Спорт
Од првите девет носителки само Клијстерс остана

Јелена Јанковиќ е „заслужна„ за најголемото изненадување на Отвореното првенство на Синсинати, откако во третото коло загуби од квалификантката и тениски анонимус Узбекистанката Акгул Аманмурадова со 6:7 (2), 4:6.
Јелена Јанковиќ е „заслужна„ за најголемото изненадување на Отвореното првенство на Синсинати, откако во третото коло загуби од квалификантката и тениски анонимус Узбекистанката Акгул Аманмурадова со 6:7 (2), 4:6. Узбекистанката отсервира 12 асови, без ниту една двојна сервис грешка и заслужено оди во четвртинафиналето. Само неколку минути претходно и третиот носител Каролин Возниацки загуби од Марион Бартоли од Франција со 6:4, 6:1. Шестата носителка Вера Звонарева загуби од Флавиа Пенета со 4:6, 3:6, а седмата носителка Агњешка Радванска е елиминирана од Марија Шарапова со 2:6, 3:6. И осмата носителка На Ли во три сета загуби од Јанина Викмајер (6:2, 2:6, 6:7). Шахар Пер е совладана од Павличенкова (7:5, 4:6, 4:6). Клијстерс (7) ја победи Кристина Мек Хејл во два сета со по 6:1, а Ана Ивановиќ ја растури Елена Веснина со 6:0, 6:3. Со тоа од првите девет носителки само Ким Клијстерс дотурка до четвртинафиналето, а од вкупно 16 носителки во игра останаа пет, на 2 милиони долари вредниот турнир. .крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алкараз го „збриша“ Шаповалов за осминафинале во Париз

Светскиот рекет број 1 и прв носител, Карлос Алкараз покажа дека е прв фаворит за титулата од Ролан Гарос, откако во ноќниот меч на францускиот гренд слем со 6:1/6:4/6:2 го декласираше Канаѓанецот Денис Шаповалов.
Шампионот од САД опен, Алкараз во следното коло ќе се судри со Италијанецот Лоренцо Мусети, светскиот рекет број 18, кој во исто толку доминантен меч со 6:1/6:2/6:4 беше подобар од Британецот Камерон Нори.
Алкараз започна фантастично, правејќи предност од 5:0 во првиот сет и освојувајќи го само 32 минути. Потоа во вториот сет, Шаповалов се врати во ритам и поведе со 0:2 и со 2:4, но потоа неговата игра се „сруши“ и противникот лесно стигна до 2:0 предност во сетови. Во третиот сет, два брејка му беа доволни за победа.
Еден од неговите најголеми конкуренти за титулата, петтиот носител, Гркот Стефанос Циципас покажа импресивна форма во 6:2/6:2/6:3 победа над Аргентинецот Диего Шварцман.
Спорт
Серхио Рамос си заминува од Пари Сен-Жермен

Шпанскиот ветеран Серхио Рамос потврди дека си заминува од Пари Сен-Жермен на крајот на сезоната, откако францускиот шампион не му понуди обновување на договорот.
Рамос пристигна на „Паркот на принцовите“ од Реал Мадрид пред две години, откако „кралевите“ не му понудија продолжување на договорот и имаше две неимпресивни сезони во француската Лига 1.
Ова беше посебно изразено во првата сезона, во која имаше минимален број на настапи поради серијата повреди.
#MerciRamos 🔴🔵 pic.twitter.com/nqcTWYWp4F
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 2, 2023
Спорт
Рајс отворен за трансфер во Баерн по „позитивните“ преговори

Капитенот на Вест хем, Деклан Рајс е подготвен да ги одбие понудите на Арсенал и Манчестер јунајтед и својата кариера да ја продолжи во Германија, поточно во Баерн Минхен, јавува „Скај спортс“.
Се очекува „чеканите“ ова лето да се согласат на трансфер на нивниот најдобар фудбалер, и според „Скај“ имал позитивни преговори со германскиот шампион во Лондон и е согласен на преселба доколку двата клуба се согласат.
Вест хем постојано тврдеа дека неговиот трансфер нема да може да биде под 100 милиони евра, и останува да се види дали Баварците ќе се согласат на оваа сума.
❗️News #Rice: The meeting with him in London was positive! Rice has given the feeling that he can well imagine a move to Bayern!
➡️ Bosses have discussed him in the last days again
➡️ Bayern want to prepare an official offer as their next step
➡️ Tuchel main driver.… pic.twitter.com/ys7bRl76D9— Florian Plettenberg (@Plettigoal) June 2, 2023