Домашен
Спортски федерации: MOK бега од обврската да им дозволи на олимписките спортови сами да одлучуваат
Македонските спортски федерации тврдат дека Македонскиот олимписки комитет (МОК) бега од обврската на претставниците на олимписките спортови да им дозволи сами да одлучуваат за нивниот спорт.
Во саботата спортските федерации кои се на програмата на Олимписките игри одржаа состанок на кој главна тема беше заземање став и носење заклучок по однос на нивното барање упатено до (МОК) за конечна промена во статутот, со што истиот би се усогласил со олимписката повелба.
Од таму велат дека МОК, чиј претседател е Васил Тупурковски, бега од обврската на претставниците на олимписките спортови да им дозволи сами да одлучуваат за нивниот спорт и го пренесуваат текстот на повелбата кој гласи:
„МНОЗИНСТВОТО ОД ГЛАСОВИТЕ во рамки на еден национален олимписки комитет и неговото извршно тело СЕ СОСТОИ од гласовите кои произлегуваат од НАЦИОНАЛНИТЕ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ (од олимписките спортови) наведени во точка или нивни претставници. Кога се работи за прашања кои се однесуваат на Олимписките игри, ПРЕДВИД СЕ ЗЕМААТ САМО ГЛАСОВИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ТАКВИТЕ НАЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ И НЕГОВОТО ИЗВРШНО ТЕЛО“, се наведува во текстот.
Според Македонските спортски федерации, МОК бега од олимписката повелба, иако се нарекува олимписки комитет.
„Меѓународниот комитет ќе ја суспендира Македонија. Но не поради барањата на спортистите, туку поради твоето 30-годишно криење позади нив, поради твоето бегање од обврските кои си ги презел пред 30 години и сè уште глумиш дека ќе ги исполниш, а во себе се надеваш дека барем уште 30 години ќе тераш на истиов начин“, му порачуваат спортските федерации на претседатeлот Тупурковски.
Тие исто така подвлекуваат дека од 204 национални Олимписки комитети во целиот свет, 203 ја почитуваат олимписката повелба и ги утврдиле нејзините одредби во своите статути, а земјава е единствената во која Националниот олимписки комитет и по 30-тина години и натаму вели „не за олимписката повелба“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.