Спорт
Пипен и поштарот Мелоун во петок влегуваат во Куќата на славните
Во петок на 13. август Куќата на славните кошаркари во Спрингфилд ќе добие нови жители. Во неа ќе се вселат Скоти Пипен, „поштарот“ Карл Мелоун…
Во петок на 13. август Куќата на славните кошаркари во Спрингфилд ќе добие нови жители. Во неа ќе се вселат Скоти Пипен, „поштарот“ Карл Мелоун, Џералд Хаген, Синтија Лин Купер и Олимписката кошаркарска репрезентација на САД од 1992 година позната како „Дрим тим“ . Пипен заедно со Мајкл Џордан освои шест прстени со Чикаго Булс и беше седумкратен Ол стар играч. Токму Џордан кој од минатата година доби свое место во куќата на славните според обичајот ќе го воведе Скоти Пипен во неа. Карл Мелоун е втор стрелец на НБА на сите времиња со 36.928 кошеви, а него ќе го воведе Вилис Рид. Џералд Хаген, познат како Џери Бас беше сопственик на ЛА Лејкерс од 1979 година кога го купи за тогаш неверојатни 67 милиони долари, па се до 2006 година. За времето на Џери Бас, Биковите ги постигнаа најголемите успеси во НБА. Синтија Лин Купер – Дјук важи за една од најславните американски кошаркарки. Со својата екипа беше првак на САД во колеџ кошарката НЦАА, па со американската селекција победник на Олимписки игри 1988 година во Сеул и со Хјустон Кометс четири пати го освои прстенот на ВНБА а на два пати беше избрана за МВП (најкорисен играч). Кошаркарската репрезентација на САД од 1992 година освојувач на златниот медал на ОИ во Барселона, исто така влегува како екипа во куќата на славните. Во Дрим тимот или тимот на соништата играа Дејвид Робинсон, Патрик Јуинг, Лери Брд, Скоти Пипен, Мајкл Џордан, Клајд Дрекслер, Карл Мелоун, Џон Стоктон, Крис Малин, Чарлс Баркли, Ирвин Меџик Џонсон Јр. и Кристијан Лајтнер. .крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.