Спорт
NASA се приклучи на критиките за „џабулани“
Стручњаците на американската вселенска агенција (NASА) се приклучија на многуте критики упатени за официјалната топка на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка
Експертите за аеродинамика од истражувачкиот центар на NASA во Калифорнија ја испитувале топката што ја направи германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ која беше наречена „џабулани“, при што заклучиле дека нејзиниот лет станува непредвидлив при брзини 70 километри на час. Според нив, за тоа е виновна малата маса на топката, односно само 440-те грама колку што тежи ја прават најлесната топка во историјата на Светските фудбалски првенства. Во NASA веруваат дека врз траекторијата на „џабулани“, исто така, влијаат и фактот на географските надморска височина, бидејќи повеќето од стадионите во Јужна Африка се наоѓа на повеќе од илјада метри над морското ниво. Претходно, незадоволство од „џабулани“ изразија многу играчи, вклучувајќи ги и селекторите на Аргентина, Диего Марадона и на Англија, Фабио Капело, како и голманите, Икер Касиљас од Шпаниија, Џанлуиџи Буфон од Италија, Хулио Цезар од Бразил и Клаудио Браво од Чиле, како и многу од голгетерите. Британскиот весник The Daily Mirror, пак, во среда донесува напис за проблемите со „џабулани“ во кој меѓу другото го пренесува и мислењето на поранешниот напаѓач на Ливерпул, Крег Џонстон, кој сега работи како експерт за изработка на фудбалска опрема. „Ако спонзорот дојде во вашата канцеларија пред Светското првенство и рече … Ние имаме нова, совршено тркалезна топката, но таа не им се допадне на фудбалерите, тоа ќе биде поголема грашка од која и да е друга, бидејќи на мундијалот ќе има помалку голови, помалку голови од слободни удари, помалку точни проигрувања и полоша контрола на топката, околу 70 отсто од шутевите од далечина ќе минат покрај голот, што би му одговориле?“, прашува Џонстон. Претставниците на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во неколку наврати изразија поддршка за „џабулани“, но по се погласните и побројни критики, беше соопштено дека ефектот на топката на ова првенство ќе биде проучено во септември годинава. Во јуни, раководството на „Адидас“, која е официјален изработувач на топки за светските фудбалски првенства уште од 1970 г., издаде соопштение за медиумите во кое се наведува дека компанијата од продажбата на спортска опрема поврзана со Светското првенство Јужна Африка 2010 планира годинава да заработи рекордни 1,5 милијарди евра. Од тоа солиден процент доаѓа од продажбата на 20-те милиони фудбали топки, а од нив „Адидас“ соопшти дека оваа година повеќе од 13 милиони од топките на некој начин ги имаат на себе елементите од дизајнот на „џабулани“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А
Фудбалерот на Интер, Николо Барела наскоро ќе потпише нов договор и ќе стане најплатениот италијански играч во Серија А, објавија италијанските медиуми.
Како што пренесува „Газета дело спорт“, Барела ќе има годишна плата од седум милиони евра со одередни бонуси.
Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2026 година, а директорот Пјеро Аусилио пред неколку дена изјави дека 27-годишниот играч од средниот ред најверојатно ќе потпише нов договор пред неговиот тимски колега Лаутаро Мартинез.
„Газета дело спорт“, наведе дека Барела ќе го потпише договор до јуни 2029 година.
Моментално има плата од пет милиони евра годишно, според новиот договор ќе добива 6,5 милиони, но лесно ќе ги исполни бонусите и ќе достигне сумата од седум милиони евра годишно.
Според информациите, најплатен италијански фудбалер во Серија А е Алесандро Бастони од Интер, кој моментално има 5,5 милиони евра по сезона, додека фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза има годишна плата од пет милиони евра.
Спорт
Тим потврди дека ја завршува кариерата
Австрискиот тенисер Доминик Тим потврди дека на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата.
Победникот на Ju-es open во 2020 година најверојатно кариерата ќе ја заврши во Виена, на турнирот што ќе се одржи од 21 до 27 октомври.
„Можам да потврдам дека оваа сезона ќе ми биде последна во кариерата. Од повеќе причини ја донесов оваа одлука. Мојот зглоб не е добар, не е во состојба каква што сакам да биде, втората причина е мото внатрешно чувство. Долго време размислував за ова, за целиот мое патување во тенисот кое беше неверојатно. Бев успешен и освојував трофеи.“
Тим е далеку од светскиот врв веќе три и пол години, а се започна веднаш по освојувањето на првиот и единствен Грен слем.
Почнаа проблемите со мотивацијата и психата, а заедно со тоа дојдоа и повредите, пред се на зглобот.
Никогаш не успеа да се врати на претходното ниво, а моментално се наоѓа на само 117. место на АТП листата.
OFFICIAL: Dominic Thiem announces his retirement at the end of the season.
Very emotional video.
"I'm gonna finish my career at the end of this season (…) My wrist is not at the way it should be and how I want it. I was thinking about this decision for a very long time" pic.twitter.com/qAyuNkOm9A
— José Morgado (@josemorgado) May 10, 2024
Спорт
Роналдо го поврзуваат со трансфер во европската сензација
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо би можел да се врати во Европа, пренесуваат саудиските медиуми.
Роналдо пристигна во Саудиска Арабија, во Ал Наср на почетокот на 2023 година.
Според информациите, Баер Леверкузен на чело со Чаби Алонсо е заинтересиран за Кристијано.
Стратегот на „фармацевтот“ е добар пријател со Роналдо, кој со години му беше соиграч во Реал Мадрид.
Роналдо е главната ѕвезда во Арабија, па вистинското прашање е дали има желба повторно да се докаже на највисоко ниво на 39 години.
Оваа сезона има учинок од 42 гола на 41 натпревар.
Во текот на кариерата играше за Спортинг, Манчестер унајтед,Реал Мадрид и Јувентус.
Пет пати ја освојуваше „Златната топка“.