Спорт
Единствено Германија импресионираше по првото коло

Голем број љубители на фудбалот остана разочарани по првото коло од Светското првенство, кое беше окарактеризирано со внимателна игра на речиси сите репрезентации.
Голем број љубители на фудбалот остана разочарани по првото коло од Светското првенство, кое беше окарактеризирано со внимателна игра на речиси сите репрезентации.
Стрелците им останаа големи должници на фудбалските фанови, кои четири години желно го очекуваа почетокот на најголемиот фудбалски настан на светот.
Интересен е податокот што од вкупно 16 натпревари одиграни во првиот круг, дури на 14 не беа постигнати повеќе од два гола . Останува надежта дека звукот на неизбежната „вувузела“ ќе ги разбуди скапите ѕвезди во понатамошниот тек од првенството.
Единствено репрезентацијата на Германија, која од многумина беше потценувана пред почетокот на првенството, одигра бескомпромисно и ги задоволи стандардите.
Останатите репрезентации одиграа со тактизирање, при што некои ги чува своите адути за понатамошните натпревари, а други многу повеќе мислеа на сопствениот гол.
Најголемото изненадување го приреди репрезентацијата на Швајцарија, која неочекувано го совлада најголемиот фаворит на Мундијалот Шпанија.
Објективно е во второто коло да се очекува многу поофанзивна игра со повеќе голови, бидејќи просторот за тактизирање е стеснет. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дарвин Нуњез се извини: Свесен сум дека згрешив

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, призна дека покажал лошо однесување на натпреварот против Кристал Палас (1:1) кога заработи црвен картон откако удри противнички фудбалер без топка. Тој вети дека тоа нема да се повтори.
„Свесен сум за лошото однесување што го имав. Тука сум да учам од моите грешки и тоа нема да се повтори“, напиша Нуњез на Твитер.
Набргу потоа, уругвајскиот интернационалец објави и фотографија на која го напушта теренот со наведната глава по црвениот картон.
„Се извинувам на сите во Ливерпул. Ќе се вратам“, додаде тој.
Новото засилување на Ливерпул сигурно ќе го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ в понеделник.
Apologies to Liverpool all ✋????
I’ll be back ???? pic.twitter.com/iszTdSAx2i
— Darwin Núñez (@Darwinn99) August 16, 2022
Спорт
Радукану ја „збриша“ Серена Вилијамс во Синсинати

Една од најдобрите тенисерки во историјата Серена Вилијамс го одигра последниот меч во Синсинати. Таа беше поразена на самиот старт од Ема Радукану, а мечот траеше само еден час и пет минути.
Првиот сет ѝ припадна на Радукану со 6:4 во гемови, а потоа ја збриша Серена Вилијамс со 6:0 во вториот сет.
Серена Вилијамс најави дека заминува во пензија, а последниот насташ ќе го има на УС Опен.
Спорт
Мајката на Рабио ќе му го растури и трансферот на „Олд Трафорд“?

Трансферот на Адриен Рабио од Јувентус во Манчестер јунајтед би можел да пропадне откако мајката на играчот, а воедно и негова менаџерка Вероника ги постави нејзините барања пред Англичаните. Имено, ексцентричната госпоѓа Рабио раководи со кариерата на Адриен и во негово име преговара со клубови. Иако Јувентус и Јунајтед се договорија за обештетување од 17 милиони евра, а самиот Адриен сакаше да замине во Јунајтед, Вероника ги налути челниците на англискиот клуб.
Таа за синот побарала годишна плата од околу 10 милиони евра, а на тоа не сакале да се согласат во Манчестер. Адриен не е во плановите на Јувентус и сакаше да се испроба во Премиер лигата и да стане важен играч за врска во тимот на Ерик тен Хаг. Се чинеше дека трансферот е блиску до реализација бидејќи Јувентус веќе се договорил за доаѓањето на замената на Рабио, тоа е Леандро Паредес од ПСЖ.
Сепак, Рабио би можел да остане уште една година во Јувентус, со кого има договор до 30 јуни 2023 година.
Рабио мораше да го напушти ПСЖ, неговиот матичен клуб, поради неговата мајка. Пред три години му истече договорот со францускиот шампион, па тој замина во Јувентус како слободен агент. Му претходеше драма во режија на мајката и менаџерка Вероника. Откако се скараа со сите во Париз, во која Рабио му беше забранет пристап во соблекувалната освен непосредно пред натпреварите, таа го отфрли Тотенхем дека е „под нивото на Адриен“.
Зимата 2019 година се договорија со Барселона, но со неверојатно барање го нарушија трансферот кој практично беше договорен.
Исто така, додека тој играше за ПСЖ, таа веруваше дека нејзиниот син треба да заработува колку и Килијан Мбапе.