Спорт
Македонија не знае да игра чардаш

Пораз на кошаркарската репрезентација на Македонија на квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП. Во Сонлок, аутсајдерот Унгарија ја совлада Македонија со 85:82 (13:25, 27:10, 16:10, 25:31).
Пораз на кошаркарската репрезентација на Македонија на квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП. Во Сонлок, аутсајдерот Унгарија ја совлада Македонија со 85:82 (13:25, 27:10, 16:10, 25:31). Поразот од отпишаните унгарци на „црвено-жолтата“ чета и ги намали шансите за пласман на евро собирот следната година во Литванија. Почетокот на натпреварот најави лесна победа на Македонија.Избраниците на Марин Докузовски играа течно во нападот, погодуваа од сите позиции, а унгарците не можеа да го најдат патот до нашиот кош. Капитенот Антиќ во првата четвртина беше најекспониран со 11 постигнати поени. Работите целосно се сменија во вториот период, Унгарија започна да игра многу поагресивно во одбраната, проработе шутот од далечина на домашната репрезентација. Втората четвртина заврши со резултат 27:10.На самиот почеток од оваа четвртина со повреда на носот се здоби Тодор Гечевски, кој до крајот на натпреварот не се врати на паркетот. Предноста создадена во првиот дел, Унгарија во третата четвртина ја зголеми на максимални 15 поени. До крајот Македонија се обидуваше, но не успеа да го стигне противникот. Македонските кошаркари го имаа и последниот напад за израмнување, но од тешка позиција Антиќ не го погоди кошот на противникот.Во поразот брилијантен натпревар одигра Лестер Бо Мекејлеб кој постигна 35 поени, со 22 коша го следеше Перо Антиќ. Унгарците имаа повеќе расположени кошаркари, дури петмина постигнаа двоцифрен број на поени: Ханга 21, Хорват и Лоран по 19, Фодор 15 и Келер 10. Следниот натпревар на кој нема право на грешка, Македонија ќе го одигра во понеделник во Скопје, противник ќе биде Велика Британија, предводена од НБА ѕвездата Луол Денг. крај/макфакс/н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок пред Евробаскет: Џанан Муса опериран

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена.
ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет.
Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, Италија, Грузија, Шпанија и Грција.
Спорт
Седуммина осомничени за местење на натпреварот Кожуф – Башкими, едно лице уапсено

Седум лица се соочуваат со кривични пријави поради местење на натпреварот помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај годинава во Гевгелија. Според МВР, едно од нив е приведено.
Меѓу пријавените се претседателот на ФК „Башкими“ Б.Х., спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ., тренерот С.Г., тројца фудбалери од „Кожуф“ и еден играч од „Башкими“.
Според истрагата, претседателот на „Башкими“ наводно му дал 10.000 евра на спортскиот директор на „Кожуф“ за да влијае врз исходот на натпреварот. Потоа, преку тренерот, било договорено тројца играчи на гевгелискиот тим да не се вложат целосно во играта. Натпреварот завршил со 1:2 за „Башкими“, што му овозможило на клубот од Куманово да игра бараж за влез во Првата лига.
Спорт
Јунајтед се откажа, Донарума се поблиску до Сити

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити.
Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике.
Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката.
Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него.
Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна и воопшто не пријатна разделба со Милан, клубот каде што ја започна кариерата на наполни 17 години. Тој го бранеше голот на ПСЖ на 107 натпревари и се смета за еден од најзаслужните за титулата европски шампион освоена оваа година.
Фото/ Принтскрин