Спорт
Пријава од Македонија Ѓорче Петров за Партизан
ФК Македонија Ѓорче Петров го пријави ФК Партизан до челниците на УЕФА, поради доцнење на уплатата на ратата за фудбалерот на Партизан Бразилецот Вашингтон да Силва, јави „Блиц“.
ФК Македонија Ѓорче Петров го пријави ФК Партизан до челниците на УЕФА, поради доцнење на уплатата на ратата за фудбалерот на Партизан Бразилецот Вашингтон да Силва, јави „Блиц“.
Според српскиот весник, на македонскиот фудбалски клуб требало до јуни минатата година да му биде исплатена втората рата, но српскиот шампион тоа не го сторил.
По усмените договори кои не дале резултат, од клубот Ѓорче Петров се обратиле до УЕФА. Како што објаснува весникот, пријавата не значи тужба туку тоа е една опција да се дојде до решение.
Засега не е познато за колкава сума од заостанатата рата се работи. Вашингтон од 2007 до 2009 година беше фудбалер на Македонија Ѓорче Петров каде постигна седум гола на 12 натпревари а од 2009 е фудбалер на Партизан.
„Црно-белите моментално се наоѓаат на втората позиција во српската прва фудбалска лика со 44 бода, пет помалку од Црвена Звезда./крај/блиц/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договор која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.
Спорт
Саудискиот нафтен гигант стана глобален партнер на ФИФА
Саудискиот нафтен гигант Арамко ќе стане главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) до крајот на 2027 година, објави ФИФА.
Договорот, чија сума не беше објавена, му овозможува на јавното претпријатие на Саудиска Арабија да стане партнер на ФИФА „со права кои покриваат неколку настани“, вклучително и Светското првенство за мажи во 2026 година и Светското првенство за жени во 2027 година.
Саудиска Арабија, богата со нафта, но често критикувана за кршење на човековите права, веќе неколку години инвестира милијарди долари во спортот.
Инвестирањето во спортот е дел од стратегијата што ја води престолонаследникот Мохамед Бин Салман, како дел од големиот проект „Визија 2023“, чија цел е да го трансформира кралството во земја на бизнис и туризам и да ја намали неговата зависност од нафтата.
„Ова партнерство ќе и помогне на ФИФА успешно да ги испорача своите водечки натпреварувања во следните четири години и, како и сите други наши комерцијални договори, ќе ни овозможи да продолжиме да ги поддржуваме нашите 211 членки низ светот“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Спорт
(Видео) На Хезоња му „пукна филмот“, упати жестоки пцовки кон судијата Пукл
Реал Мадрид поведе со 2-0 во четвртфиналната серија против Басконија. Победата 101:90, мина во сенка на исклучувањето на нервозниот Марио Хезоња.
На три минути до крајот на натпреварот, во ситуација кога Реал имаше комотна предност од 93:77, по еден дуел Хезоња се најде на паркетот, побара фаул, не го доби, а потоа почна да му се жали на словенечкиот судија Саша Пукл.
Судијата поради бурниот протест му додели техничка, а откако Хезоња продолжи, му даде уште една.
Хезоња седна на клупата, а кога му покажаа дека мора да ја напушти салата му „пукна филмот“. Тогаш капитенот на хрватската репрезентација испука канонада од навреди кон судијата Пукл.
Една по друга се редеа пцовките кои ги забележа камерата.
Ќе биде интересно да се види каква казна го чека Хезоња со оглед на она што го кажа, а што Пукл сигурно добро го разбра. Прашање е и што судијата внел во записникот.
Expulsion de Mario Hezonja qui a probablement donné des nouvelles du pays aux arbitres ! #EveryGameMatters #SkweekLive pic.twitter.com/8hR3oe8M5K
— The Upset Media (@TheUpset_media) April 25, 2024