Спорт
ФИА повторно ќе ја разгледува легалноста на Ферарито!
Ферари може да се соочи со уште една истрага на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) пред гламурозната трка во Монако следниот викенд.
Откако Себастијан Фетел доминантно победи на првите две трки од сезоната, се поставија многу прашања околу лег…
„Ферари“ може да се соочи со уште една истрага на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) пред гламурозната трка во Монако следниот викенд.
Откако Себастијан Фетел доминантно победи на првите две трки од сезоната, се поставија многу прашања околу легалноста на СФ71Х болидот, а од друга страна „Ферари“ продоли со својата интерпретација на правилата.
Скудерија пред последната трка во Шпанија постави нови ретровизори на хејло-системот за заштита на главата, како и „крилца“ до кокпитот кои беа забранети по жалбата на „Мерцедес“ и „Ред бул“.
Сега, според германскиот „Ауто мотор унд спорт“, други тимови побарале разјаснување на правилата околу дистрибуцијата на електричната моќ од хибридниот дел на моторот во Ф1, со сомнеж дека „Ферари“ добива дополнителни 20 коњски сили на квалификациите со „бајпас“ на сензорите кои се поставени на болидот.
Во Италија ова сигурно ќе биде протолкувано како директен напад над„ Ферари“ откако нивниот претседател Серџо Маркионе по големиот број закани за повлекување од спортот, неодамна ги пофали новите сопственици „Либерти“ за флексибилноста. Ферари исто така се согласи со отстранување на МГУ-Х елементот на моторот од 2021 година.
По успешниот старт, Фетел сега заостанува дури 17 поени зад актуелниот шампион на „Мерцедес“, Луис Хамилтон, по неговите победи на последните две трки. „Ферари“ се жалеше дека менувањето на гумите на Пирели по само четири трки од сезоната е направено „намерно“ за тие да се забават.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.