Спорт
Барселона зела кредит да исплати плати на фудбалерите
Фудбалскиот гигант Барселона подигнала кредит во висина од 150 милиони долари за да исплати плати на своите фудбалери, тврди весникот „Фајненшел тајмс“.
Фудбалскиот гигант Барселона подигнала кредит во висина од 150 милиони долари за да исплати плати на своите фудбалери, тврди весникот „Фајненшел тајмс“.
Новиот претседател на клубот Сандро Росел, кој пред еден месец го замени Хуан Лапорта, неодамна изјави дека клупската каса е празна и дека Барселона тешко ќе ги отплатува многуте кредити и позајмици што во изминатите седум години ги остави поранешната управа.
„Нашите доверители не мораат да се грижат, бидејќи Барселона е најголемиот клуб на светот. Малку ќе мора да штедиме и да пронајдеме нови извори на финансирање, а кредитот го земавме за навреме да ги исплатиме платите“, рече Росел.
Барселона веќе започна со продавање на фудбалерите како Украинецот Дмитар Чигрински, кого го продаде на матичниот клуб Шахтјор за 15. милиони евра. За Украинецот Барселона лани на Шахтјор му плати 25 милиони евра.
Поради долговите го продадоа и Јаја Туре на Манчестер Сити, за колку-толку да го покријат долгот од 40 милиони евра што ги дадоа за Давид Виља.
Иако директно не кажа, претседателот на Барселона навести дека трансферот на Сеск Фабрегас од Арсенал тешко ќе се реализира бидејќи Барса ги нема потребните 50 милиони. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Данска во дербито ја победи Франција
Во дербито на првото коло од Група 1 од Главната рунда на Европското првенство во ракомет, еден од домаќините, Данска, ја победи Франција со 32:29. .
Поразот од Португалија фрли сомнеж врз можностите на светскиот и олимписки шампион, но, Данска покажа во најтешкиот можен момент, против вечниот соперник Франција, дека не се откажува лесно од амбицијата да ги обедини сите титули.
Французите беа подобриот противник околу 40 минути. Данска сепак во вториот дел успеа да направи пресврт и да поведе со 20:18. „Триколорите“ не се предадоа, туку се издигнаа како феникс од пепелта. Направија серија од 5-1 и поведоа со 23:21. Водеа со 26:24, а потоа повторно Данците, на крилата на одличниот Гидсел и феноменалниот голман Нилсен, направија пресврт и остварија голема победа.
Во победничкиот тим, Гидсел го заврши натпреварот со девет гола, Питлик постигна осум. На другата страна, Мин беше најефикасен со седум гола, а Деска постигна пет гола.
Данска ќе игра против Шпанија за два дена, а Франција против Португалија во второто коло од Група 1 од главната рунда.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Црвена звезда обезбеди место во нокаут фазата во Лига Европа
Foto/ EPA
Фудубалерите на Црвена звезда победија во Малме (1:0), во претпоследното коло, во Лига Европа. Со четвртата последовна победа (интересно сите остварени со резултат 1:0), играчите на српскиот првак обезбедија место во нокаут фазата.
Дуелот на два тима, чии национални првенства се уште не се започнати, во целост им припадна на играчите од Белград.
Покрај голот што го постигна Василије Костов во 16-та минута, имаа уште неколку добри шанси, но не реализираа ниту една. Малме во текот на целиот меч само еднаш сериозно му се закани на голманот Матеус.
Црвена звезда во последното коло влегува со 13 поени и обезбеден пласман во плејофот, а со евентуална победа над Селат во Белград, наредниот четврток, веројатно ќе обезбеди и место во Топ 8.
Резултати:
Болоња – Селтик 2:2 (0:2)
/Далига 58, Роу 72 – Хате 6, Трасти 40/
Бран – Митјиланд 3:3 (1:2)
/Холм 19, Корнвиг пен 68, Солвет пен 90+10 – Ерлиќć 4, 70, Брумадо 31/
Фенербахче – Астон Вила 0:1 (0:1)
/Санчо 25/
Феенорд – Штурм 3:0 (1:0)
/Ватанабе 5, Хаџ Муса 69, Борхес 90/
Фрајбург – Макаби Тел Авив 1:0 (0:0)
/Матановиќ 82/
ПАОК – Бетис 2:0 (0:0)
/Живковиќ 67, Јакумакис пен. 86/
Викторија Пилсен – Порто 1:1 (1:0)
/Черв 6 – Џул 90/
Јанг Бојс – Олимпик Лион 0:1 (0:0)
/Мејтланд Најлс 45+1/
Спорт
Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед објави дека нема да му понуди нов договор на Касемиро. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни оваа година.
Касемиро ќе бара нов клуб, како слободен играч. Во Манчестер Јунајтед тој пристигна во 2022 година, од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра.
Еден од најтрофејните играчи во историјата на модерниот фудбал, кој некогаш беше член на Реал Мадрид во времето кога кралскиот клуб доминираше во Лигата на шампионите, ја потврди својата разделба со англискиот гигант.
„Од моето претставување тука и пристигнувањето на аеродромот, наидов на топол пречек од навивачите. Не само за мене, туку и за целото мое семејство. Уште првиот ден по пристигнувањето на стадионот, тие го скандираа моето име и тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам. Овој клуб многу ми значи. Секогаш ќе го носам овој клуб со мене и ќе бидам навивач на Јунајтед. Во Англија, ќе носам црвено и ќе му останам лојален на Јунајтед до смрт“, рече Касемиро.
Касемиро со Манчестер Јунајтед ги освои ФА Купот и Лига Купот со Јунајтед.
Foto/ EPA

