Спорт
Марадона му се извини на Платини, но не и на Пеле

На прес-конференцијата по вчерашниот натпревар со Јужна Кореја кој го добија Аргентинците со 4:1, аргентинскиот селектор се осврна на односите со двете фудбалски величини со кои има чести препукувања
Претходно Марадона на новинарите им соопшти за неговите влошени релации со поранешниот француски капитен сега функцинер на УЕФА, Мишел Платини, велејќи дека „како и сите Французи и Платини смета дека е подобар од другите“. Оваа реакција на аргентинскиот селектор дојде откако новинарите во Јужна Африка бараа коментар на изјавата на Платини дека Марадона во главата „иако е селектор, и натаму е само играч“.Во меѓувреме, Платини му испрати писмо на Марадона во кое му објаснил дека никогаш не го кажал тоа што му го пренеле новинарите.„Платини ми испрати писмо во кое ми објасни дека никогаш не го рекол тоа што го напишале новинарите. Искрено му се извинувам, но на Пеле во никој случај“, изјавил Марадона кому многу му пречи зајадливоста на 70-годишниот Бразилец кој е често споредуван со Марадона по прашањето на најдобриот фудбалер во историјата. Имено, Пеле кому не му е првпат да дава зајадливи изјави на сметка на Аргентинецот, неодамна изјави дека Марадона ја прифатил селекторската функција заради личната финансиска криза. Во четврток Марадона повторно бил прашан од новинарите за страсните прегратки со неговите играчи и колегите на клупата.„И натаму ги преферирам жените. Во врска сум со Вероника која има 31 година. Не застранив. Сеедно, сакам на своите играчи да им ја признам добрата игра и да им честитам за тоа“, одговорил селекторот на еден од главните фаворите на мундијалот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал Мадрид по петти пат го освои Суперкупот на УЕФА

Реал Мадрид уште еднаш покажаа дека се „кралеви“ на европскиот фудбал, откако на „Олимпискиот стадион“ во Хелсинки со 2:0 го совладаа шампионот од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт за да се израмнат со Барселона и Милан со пет титули на Европскиот Суперкуп на УЕФА.
По фантастичната сезона 2021/22 во која ја освоија шпанската круна, и стигнаа до неверојатната 14. европска титула со победа над Ливерпул во финалето, тимот на Карло Анчелоти пристигна во Финска со желба за уште еден трофеј во неверојатната колекција. Против себе го имаа тимот кој лани ги шокираше сите со фантастичниот пат до титулата во Лига Европа, но кој минатиот викенд ја започна сезоната со 1:6 пораз од Баерн Минхен.
По израмнетиот старт на мечот, во кој неколку пати се заканија пред своите помногубројни фанови, Ајнтрахт направи една грешка, која веднаш ја казни Давид Алаба во 37. минута по одличната реакција на Карим Бензема. Во второто полувреме, шпанскиот тим беше поопасен пред голот на противникот, со неколку шанси и со една убава пречка, пред неизбежниот Бензема во 65. минута да го зголеми водството и уште еднаш да ја потврди „кандидатурата“ за „Златната топка“.
Спорт
Барса успеа да „сврти“ дел од навивачите контра Френки де Јонг

Летната „сага“ на Френки де Јонг продолжува, откако дел од навивачите на Барселона го пречекаа холандскиот репрезентативец на денешниот тренинг на клубот со навреди и со извици: „Намали ја платата, кучко“, објавува шпанскиот „Диарио спорт“.
Оваа доаѓа по вестите дека Барселона побарала од Холанѓанецот да се откаже од договорот потпишан во времето на претходниот претседател на клубот, Жозеп Марија Бартомеу поради „нелегалности“, по што тој одговори со ангажирање на адвокати сомневајќи се дека Барселона сакаат да му го нарушат угледот.
Барселона наводно уште пред речиси два месеци се договори со Манчестер јунајтед за неговиот трансфер, но тој одбива да си замине. Сега, пак, последните вести ги поставуваат Челси како главни фаворити за неговиот потпис.
#FCB????????
???? Graves insultos a Frenkie De Jong a su llegada a la Ciutat Esportiva
????️ ¡Bájate el sueldo, p****!
???? @DBR8 pic.twitter.com/Kq8L0SGQKP
— Diario SPORT (@sport) August 10, 2022
Френки де Јонг најмил адвокати за притисокот што му го прави Барселона
Спорт
Галијани: Ни треба брегзит во фудбалот, но без англиските клубови

Поранешниот генерален директор на Милан, Адријано Галијани ја поддржа европската Суперлига, оценувајќи дека на фудбалскиот свет му е потребен брегзит, но без англиските клубови, бидејќи другите лиги не можат да се натпреваруваат со парите кои се даваат во Премиер лигата.
Сега како директор на новиот италијански прволигаш Монца, Галијани смета дека Суперлигата и покрај неуспешниот обид на 12 клуба во април минатата година, останува валиден проект споредувајќи го со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.
„Премиерлигашките клубови заработуват четири пати повеќе пари од тие во Серија А. Монца добива 33 милиони евра од ТВ-правата, и три милиони треба да ги дадеме на Серија Б. Нововлезен премиерлигаш добива 160 милиони евра. Како можеме ние да се споредуваме со Нотингем форест? И како да ја сопреме ова тенденција? Потребен ни е ‘Брегзит’ во фудбалот. Кој ги тера Британците да даваат 4 милијарди евра, и секогаш да имаат полни стадиони? Затоа би имале вистински европски шампионат, без Англичаните“, вели Галијани за „Тутоспорт“.
Јувентус, Барселона и Реал Мадрид остануваат посветени на проектот за Суперлигата и покрај откажувањето на деветте други клубови (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Интер и Милан).