – Шкендија (Мак)
Дуделанж (Лук) – Клуж (Ром)
Судува (Лит) – Селтик (Шко)
Шериф (Мол) – Карабаг (Азе)
Малме (Шва) – Митјиланд (Дан)
Торпедо Кутаиси (Гру) – Лудогорец (БиХ)
ГЛАВЕН ПАТ
Сигма Оломоуц (Чеш) – Севилја (Шпа)
Сарпсборг (Нор) – Макаби Тел Авив (Изр)
Гент (Бел) – Бордо (Фра)
Партизан (Срб) – Бешикташ (Тур)
Рапид Виена (Авт) – ФЦСБ (Ром)
Аполон Лимасол (Кип) – Базел (Шва)
Ренџерс (Шко) – Уфа (Рус)
Аталанта (Ита) – Копенхаген (Дан)
Зенит Санкт Петербург (Рус) – Молде (Нор)
Тренчин (Свк) – АЕК Ларнака (Кип)
Генк (Бел) – Брондби (Дан)
Олимпијакос (Грц) – Барнли (Бри)
Зорја Луханск (Укр) – Лајпциг (Гер)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ал-Итихад му нуди на Меси бланко чек
Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, повторно ја изрази својата желба да го доведе Лионел Меси, наведувајќи дека е подготвен да му понуди на аргентинскиот фудбалер бланко чек. Светските медиуми објавуваат изјави во кои Ал Хаили истакнува дека парите нема да бидат пречка за реализација на овој трансфер.
Ал Хаили наводно е подготвен да му дозволи на Меси самиот да ги одреди финансиските услови и времетраењето на договорот.
„Доколку Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек на кој може да напише која било сума, со договор за кој било период што ќе го избере, дури може договорот да биде доживотен“, рече Хејли.
Тој додаде дека доаѓањето на Меси би било од големо значење за клубот: „Доколку Меси го носи дресот на Ал-Итихад тука во Саудиска Арабија, парите немаше да ми значат ништо. Ќе ја славевме лигата пред да започне, бидејќи ќе го имав најдобриот играч во историјата на фудбалот.“
Претседателот на Ал-Итихад потврди дека веќе се обидел да го ангажира Меси претходно, по неговото заминување од Париз:
„Да, го контактирав кога му истече договорот со Париз и му понудив договор од 1,4 милијарди евра, односно 88 милиони евра годишно, но тој одби без дури ни да ја слушне понудата бидејќи неговото семејство ја претпочиташе Америка. Го почитувам тоа и вратите на Ал-Итихад секогаш му се отворени кога и сака да дојде“, рече Ал Хаили и дополни:
„Повеќе нема да се насочуваме кон бројки, едноставно ќе му дадам на Меси бланко чек да напише што сака. Тоа е најдобриот начин“.
И покрај великодушната финансиска понуда, се смета дека преселбата на Меси во Саудиска Арабија е малку веројатна. Аргентинскиот фудбалер се прилагоди на животот во Соединетите Американски Држави, каде што живее со своето семејство, а неодамна тој го продолжи договорот со Интер Мајами.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рома за 19-годишник ќе плати 25 милиони евра
Рома, помалку неочекувано по првиот дел од сезоната е легитимен кандидат во борбата за титулата во Серија А, но нивната примарна цел е да изборат место во Лигата на шампионите.
Во Рим открија дека им е потребно освежување во нападот, па почнаа да бараат засилувања. Главни мети беа Џакомо Распадори и Џошуа Зиркзе, но тие завршија неуспешно. Распадори ќе се пресели во Аталанта, додека нема назнаки дека Манчестер Јунајтед ќе прифати понуда за Зиркзе.
Во меѓувреме, Рома, најде засилување во нападот. Изборот е талентираниот 19-годишен, Рибинио Ваз. Играчот блесна сезонава во Олимпик Марсеј. Рома се согласи да плати 25 милиони евра.
Останува да се дефинираат личните услови и 19-годишниот напаѓач официјално да стане играч на италијанскиот клуб.
Во исто време, челниците на клубот од Рим преговараат и со Дониел Мален од Астон Вила. Холанѓнецот би требало да пристигне во Рома на позајмица, со право на откуп.
Foto/ depositphotos
Спорт
Распадори го чекаа во Рим, тој го одбра Бергамо
По Конор Галагер уште еден играч си замина од Атлетико Мадрид. Џакомо Распадори по само шест месеци, минати во Мадрид, реши да се врати во Италија.
Со денови се шпекулираше дека Џакомо Распадори ќе стане нов играч на Рома, но наместо во Рим, тој пристигна во Бергамо.
Како што потврдија бројни извори, луѓето од Аталанта доцна синоќа отвориле конкретни преговори и успеале да се договорат со Атлетико. Сумата која ќе ја плати Аталанта не е позната, но се претпоставува дека трансферот изнесува околу 20 милиони евра.
Распадори минатото лето пристигна во Атлетико Мадрид од Наполи за 22 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, бидејќи постигна два гола и имаше три асистенции на 15 натпревари во сите натпреварувања.
Диего Симеоне одлучи да го продаде, а Распадори сакаше да се врати во својата татковина и на крајот ја избра, Аталанта.Италијанските медиуми тврдат дека доаѓањето на Распадори значи дека Адемола Лукман ќе замине од клубот. Интерес за него покажуваат турските великани Галатасарај и Фенербахче.
Распадори сакаше да го засили тимот во кој ќе има минутажа, бидејќи сака да се наметне кај селекторот Џенаро Гатузо пред Светското првенство во 2026 година, секако доколку Италија преку баражот избори пласман.
Foto/ depositphotos

