Спорт
Ѕола сака да остане тренер на Вест Хем
Џанфранко Ѕола сака да продолжи да биде тренер на Вест Хем, и покрај фактот што тимот се соочи со шест порази по ред и се наоѓа во зоната за испаѓање од Првата англиска лига.
Џанфранко Ѕола сака да продолжи да биде тренер на Вест Хем, и покрај фактот што тимот се соочи со шест порази по ред и се наоѓа во зоната за испаѓање од Првата англиска лига.
„Не сакам да се предадам без борба. Уверен сум дека моите играчи имаат сила и квалитети да изборат опстанок во првата лига“ изјави Ѕола.
Тренерот на Вест Хем кој го води тимот од 2008 година има шест кола за да обезбеди опстанок а во наредните натпревари го очекуваат натпревари против Сандерленд, Виган и Манчестер Сити дома и гостувања Евертон, Ливерпул и Фулам.
Вест Хем на шест кола до крајот на сезоната има 27 бода, со пет победи, четири нерешени и седум загубени натпревари.
Трите послабо рангирани клуба во Англија се Хал Сити, Барнли и Постсмут кој е на последното место со само 13 бода. /крај/хина/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

