Спорт
Грција со играч повеќе дојде до првата победа

Репрезентациите на Грција успеа да дојде до својата прва победа на Светските првенства, откако денеска ја совлада селекцијата на Нигерија со 2:1
Клучен момент на натпреварот беше во 33 минута, кога играчот на Нигерија Сами Каита, наседна на провокацијата на Василис Торосидис и заработи исклучување.На забавената снимка можеше да се види дека Торосидис театрално одглуми дека бил силно удрен, што дополнително влијаеше судијата да покаже црвен картон.Овој момент за 180 степени ги сврте збиднувањата на теренот, бидејќи Нигерија имаше сигурна игра и водство од 1:0.Репрезентацијата на Грција потоа ја презеде иницијативата, создаде неколку шанси, од кои беа постигнати два погодока. Почетокот на мечот и припадна на африканската селекција, која иницијативата ја круниса со голот на Калу Уче во 15 минута од слободен удар, што е прв гол од слободен удар на Светското првенство.Грција до израмнувањето стигна во 44 минута преку Салпингидис, а историската победа ја донесе токму Торосидис.По овој меч во грубата Б, Аргентина е лидер со шест бода, пред Јужна Кореја и Грција со три, а Нигерија остана без бодови, но со теоретски шанси за пласман во следниот круг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барди дебитираше, минимални порази за Трабзонспор и за Динамо Загреб

Енис Барди го имаше своето деби во дресот на Трабзонспор на гостувањето против Копенхаген во плејофот за ЛШ. Тој влезе во игра во 58.минута, а неговиот тим загуби со 2:1. Клаесон и Лерагер донесоа предност за Копенхаген, а Трабзонспор намали со голот на Бакасетас во 79.минута.
Динамо Загреб загуби на гости кај Бодо-Глимт со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за норвешкиот тим беше Амал Вилијам Пелегрино во 37.минута од мечот.
Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен ремизираа 2:2.
Спорт
Валтер Мацари ќе седи на клупата на Мароко на СП во Катар

Селекторската позиција на Мароко по заминувањето на Вахид Халилхоџиќ треба да ја преземе Валтер Мацари. Италијанскиот стратег, како што откриваат медиумите на Апенините, од синоќа е во таа земја на преговори.
Негов последен ангажман беше на клупата на Калјари.
Мацари нема искуство во водење на репрезентации, а најуспешен беше како тренер на Наполи со кој го освои Купот на Италија во сезоната 2011/2012. Една сезона подоцна, тој го предводеше Наполи до титулата вицешампион на Италија.
Мароко на Светското првенство во Катар ќе игра во групата Ф со Белгија, Канада и со Хрватска.
Спорт
Интер без Мхитарјан во наредните три седмици

Италијанскиот калчолигаш Интер потврди дека ерменскиот репрезентативец Хенрик Мхитарјан заработил повреда и засега останува надвор од тимот. 33-годишниот играч од средниот ред беше доведен во клубот минатиот месец од Рома.
Мхитарјан беше меѓу замените на гостувањето кај Лече во првото коло од новата сезона во Серија А, но влезе во игра во 57. минута на местото на Марсело Брозовиќ.
По мечот, сепак, стана јасно дека Ерменецот има истегнување на мускулот и ќе се опоравува меѓу две и три седмици.
Минатата сезона во тимот на Рома, Хенрих Мхитарјан забележа 44 натпревари, на кои постигна пет гола и забележа девет асистенции.