Контакт

Спорт

Чиле и САД светски екипни јуниорски прваци

Објавено пред

Простерјов, Чешка.10.08.2010(Макфакс) Јуниорите на Чиле и јуниорките на САД се светски прваци, откако победија на првенството одржано во Чешка.

dobivaj vesti na viber

Простерјов, Чешка.10.08.2010(Макфакс) Јуниорите на Чиле и јуниорките на САД се светски прваци, откако победија на првенството одржано во Чешка. Чиле петти носител во финалето ја совлада Италија (3) со 2:1. Кристијан Гарин го победи Филипо Балди со 6:2, 7:6, Бастијан Мала загуби од Џанлуиџи Квинзи со 4:6, 5:7, а двојката Гарин/Мала (Чиле) со 6:1, 6:3 ја совлада италијанската комбинација Квинзи/Балди. Во мечот за трето место Русија (8) во состав Попко и Медведев ја совладаа Британија (7) за која играа Ешли и Сапко со 2:0. Во женска конкуренција САД (1) во финалето ја победи Украина (5) со 2:1, а девојките од Австралија кои не беа рангирани во мечот за 3 место ја победија Колумбија со 2:1 .крај/ап/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Мбапе гласа за Дембеле: Јас лично би му ја врачи Златната топка

Објавено пред

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златаната топка, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз.

dobivaj vesti na viber

За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал.

Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе.

„Усман ја заслужува (Златната топка), го поддржував од самиот почеток. Ако ме прашаше, јас лично би му ја однел дома“, изјави тој Мбапе за „Телефут“.

Прикажи повеќе...

Спорт

ФИБА ги објави термините за четвртфиналните пресметки

Објавено пред

ФИБА ги објави четвртфиналните натпревари на Евробаскетот, натпреварите ќе се играат во вторник и среда.

dobivaj vesti na viber

За разлика од натпреварите од осминафиналето, кои се играа во 11:15, 14:15, 17:30 и 20:45 часот, четвртфиналните мечеви ќе се играат во различни термини.

Ќе се игра од 16:00 до 20:00 часот, по македонско време.

Во вторник, Турците, предводени од Алперен Шенгун, и Полјаците, кои ја елиминираа селекцијата на БиХ, ќе бидат првите што ќе излезат на теренот.

А во ударниот термин од првиот ден, ќе играат Литванците, кои го елиминираа домаќинот Латвија, и Грците, кои славеа над Израел на крилата на Јанис Адетокумбо.

Во среда, првиот дуел е судир меѓу неочекуваните четвртфиналисти, Финците и Грузијците, двете најголеми изненадувања на турнирот кои ги елиминираа фаворизираните Србија и Франција.

Последниот натпревар од четвртфиналето ќе го играат светските шампиони, Германците и Словенците, кои сите надежи ги полагаат на неверојатниот Лука Дончиќ.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Алкараз ја започна 37-та недела на врвот, Ѓоковиќ „скокна“ три места

Објавено пред

Карлос Алкараз го освои Ју-ес опен и по една година се врати на челната позиција на АТП листата. На најновата листа има неколку промени во Топ 10, Новак Ѓоковиќ скокна три позиции и сега е на четвртото место.

dobivaj vesti na viber

Алкараз ја започна 37-та недела од својата кариера како водечки играч во светот, а до тој статус стигна преку едно од најсложените ждрепки на турнирот.

Неговиот пат до пехарот беше речиси беспрекорен – тој загуби само три брејка во текот на целиот турнир, подвиг што само Пит Сампрас успеа да го достигне во модерната ера.

Со овој триумф, Алкарас дојде до 11.540 поени, со што јасно ја потврди својата лидерска позиција.

На второто место е Италијанецот Јаник Синер со 10.780 поени, додека Александар Зверев остана на третото место со 5.930.

Новак Ѓоковиќ направи значаен скок и сега е четврти со 4.830 поени – тој се искачи за три места во споредба со претходниот пласман.

Тејлор Фриц (4.675), Бен Шелтон (4.280), Џек Дрејпер (3.690), Алекс де Мајнор (3.545), Лоренцо Мусети (3.505) и Карен Хачанов (3.280) ја комплетираат десетката најдобри тенисери во светот.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија2 часа

Три активни пожари во државата, еден под контрола, а 27 се изгаснати

Во последното денонноќие, до 07:00 часот утрово, на територијата на Р.С. Македонија имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Свет3 часа

(Видео) Трамп прашан дали ќе нареди напади врз Венецуела: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде интересен одговор кога беше прашан дали би наредил воени напади врз Венецуела. „Па, ќе...

Македонија3 часа

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија3 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет13 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија17 часа

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ19 часа

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија21 час

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет23 часа

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет24 часа

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија1 ден

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет1 ден

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија1 ден

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија1 ден

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет1 ден

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија1 ден

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија2 дена

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје2 дена

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...