Спорт
Франција на колена
Репрезентацијата на Франција се наоѓа на чекор пред елиминација од Светското првенство, откако синоќа сосема заслужено беше поразена од Мексико со 0:2.
Репрезентацијата на Франција се наоѓа на чекор пред елиминација од Светското првенство, откако синоќа сосема заслужено беше поразена од Мексико со 0:2.
Мексиканците до својата историска победа стигнаа преку головите на Хернандез во 64 минута и преку Бланко во 79 минута од пенал.
Доколку во Мексико и Уругвај во третото коло одиграат без победник, тогаш и двете селекции ќе минат во следниот круг, а Франција и Јужна Африка ќе биде елиминирани, независно од резултатот на нивниот меѓусебен дуел.
Избраниците на Рајмон Доменек уште еднаш ја разочараа пошироката спортска јавност и може да им се случи истата судбина од пред осум години, кога без постигнат погодок беа елиминирани од групата.
Единствена надеж на Французите, кои во двата меча на Мундијалот не само што не постигнаа гол, туку и не создадоа шанса, е податокот што Мексико ќе мора да брка победа против Уругвај, доколку сака да ја избегне силната Аргентина.
„Останав без зборови. Навистина сум разочаран и тажен. Се обидувавме, но не одеше. Ни остана уште еден натпревар, во кој имаме мали шанси и мораме да се надеваме на чудо“, изјави Доменек.
Бекот на француската репрезентација Патрис Евра истакна дека има чувство како „Франција да е мала фудбалска нации, што навистина е болно“.
Флорент Малуда изјави дека без оглед на минималните шанси во последното коло, неговата репрезентација ќе мора да се бори за чест.
Наспроти нив, капитенот на мексиканската репрезентација Рафаел Маркез ликува од среќа.
„Одлично се подготвивме за натпреварот и одигравме како голема екипа. Настаните се развиваа според нашиот план и сега сме пред вратата на следната рунда. Мораме натпреварувањето во групата мирно да го приведеме до крај“, изјави Маркез. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

