Спорт
Серена доби „подарок“ од Вимблдон и ќе биде носител
Организаторите на најславниот тениски турнир на светот, Вимблдон потврдија дека поранешната шампионка, Серена Вилијамс ќе биде 25. носителка на гренд слемот на трева, и покрај тоа што таа е на 32. место на ВТА листата.
23-кратната гренд слем шампионка,…


Организаторите на најславниот тениски турнир на светот, Вимблдон потврдија дека поранешната шампионка, Серена Вилијамс ќе биде 25. носителка на гренд слемот на трева, и покрај тоа што таа е на 32. место на ВТА листата.
23-кратната гренд слем шампионка, Вилијамс се породи со својата ќерка Алексис во септември, по што во февруари се врати на тенисот, пропуштајќи една година од тенисот по победата на Австралија опен во 2017 година.
Нејзиниот прв гренд слем по паузата беше на Ролан Гарос, каде што не беше носителка и каде што стигна до четвртото коло, предавајќи се пред стартот на мечот со Марија Шарапова.
Во исто време, Роџер Федерер е потврден како прв носител кај мажите, иако оваа недела го загуби првото место на АТП листата од Рафаел Надал.
Вимблдон за разлика од другите турнири не го следи само рејтингот на тенисерите, туку и претходниот успех на турнирите на трева.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милвоки го отпуштија Лилард за да го потпишат Мајлс Тарнер

Foto/ EPA-EFE
Милвоки Бакс објавија шокантни вести, го отпуштија својот плејмејкер и суперѕвезда Дамијан Лилард. На овој потег се решија за да го потпишат Мајлс Тарнер од Индијана Пејсерс.
Поранешниот плејмејкер на Портланд ја скина Ахилова тетива во плејоф серијата токму против Индијана. Веројатно ќе ја пропушти наредната сезона. .
Остатокот од неговиот договор од 113.000.000 долари беше прескап за франшизата од Висконсин, која одлучи да се откаже од деветкратниот Ол-стар.
„Елените“ ќе ги распределат тие пари во следните пет сезони, што им овозможи да го доведат Мајлс Тарнер, кој играше за Пејсерс во претходните 10 години.
Значи, „Дам Тајм“ ќе заработува над 22.000.000 годишно во следните пет години, дури и ако одлучи да се пензионира утре.
Сепак оваа опција не е реална, сигурно е дека за него ќе има голем интерес.
Спорт
Шеј го доби најголемиот договор во историјата

Foto/ EPA-EFE
Шеј Гилџес-Александер потпиша нов договор со Оклахома сити Тандер, доби неверојатна сума на пари.
Шеј Гилџис-Александер стана првиот играч во историјата на лигата кој бил трикратен MВП. Беше прогласен за МВП на регуларната сезона, плејофот и Западната конференција.
Оклахома Сити Тандер ги победија Индијана Пејсерс во финалето и станаа шампиони на НБА.
Две недели по освоената титула за Канаѓанецот пристигна награда, доби нов договор и тоа не било каков договор, туку најголемиот во историјата на кошарката.
Според Шамс Чаранија, Шеј потпишал четиригодишен договор вреден дури 285 милиони долари!
Овој супер-максимален договор е најголемиот во историјата на кошарката и важи до јуни 2031 година.
Секогаш добро информираниот Боби Маркс се надоврза на ова и сподели информација што делува неверојатно.
Кога ќе се земе предвид актуелниот договор на Шеј Гилџес-Александер, тој ќе инкасира дури 364 милиони долари во следните шест години.
Шеј е 15-от играч во историјата на НБА што потпишал супер-максимален договор.
Спорт
Ансу Фати во Монако

Foto/ X
Ансу Фати, некогаш „чудо од дете“, ја напушти Барселона. Следната сезона ќе игра на позајмица во Монако.
Клубот од Кнежевството се договори со Барса за едногодишна позајмица, по што ќе имаат можност да го откупат договорот на 23-годишниот напаѓач.
Доколку одлучи да го направи тој чекор, Монако ќе плати 11 милиони евра за Фати.
На крајот од минатата деценија, Фати сруши многу рекорди, стана најмладиот стрелец на Барса во Ла Лига, најмладиот стрелец во Лигата на шампионите, но не ги достигна ѕвездените височини што се очекуваа од него.
Минатата сезона одигра само шест натпревари.
Монако неодамна донесе уште едно звучно засилување, Пол Погба.