Контакт

Спорт

Македонија со двајца преставници на мотокрос во Грција

Објавено пред

Гоце Томовски и Мирче Ќорнаков ќе ја претставуваат Македонија на денешниот натпревар во мотокрос возење кој се одржува во Мегалополи, соседна Грција.

Гоце Томовски и Мирче Ќорнаков ќе ја претставуваат Македонија на денешниот натпревар во мотокрос возење кој се одржува во Мегалополи, соседна Грција. Станува збор за престижно натпреварување од отворениот Источно-европски шампионат во мотокрос возење.  “Оваа година посериозно пристапив кон подготовките за сезоната и планирам да настапам на сите натпревари од отворениот Источно-Европски шампионат. Конкуренцијата во мојата класа е многу голема, но очекувам на крајот од сезоната да постигнам добар пласман “, изјави Томовски пред настапот во Грција. Томовски  минатата година го освои седмото место во оваа конкуренција. “Мојот настап беше неизвесен до последниот момент. Сепак желбата за учество и презентација на Македонија и македонскиот мотоциклизам беше преголема и надградеа. Се надевам на добар резултат што ќе биде убава најава за трката од отворениот Источно-Европски шампионат на 11 април во мојот град Гевгелија“,  изјави ветеранот Ќорнаков. /крај/со/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

И официјално „Стадио Диего Армандо Марадона“!

Објавено пред

Општината Неапол и официјално потврди дека стадионот „Сан Паоло“ од денеска ќе го носи името на Диего Армандо Марадона, откако веднаш по неговата смрт претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио де Лаурентис го најави истото.

Марадона почина на 25 ноември од срцев напад, а секогаш ќе биде во срцата на наполитанците, на кои им донесе две италијански титули на крајот на 1980-тите.

„Со денешната резолуција, стадионот ќе го носи името на Диего Армандо Марадона. Предлогот го даде градоначалникот Луиџи де Маџистрис, советникот Алесандре Клементе и беше потпишан од целиот градски совет. Стадионот ‘Сан Паоло’ сега официјално ќе биде познат како ‘Стадио Диего Армандо Марадона’“, се вели во соопштението на општината.

Прикажи повеќе...

Спорт

НБА лигата нема да тестира на марихуана во новата сезона

Објавено пред

НБА лигата се согласи со Асоцијацијата на НБА играчи (НБПА) да не се вршат случајни допинг-тестови на марихуана во сезоната 2020/21.

„Поради невообичаените услови заедно со пандемијата на КОВИД-19, се согласивме со НБПА да го суспендираме случајното тестирање на марихуана во 2020/21 и да се фокусираме на тестирањето на состојки кои можат да ги подобрат перформансите“, потврди портпаролот на НБА, Мајк Бас.

НБА имаше слична политика и во „меурот“ во Дизниленд во Орландо, Флорида ова лето, каде што 22 од 30-те НБА тимови играа осум меча од редовната сезона и целосен плејоф во кој Лос Анџелес лејкерс ја освои титулата.

Во вторникот започнаа тренинг-камповите за тимовите, иако на кошаркарите им се дозволени и индивидуални тренинзи поради КОВИД-19. Целосните тренинзи треба да започнат во недела, а првит мечеви од пред-сезоната од 11 декември. НБА сезоната 2019/20, која ќе брои 72 меча, 10 помалку од вообичаено, почнува на 22 декември.

Прикажи повеќе...

Спорт

Зидан сигурен: Имам целосна поддршка од мојот клуб

Објавено пред

Зинедин Зидан е сигурен дека ја има целосната поддршка од клубот и од неговите фудбалери по низата слаби резултати пред саботното гостување кај незгодната Севилја.

Во Андалузија, „кралевите“ патуваат без победа во последните три меча во Ла Лига по поразите од Валенсија и Алавес и ремито со Вилјареал и под водство на Зидан никогаш немале низа од четири меча без победа. Во моментот тие се седум поени зад Реал Сосиедад, иако многу повеќе главоболки предизвикува второтопласираниот Атлетико Мадрид, со кого се соочуваат следниот викенд и кој има два меча помалку од „кралевите“.

И во Лигата на шампионите не одеше најдобро – по поразот од 2:0 од Шахтјор во вторникот, Реал треба да не загуби од Борусија Менхенгладбах во последното коло за да се пласира во осмина-финалето. Но, Зидан не е загрижен дека ќе добие отказ.

„Имам целосна поддршка од клубот. Не можеме да бидеме среќни кога ќе загубиме, но знаеме каде сме. Имаме среќа што се бориме за овој клуб и тоа ќе го правам до последниот ден, исто како моите играчи. Заедно сме и знаеме што е потребно“, вели Зидан.

Тој се налути на прашањата дали фудбалерите се зад него.

„На крајот, вие медиумите секогаш се обидувате со овие работи прашувајќи дали фудбалерите се со мене или не. Фудбалерите сакаат да се натпреваруваат и секогаш го покажувале тоа кон мене, но тоа не е најважно. Сум бил играч тука, тренер тука и ја знам историјата со клубот. Критиките не ме загрижуваат. Кога нема да победуваме, нормално е дека ќе ги има. Одиме напред“, додава Французинот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија3 часа

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија4 часа

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија4 часа

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија4 часа

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија6 часа

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа7 часа

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија8 часа

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија9 часа

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ9 часа

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион10 часа

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ11 час

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион11 час

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија11 час

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија12 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија12 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион12 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет12 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа1 ден

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија1 ден

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Досие