Спорт
Двојна победа на Ред Бул во Монако

Екипата на Ред Бул е двоен победник на трката за Големата награда на Монако, откако Марк Вебер го освои првото место, а веднаш зад него беше Себастијан Фетел.
Екипата на Ред Бул е двоен победник на трката за Големата награда на Монако, откако Марк Вебер го освои првото место, а веднаш зад него беше Себастијан Фетел.
Вебер трката ја започна од пол позицијата и го задржа првото место до крајот, возејќи без грешка. Себастијан Фетел, пак, успеа да го помине Роберт Кубица од Рено, па така да го освои второто место. Четврт беше Фелипе Маса од Ферари, петти Луис Хамилтон од Мекларен.
Михаел Шумахер заврши на шестото место, пред Фернандо Алонсо од Ферари, кој стартуваше од последно место, но со добро возење стигна до оваа позиција.
Осми заврши Нико Розберг, додека на деветто и десетто место се двата болида на Форс Индија, возени од Адриан Сутил и Витантонио Луиџи.
Во генералниот пласман води Марк Вебер со 78 поени, симнувајќи го од тронот минатогодишниот шампион Џејсон Батон, кој поради проблеми со моторот не ја заврши денешната трка. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“