Спорт
УЕФА ќе ги истражува навивачите на Ливерпул, Де Бројне не е импресиониран (видео)
УЕФА потврди дека ќе го истражува однесувањето на навивачите на Ливерпул пред мечот со Манчестер сити од четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако се појави и видеото од случувањата пред мечот, кој заврши со голема 3:0 победа на „Црвените“.
Навив…

УЕФА потврди дека ќе го истражува однесувањето на навивачите на Ливерпул пред мечот со Манчестер сити од четврт-финалето на Лигата на шампионите откако се појави и видеото од случувањата пред мечот, кој заврши со голема 3:0 победа на „црвените“.
Навивачите на Ливерпул долго време најавуваа пекол за гостинскиот тим, но ваква канонада никој не очекуваше – автобусот беше нападнат со шишиња, лименки, петарди и други објекти. Кога автобусот заглави во тесното грло на едно свртување, ситуацијата беше најлоша.
Никој не беше повреден, но Пеп Гвардиола јасно не беше импресиониран од однесувањето на полицијата. Неговиот помошник Мануел Естиарте објави видео со кое се добива и нова перспектива на случувањата.
Сепак, еден фудбалер не беше посебно импресиониран. Кевин де Бројне вели дека иако такво однесување не е прифатливо, нема проблем со однесувањето на навивачите.
„Веќе сум видел слични ситуации. Се случува. Не мислам дека е нешто посебно лошо. Очигледно, не е убаво да ти се скрши стаклото од автобусот. Но, ако навивачите го прават тоа без насилство, тогаш е океј и не ми пречи“, изјави Де Бројне.
Тој вели дека се надева оти и навивачите на Сити ќе направат слична атмосфера кога Ливерпул ќе дојде во блискиот град во вторник.
„Би било убаво да се повтори. Условите се поинакви, немаме добар резултат, но ќе бидеме подготвени, тоа е сигурно. Мислам дека и нашите навивачи ќе бидат тука за нас“, вели Де Бројне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Спектакуларни ножички на Роналдо во 96-та минута
Португалецот Кристијано Роналдо повторно го воодушеви фудбалскиот свет.
Капитенот на Ал-Наср постигна можеби еден од најубавите голови откако пристигна во Саудиска Арабија.
Роналдо изведе акробација во судиското продолжение против Ал-Калеја, со што стави точка на убедливата победа (4:1).
Во шестата минута од судиското продолжение, Португалецот постигна гол со ножички, совршено ја фати топката и ја смести во горниот дел од голот на гостите.
Годините се само бројка за Роналдо, а на 40 години е способен да изведе такви акробации.
CRISTIANO RONALDO.
OH MY 🚲🤯
(via @thmanyahsports)pic.twitter.com/jEiK1GjOHd
— B/R Football (@brfootball) November 23, 2025
Спорт
Италија и без Синер ја одбрани титулата во Дејвис Купот
Најдобрите италијански тенисери ја освоија титулата во Дејвис Купот трет пат по ред.
Тимот предводен од клупата од селекторот Филипо Воландри со тоа стана првиот од 1972 година што освоил три титули во Дејвис Купот. До овој ѕспех Италија стигна без двајцата најдобри тенисери, Јаник Синер и Лоренцо Мусети.
Клучните победи за „аѕурите“ во финалето против Шпанија ги постигнаа во недела, во сингл, Матео Беретини и Флавио Коболи.
Беретини прво го победи Пабло Карењо-Буста во два сета (6:3, 6:4), а Коболи, по голема борба и пресврт, го совлада Хауме Мунар, во сетови 1:6, 7:6 и 7:5.
Натпреварот траеше речиси три часа.
Мунар беше на добар пат да обезбеди долг натпревар во двојки за титулата, но Коболи одигра брилијантно во вториот и третиот сет, го подигна темпото на играта и, воден од неверојатната енергија од трибините на салата во Болоња, го победи Шпанецот.
ITALY WITH THE HAT TRICK 🇮🇹🎩🔥#DavisCup pic.twitter.com/YhOh7OxIdp
— Tennis Channel (@TennisChannel) November 23, 2025
Колективно, Италијанците го освоија четвртиот пехар, првиот го освоија во 1976 година, се одвоија од Чешка и Германија (по три) на вечната листа и сега ја бркаат Шпанија, која има шест титули во Дејвис купот.
Foo/ EPA
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Тотенхем, хет-трик на Езе
Фудбалерите на Арсенал го победија Тотенхем со 4:1 во дербито на северен Лондон и ја зацврстија водечката позиција на табелата во Премиер лигата.
„Топџиите“, на табелата имаат шест поени повеќе од Челзи и седум од Манчестер Сити.
Против Тотенхем, Арсенал играше како што игра од самиот почеток – како шампион.
Еден од најдобрите натпревари на лидерот во Премиер лигата оваа сезона го одбележа со хет-трик, репрезентативецот на Англија, Еберечи Езе.
Арсенал одигра феноменално прво полувреме, само малку послабо во второто, но доволно добро и авторитетно за градскиот ривал да не му пружи ниту грам надеж дека може да остане непоразен.
Серијата ја отвори Тросар, а Езе погоди во 41-та, 46-та и 76-та минута.
Единствениот гол за гостите, во 55-та минута, во стил на голем мајстор го постигна Ришарлисон. Бразилецот од 40 метри го лобуваше Раја.
Арсенал го доживеа последниот пораз од Ливерпул на 31 август, оттогаш е во страшна серија на резултати на сите фронтови – во 13 натпревари забележа два нерешени резултати и 11 победи.
Foto/ EPA

