Контакт

Спорт

Шпанија положена на плеќи

Објавено пред

Од сите фаворите за освојување на шампионатаот кои настапија досега, најлошо мина Шпанија во денешниот меч по празот од Швајцарија во рамките на групата со 0:1

dobivaj vesti na viber

По Грција уште еден европски шампион е поразен на Светското превенство во Јужна Африка. Овојпат тоа е актуелниот европски првак Шпанија и еден од најголемите фаворити за освојување на светската круна.Иронијата да биде поголема, Швајцарците единствениот и победеносен гол го постигнаа на почетокот од офанзивата на „црвената фурија“. Тоа ги направи шпансктие репрезентативци нервозни што се одрази на нивната прецизност во завршницата од акциите. По примениот гол беше забележливо дека „армадата“ повеќе мисли како да добие време да постгине два гола, што беше потешко како што одминуваше времето. Притоа мора да се нагласи и улогата на чуварот на швајцарскито гол Бенаљио кој неколкупати во вистински момент спречипогодок на Шпанците. Можеби грешката Шпанците треба да ја бараат во тоа што мечот го започнаа само со еден шпиц, Давид Виља, а тактиката на Отмар Хицфилд насочена само да се одбрани сопствениот гол, неминовно побаруваше одговор со воведување на втор истурен напаѓач. Тоа го стори шпанскито селектор но дури откако во 53. минута Желсон Феернандес неочекуван постигна гол. Торес влезе во игра во 63. минута,а  се чини дека и Педро требаше да биде внесен на местото од се уште недоволно закрепнатиот Иниеста многу порано од само на десет минути пред завршетокот. Стативата на Чаби во 73. минута, само по три минути подоцна беше „вратена“ од Дердијок, но во овој случај тоа ќе знечеше и крај на сите шпански надежи. Покрај напаѓачката игра, Шпанците не може да бидат критикувани ниту за преголемо калкулирање во првото полувреме  а исто так покажаа и загалање и желба за постигнување голови. Се чини им недостигаше денеска подобра стратегија и среќа. Шпанија имаше многу повеќе од играта безмалку во текот на целиот натпревари упати дури 24 удари кон голот на противникот, но Швајцарија умешно знаеше да го сочува водството.

Ова е прва победа на Швајцарија во 19-от меѓусебен натпревар против Шпанија, во кои има доживеано 15 порази.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Мајката на Рабио ќе му го растури и трансферот на „Олд Трафорд“?

Објавено пред

Трансферот на Адриен Рабио од Јувентус во Манчестер Јунајтед би можел да пропадне откако мајката на играчот, а воедно и негова менаџерка Вероника ги постави нејзините барања пред Англичаните. Имено, ексцентричната госпоѓа Рабио раководи со кариерата на Адриен и во негово име преговара со клубови. Иако Јувентус и Јунајтед се договорија за обештетување од 17 милиони евра, а самиот Адриен сакаше да замине во Јунајтед, Вероника ги налути челниците на англискиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Таа за синот побарала годишна плата од околу 10 милиони евра, а на тоа не сакале да се согласат во Манчестер. Адриен не е во плановите на Јувентус и сакаше да се испроба во Премиерлигата и да стане важен играч за врска во тимот на Ерик тен Хаг. Се чинеше дека трансферот е блиску до реализација бидејќи Јувентус веќе се договорил за доаѓањето на замената на Рабио, тоа е Леандро Паредес од ПСЖ.

Сепак, Рабио би можел да остане уште една година во Јувентус, со кого има договор до 30 јуни 2023 година.

Рабио мораше да го напушти ПСЖ, неговиот матичен клуб, поради неговата мајка. Пред три години му истече договорот со францускиот шампион, па тој замина во Јувентус како слободен агент. Му претходеше драма во режија на мајката и менаџерка Вероника. Откако се скараа со сите во Париз, во која Рабио му беше забранет пристап во соблекувалната освен непосредно пред натпреварите, таа го отфрли Тотенхем дека е „под нивото на Адриен“.

Зимата 2019 година се договорија со Барселона, но со неверојатно барање го нарушија трансферот кој практично беше договорен.

Исто така, додека тој играше за ПСЖ, таа веруваше дека нејзиниот син треба да заработува колку и Килијан Мбапе.

Прикажи повеќе...

Спорт

Илон Маск го купува Манчестер Јунајтед?

Објавено пред

Милијардерот Илон Маск го разнесе интернетот со твит дека планира да го купи Манчестер Јунајтед. Извршниот директор на компанијата „Тесла“ напиша два последовни твита на кои пишуваше:

dobivaj vesti na viber

„Ја поддржувам левата половина на Републиканската партија и десната половина на Демократската партија!

„И јас исто така планирам да го купам Манчестер Јунајтед, добредојдени сте.

Сепак, Маск е познат по објавувањето на вакви шеговити твитови, па во овој момент не е јасно колку сериозни се неговите намери. Во моментов, мнозински сопственик на Манчестер Јунајтед е американскиот милијардер Малколм Глејзер, кој поседува 75% од акциите на клубот.

Веднаш дојде и потврдата дека сепак засега се работи за шега.

„Не, тоа е долгогодишна шега на Твитер. Нема да купувам спортски клуб“, дополни Маск.

„Црвените ѓаволи“ лошо ја стартуваа сезоната во Премиерлигата, а оваа година нема да бидат дел и од Лигата на шампионите.

Прикажи повеќе...

Спорт

Барди дебитираше, минимални порази за Трабзонспор и за Динамо Загреб

Објавено пред

Енис Барди го имаше своето деби во дресот на Трабзонспор на гостувањето против Копенхаген во плејофот за ЛШ. Тој влезе во игра во 58.минута, а неговиот тим загуби со 2:1. Клаесон и Лерагер донесоа предност за Копенхаген, а Трабзонспор намали со голот на Бакасетас во 79.минута.

dobivaj vesti na viber

Динамо Загреб загуби на гости кај Бодо-Глимт со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за норвешкиот тим беше Амал Вилијам Пелегрино во 37.минута од мечот.

Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен ремизираа 2:2.


Прикажи повеќе...

Најново

Европа14 минути

(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина...

Свет23 минути

Жена од Саудиска Арабија е осудена на 34 години затвор поради користење на Твитер

Салма ал Шебаб (34) е осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер за да ги следи неистомислениците и активистите,...

Свет33 минути

Алигатор убил жена откако несакајќи паднала во езеро додека работела

88-годишна жена е убиена од алигатор откако случајно паднала во езеро додека работела во градината на заедница на постари лица,...

Свет1 час

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

Денеска Северна Кореја најверојатно тестирала две крстосувачки ракети кон Жолтото Море, изјави јужнокорејски воен претставник, а пренесува Јонхап. Лансирањето се...

Свет1 час

Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја потпиша сметката од 430 милијарди долари, која се смета за најголем пакет климатски мерки во...

Македонија14 часа

(Видео) Невреме во Неготино – паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили

Големото невреме кое денеска го зафати Неготино зад себе остави паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили. Силниот ветер носел...

Топ15 часа

Скопјанка киднапирала бебе во ГТЦ и со такси го однела во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот...

Македонија18 часа

Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија.  Според информации на „Макфакс“, одлуката е...

Македонија19 часа

Обвинителството ќе го испитува регистрирањето на бугарските здруженија во Македонија

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата...

Македонија20 часа

ВМРО-НП: Тие што гласно се чудат да се прашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евро-атланската интеграција....

Економија20 часа

Од септември мерки за штедење на струја, државните институции ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

Државните институции од септември ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15 отсто во однос на истиот...

Македонија20 часа

Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови,...

Македонија22 часа

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион24 часа

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...

Македонија1 ден

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа...

Европа1 ден

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоци од власта на Ковачевски кон пратениците...

Европа1 ден

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние...

Европа1 ден

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби на четири регионални одделенија. Според декретите објавени на претседателската веб-страница, Серхи Зајац беше...