Спорт
Шарпланински куп по 37-ми пат

Меѓународната скијачка манифестација „Шарпланински куп“ по 37-ми пат ќе се одржи на Попова Шапка од 5-ти до 7-ми март.
Меѓународната скијачка манифестација „Шарпланински куп“ по 37-ми пат ќе се одржи на Попова Шапка од 5-ти до 7-ми март.
Првата велеслаломска трка ќе се одржи во сабота со почеток во 10 часот а втората во 13 часот, додека пак на последниот ден на 7-ми март првата слаломска трка ќе започне во 9 часот а втората во 12 часот.
Прогласувањето на победниците ќе се одржи во 14 часот.
Македонија ќе биде претставувана од шест скијачи: Антонио Ристевски, Дардан Дехари, Бесар Иљази, Меритон Емими, Дертијам Куртеши и Љубомир Поповски а од сите пријавени држави Грција има најмногу скијачи дури 27.
До сега се потврдени 57 натпреварувачи од 10 земји: Србија, Бугарија, Шведска, Словенија, Словачка, Австрија, Грција, Франција, Белгија и Македонија.
Скијачот со најдобар број ФИС бодови кој ќе настапи на купот е Швеѓанецот Петер Роберстон, кој има 16.21 во слалом.
Двете скијачки патеки се хомологирани од Интернационалната скијачка федерација. Велеслаломската патека ќе биде на висина од 390 метри од стартот до целта со околу 45 капии а слаломската патека на 198 метри а должината ќе биде 685 метри.
Севкупниот првак ќе добие парична награда од 3000 евра и шарпланинец, второпласираниот 2000 евра а третопласираниот 1000 евра.
Покровител на манифестацијата е владата на Р. Македонија преку Агенцијата за млади и спорт предводена од премиерот Никола Груевски кој е дел од почесниот одбор. Претседател на организацискиот комитет е Димитар Танурков а директор на натпреварот е Бојан Крижај. Технички делегат ќе биде Перко Бојан./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.