Спорт
Нова трагедија во фудбалот – 18-годишниот Родригез почина во сон!
Францускиот второлигаш Тур објави дека нивниот млад дефанзивец, 18-годишниот Томас Родригез бил пронајден мртов во својот кревет во петокот навечер, по што се одложи денешниот меч на 9 март.
„Тур ФЦ е потресен од оваа трагедија за нашиот клуб. Праќаме …


Францускиот второлигаш Тур објави дека нивниот млад дефанзивец, 18-годишниот Томас Родригез, бил пронајден мртов во својот кревет во петокот вечерта, по што се одложи денешниот меч на 9 март.
„Тур ФЦ е потресен од оваа трагедија за нашиот клуб. Праќаме сочувство кон семејството, саканите и колегите и пријателите на Томас“, се вели во соопштението на клубот.
Смртта на Родригез доаѓа само пет дена кога капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, беше пронајден мртов во својата хотелска соба пред мечот со Удинезе во неделата потресувајќи го италијанскиот фудбал.
⚫️ #Communiqué – Décès du jeune Thomas Rodriguez
➡️ https://t.co/VDU80zNJ9M pic.twitter.com/pxGYnj6Bqt— Tours Football Club (@ToursFC) March 9, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ајакс се „самоуби“ во Гронинген, ПСВ е лидер во Холандија

Неверојатна завршница има сезоната 2024/2025 во Холандија. Фудбалерите на Ајакс го загубија првото место во Ередивизие откако испуштија победа во Гронинген во претпоследното 33. коло со 99.минута со играч повеќе.
Двапати славниот клуб од Амстердам водеше на стадионот „Еуроборг“ со головите на Антон Гои во 27. минута и Ваут Вегорст во 68.минута, но домашните не се предадоа.
Првиот пат израмнија во 52. минута преку Том ван Берген, а потоа во деветтата минута од судиското продолжение со гол на 20-годишниот Тијмен Блокзијл.
За да биде сè уште пошокантно, Ајакс е од 90+3.минута, имаше играч повеќе на теренот откако фудбалерот на Гронинген, Лучијано Валенте доби црвен картон.
ПСВ знаеше како да ги искористи киксот на големиот ривал и со убедлива победа на стадионот „Филипс“ против Хераклес од 4:1 ја презеде челната позиција на табелата во пресрет на последното коло.
Сè беше решено веќе во првото полувреме: Малик Тилман (18, 40) и Исмаел Салибари (21, 35) постигнаа по два гола за клубот од Ајндховен.
Нереално е како Ајакс испушти голема предност во финишот од првенството. Во последните четири кола од можни 12 освои само – два бода (Утрехт 0:4, Спарта 1:1, НЕЦ 0:3, Гронинген 2:2).
Спорт
Револуција во Франција: За титулата ќе се игра Фајналфор турнир

Француската фудбалска федерација сериозно размислува за промена на форматот на натпреварувањето во Лига 1, пишува „Лекип“.
Според познатиот весник, се разгледува можноста да воведе завршен турнир за титулата во првенството. На завршниот турнир би учествувале четирите најдобри екипи од регуларната сезона.
Во полуфиналето, првиот тим ќе игра против четвртиот тим, а вториот тим ќе игра против третиот тим. Победниците во завршниот меч би решавале за титулата.
Причината за ваквото размислување е фактот што ПСЖ доминира во Франција со години и е практично недопирлив за другите тимови. Новото правило можеби нема да ја прекине доминацијата на ПСЖ, но би го направил многу поинтересен финишот на сезоната.
Спорт
Менаџерот на Винисиус го уценува Реал

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, од неколку причини, сè уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид.
Како што пишува „Марка“, разговорите со Реал Мадрид се водат веќе подолго време, но сè уште не е постигнат договор.
Менаџерот на Винисиус, Фредерико Пења, дал понуда која Флорентино Перез ја оценил како неприфатлива.
Пења за својот клиент бара годишна плата од 30 милиони евра, што е многу повеќе од сегашната (17 милиони)/ Актуелниот договор на Винисисус му истекува во 2027 година.
Бразилецот има речиси иста плата со Килијан Мбапе.
„Марка“ истакнува дека Реал сака да ја задржи неговата плата под 20 милиони евра годишно.
За да го уценуваат Реал Мадрид, Винисиус и неговиот менаџер преговараат паралелно со Саудијците, кои не не прашуваат за цена.
Оваа сезона неговите бројки не се лоши (20 гола и 16 асистенции), но секако се послаби од минатата година, кога беше во потесниот круг за Златната топка.