Спорт
Тука е господинот Бејл! Реал со победнички старт (видео)
Реал Мадрид ја започна новата сезона во Ла лига со рутинска 2:0 победа над Хетафе, во која главна улога имаше Велшанецот Герет Бејл, кој во отсуство на Кристијано Роналдо ќе треба да ја преземе „контролата“ на нападот на „Лос бланкос“.
Бејл прво во 20….


Реал Мадрид ја почна новата сезона во Ла лига со рутинска 2:0 победа над Хетафе, во која главна улога имаше Велшанецот Герет Бејл, кој во отсуство на Кристијано Роналдо ќе треба да ја преземе „контролата“ на нападот на „Лос бланкос“.
Бејл прво во 20. минута му асистираше на Даниел Карвахал, за потоа во 52. минута и самиот да постигне гол за победнички старт во Шпанија на новиот тренер Хулен Лопетеги и за заборавање на 4:2 поразот од Атлетико во европскиот Суперкуп.
Севилја исто така имаше победнички старт на новата сезона откако со 4:1 славеше на гостувањето кај Рајо Валјекано, благодарение на засилувањето од Милан, Андре Силва, кому очигледно повеќе му „лежи“ шпанскиот фудбал бидејќи лани во цела сезона немаше постигнато три гола за „росонерите“.
ЛА ЛИГА, 1.КОЛО
Еибар – Хуеска 1:2
Рајо Валјекано – Севилја 1:4
Реал Мадрид – Хетафе 2:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џепчирчир светска шампионка во маратон, Поп Арсова претпоследна

Перез Џепчирчир од Кенија го освои златниот медал во маратонот на Светското првенство во атлетика во 2025 година.
Триесет и едногодишната атлетичарка патеката во Токио ја помина за 2 часа 24 минути и 43 секунди.
Маратонката од Кенија, во последните метри ја престигна Тигст Асефа од Етиопија (2,24.45). Бронзениот медал го освои Јулија Патернане од Уругвај (2,27.23).
За олимписката шампионка од на истото место во 2021 година ова е прва светска титула.
Репрезентативката на Македонија, Адријана Поп Арсова Рашиќ, маратонот го заврши на 62. место со време 3 часа, една минута и 48 секунди.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Крофорд влезе во историјата на боксот

Американскиот боксер Теренс Крофорд го победи легендарниот Канело Алварез и стана првиот човек во историјата на овој спорт кој ја освои титулата апсолутен шампион во дури три различни тежински категории.
Во спектакуларен меч одржан пред повеќе од 65.000 гледачи, публиката имаше можност да види дуел на кој се чекаше со децении.
Крофорд го наметна својот ритам од самиот почеток, лесно се движеше и со прецизни директни удари го неутрализира Мексиканецот.
До средината на борбата, на Алварез му беше јасно дека му е потребен прекин за да го сврти резултатот. Во неколку наврати успеа да му нанесе на противникот моќни удари во телото и главата, но Крофорд успеа да го контролира натпреварот.
Седмата и деветтата рунда беа импресивни кога публиката се крена на нозе по отворените размени. Карфорд „заработи“ рез над окото во таа прилика.
На крајот од мечот Крофорд покажа искуство и смиреност, во 12-та рунда немаше потреба да ризикува, бидејќи сè веќе беше јасно.
Крофорд на крајот го победи Алварез со едногласна одлука (115-113, 115-113, 116-111) и постигна невиден подвиг: во ерата на четири појаси, тој стана првиот боксер кој ги обединил сите светски титули во третата различна тежинска категорија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Хрватски голман на Меси му одбрани Паненка пенал

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се изрезили изминатата ноќ, промаши пенал, а потоа Шарлот го победи Интер Мајами со 3:0.
Сè започна со пеналот во 32-та минута, кога Аргентинецот се реши за Паненка, хрватскиот голман Кристијан Калина остана на место, ја прочита намерата на Меси и фати „жива топка“.
No luck on the panenka.
Kristijan Kahlina stands his ground! 😳
📺 #MLSSeasonPass: https://t.co/Hk7vdrFPCI pic.twitter.com/ltzmUpAPEn
— Major League Soccer (@MLS) September 14, 2025
Следеше целосен пресврт во натпреварот, а блескаше Израелецот Идан Токломати, кој само две минути подоцна ја „казни“ грешката на Меси.
Истиот играч успеа да постигне хет-трик, бидејќи го зголеми резултатот на 2:0 во 47-та минута, а потоа на крајот од натпреварот, од пенал, ја потврди победата на Шарлот.
Интер Мајами го претрпе шестиот пораз во сезоната и сега е осми на табелата со 46 бода, додека Шарлот сега скокна на третото место со 53 бода.