Контакт

Спорт

Португалија ја демолираше Северна Кореја

Објавено пред

Репрезентацијата на Португалија ја оствари највисоката победа на Светското првенство, совладувајќи ја денеска Северна Кореја со 7:0, со што многу веројатно обезбеди пласман во следната рунда.

dobivaj vesti na viber

Репрезентацијата на Португалија ја оствари највисоката победа на Светското првенство, совладувајќи ја денеска  Северна Кореја со 7:0, со што многу веројатно обезбеди пласман во следната рунда.

Единствено чудо може да ја спречи Португалија да не игра во осминафиналето, односно во последното коло во групата Г да загуби од Бразил, а Брегот на Слоновата Коска (БСК) да ја победи северна Кореја со најмалку осум голови разлика

За разлика од бледата партија во првото коло против БСК, Португалците денеска беа многу порасположени во натпреварот против еден од најголемите аутсајдери.

Стрелци на головите за Португалија беа  Раул Меирелеш (29), Симао (53), Хуго Алмеида (56), Тиаго (60,89), Лиедсон (81) и Кристијано Роналдо (87).

Токму Роналдо беше прогласен за играч на натпреварот.

Ова претставува највисоката победа на Светското првенство во Јужна Африка. /крај/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Тотенхем направи од готово вересија – ПСЖ го освои Суперкупот на УЕФА

Објавено пред

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, со триумф по неверојатен пресврт во 90 минути и нерешен резултат 2:2 против Тотенхем. Пенак рулетот „светците“ го добија со 4:3.

dobivaj vesti na viber

Ова беше првиот натпревар откако стана јасно дека Италијанецот Џанлуиџи Донарума нема да го брани голот на шампионот на Стариот континент, но и првиот натпревар што победникот на Лига Европа го одигра по заминувањето на Јужнокореецот Хјунгмин Сон по помалку од една деценија во клуб од северен Лондон.

Во исто време, ова беше првиот официјален натпревар на Тотенхем откако Томас Франк го замени Ангелос Постекоглу како менаџер.

Тотенхем на нестварен начи ја испушти предноста од два гола до која дојде со головите на холандскиот дефанзивец Мики ван де Вен во 39. минута и неговиот партнер од одбраната Кристијан Ромеро.

ПСЖ до пенали го однесоа резервите, Ли и Рамош. Кореецот погоди во 85., а Рамош во 94.минута.

Во пенал серијата Витиња промаши, Тотенхем стекна предност, но во третата и четврттата серија најпрвин Шевалије го одбрани ударот на Ван дер Вен, а потоа Тел го промаши голот, откако го испрати на другата страна голамнот на ПСЖ.

Foto/ EPA/Alessio Marini

Прикажи повеќе...

Спорт

Поратланд има нов газда

Објавено пред

НБА франшизата на Портланд Треил Блејзерс е продадена за над четири милијарди долари.

dobivaj vesti na viber

Според непогрешливиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, Портланд го купува Том Дандон, американски бизнисмен.

Дандон моментално е сопственик на НХЛ тимот Каролина Харикенс, кој го купи во 2018 година за 450 милиони, а ги купува Треил Блејзерс од Пол Г. Ален.

Љубителите на кошарката во Портланд не мора да се грижат, бидејќи новиот сопственик и неговите соработници планираат да ја задржат франшизата во тој град, пишуваат американските медиуми.

Треил Блејзерс ја завршија минатата сезона надвор од плејофот со резултат од 36-46, близу дното на Западната конференција. Неодамна го вратија Дамијан Лилард, кој ќе ја помине следната сезона опоравувајќи се од повреда на Ахиловата тетива.

Франшизата од Орегон има една НБА титула освоена во 1977 година, тие ја освоија конференцијата три пати, а дивизијата шест пати.

За споредба, неодамна имавме две големи продажби во НБА – Лејкерси беа продадени за 10, а Селтикси за шест милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Македонија повторно загуби од Романија

Објавено пред

Македонската кошаркарска репрезентација го загуби и третиот натпревар во претквалификациите за пласман во квалификациите за Светското првенство. Вечерва, во Орадеа, Романија ја победи Македонија 79:66.

dobivaj vesti na viber

Првата четвртина го одреди текот на натпреварот, Романците ја добија со седум поени (26:19). На полувреме Романија имаше двоцифрена предностевет поени предност (45:34).

Македониај во еден дел од решавачката четвртина се доближи на разлика од три поени (69:66), Романците го одбија тој налет и ја забележаа втората победа во овие претквалификации.

Џејкоб Вајли со 19 поени беше најефикасен во нашиот табор, додека Магдевски постигна 13 поени. Кај победникот најдобар беше Стефан Грасу со 20 поени.

Со овој пораз македонските кошаркари на минимум ги сведоа шансите за пласман во квалификациите за Мундијалот во 2007 година во Катар.

На 20 август Македонија ќе ја пречека Унгарија.

Foto/ kfsm.mk

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа8 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа8 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија8 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...

Македонија9 часа

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе...

Македонија10 часа

Уставен оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина...

Култура11 часа

Почина оперската дива Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Во својата...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Топ16 часа

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гаснење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија16 часа

ЦУК: Изгаснати 28, активни три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет17 часа

Комисијата на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ги засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија17 часа

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија17 часа

Пожарот кај Јасен сè уште активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет1 ден

Белата куќа објави детали за средбата Трамп – Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ1 ден

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија1 ден

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет1 ден

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ1 ден

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ1 ден

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион2 дена

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...