Спорт
Лопетеги: Репрезентацијата? Повторно би постапил исто
Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, рекол дека не жали што 48 часа пред почетокот на Светското првенство решил да објави дека селекторската позиција во Шпанија ќе ја замени со тренерската во Реал Мадрид. Фудбалскиот сојуз на Шпанија веднаш му врач…

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, рекол дека не жали што 48 часа пред почетокот на Светското првенство решил да објави дека селекторската позиција во Шпанија ќе ја замени со тренерската во Реал Мадрид. Фудбалскиот сојуз на Шпанија веднаш му врачи отказ, поради што тој не ја предводеше Шпанија на СП во Русија.
Лопетеги мандатот на клупата на Реал го почна со поразот во Суперкупот на Европа, а потоа запиша три победи во првите три кола во Ла Лига.
Во националните шампионите сега следи пауза поради репрезентативните акции, а Лопетеги во таа пригода бил гостин во радиоемисија.
„Донесов одлука и повторно би постапил исто. Го направив тоа искрено и не жалам“, рекол Лопетеги одговарајќи на прашањето дали жали што на таков начин се разделил со репрезентацијата.
Тој порачал дека е голем навивач на шпанската репрезентација и дека се радува што за селектор е поставен Луис Ентрике. Тој сепак одбил да говори за текот на преговорите помеѓу него и Реал, додека сè уште бил актуелен селектор на „црвената фурија“.
„Она што го направивме го направивме бидејќи мислевме дека така треба да биде, водени од мислата дека сè мора да му биде подредено на Реал. Го направивме тоа чесно и одговорно“, рекол Лопетеги.
„Кога станува збор за Кристијано Роналдо, јас не добив можност да разговарам со него. Кога јас дојдов во клубот, тој веќе имаше објавено дека заминува. Тој е феноменален играч, јас само ја почитував неговата одлука“.
Тренерот на европскиот првак ја коментирал и клупската трансфер-политика во летниот преоден рок.
„На почетокот имав некои свои барања и имиња на фудбалери што би сакал да ги имам во тимот, со напомена дека ние веќе имаме одлични фудбалери на сите позиции. Со овој тим можеме да се бориме за сите трофеи во сезоната. Не би сакал да зборувам за играчи што не се во нашиот тим. Ми се допаѓаат Бејл, Бензема, Асенсио, Иско, додека оние што не се кај нас заслужуваат почит, но не го заслужуваат нашето внимание“, рекол тренерот на Реал не сакајќи да одговори на прашањето дали во тимот повеќе го сака Нејмар или Мбапе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Конор Галагер во Тотенхем
Конор Галагер го официјализира трансферот од Атлетико Мадрид во Тотенхем. Со клубот од Лондон тој потпиша пет ипол годишен договор.
Галагер пред 18 месеци пристигна од Челзи за во Атлетико за 42 милиони евра. „Јорганџиите“ успеаја да ги вратат сите пари што ги вложија во него, откако Тотенхем се согласи да плати 40 милиони евра.
Галагер играше за Вест Бромвич, Кристал Палас, Чарлтон и Свонси, и одигра 136 натпревари во Премиер лигата. Тој одигра 77 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања и постигна седум гола.
Тотенхем го донесе откако Родриго Бентанкур се повреди и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.
„Среќен сум и возбуден што сум тука, што го правам следниот чекор во мојата кариера во неверојатен клуб. Знам колку се одлични навивачите и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, сакам заедно да создаваме посебни моменти и спомени“, рече Галагер.
Досега, тој одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Англија, но играше само еднаш за тренерот Томас Тухел.
Спорт
(Видео) Мане повторно подобар од Салах – Сенегал ќе се бори за трофејот на Африканскиот куп
Сенегал го победи Египет со 1:0 и се пласира во финалето на Африканскиот куп на нации. За втората титула во историјата на земјата Сенегал ќе игра против победникот од натпреварот Мароко-Нигерија.
Сенеглаците заслужено ќе се борат за трофејот на Африканскиот куп, откако го надиграа Египет во првото полуфинале. Египет, излезе со јасна цел, да го одбрани својот гол, колку беа инфериорни Египѓаните говори и податокот дека во првите 70 минути не упатија ниту еден удар во хголот на противникот.
Сенегал го контролирае поседот, константно се обидуваше да нападне, а наградата за таквиот пристап дојде во 78-та минута, кога Садио Мане прецизно шутираше од 20 метри и го совлада Ел Шарави.
Foto/ EPA
Спорт
Заедно за Македонија! Почнува ЕУРО 2026 – да навиваме како едно срце!
Утре во Шведска започнува едно од најголемите спортски случувања во Европа – Европското првенство во ракомет ЕУРО 2026, а македонската ракометна репрезентација повторно излегува на терен со срце, борбеност и гордост да ја претставува Македонија.
Како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија, компанијата Гранд Ауто, заедно со брендот CHERY – официјален партнер, упатуваат силен и гласен повик до сите навивачи:
Да бидеме заедно, да навиваме гласно и да ја испратиме нашата енергија до Шведска!
Репрезентацијата секогаш црпела сила од поддршката на навивачите, а сега, повеќе од кога било, е време да покажеме дека Македонија знае да стои зад своите херои – без разлика каде играат.
🎉 Навивај и добиј!
За да ја засилиме навивачката енергија и да ја споделиме радоста со фановите, CHERY подготви специјални подароци:
🎽 оригинални и потпишани дресови од македонската репрезентација
🤾♂️ официјални ракометни топки
Овие подароци се симбол на заедништвото, страста и вербата во нови победи на ЕУРО 2026 а ќе се делат преку официјалните канали на социјалните мрежи на CHERY:
Да навиваме со срце, да бодриме со гордост и да покажеме дека кога Македонија игра – сите сме на теренот!
Со среќа, момци!
Македонија е со вас!
ПР

