Спорт
Победа против Ерменија единствена опција за фудбалската репрезентација
Фудбалската репрезентација на Македонија, утре ќе го одигра вториот квалификациски натпревар за пласман на ЕП во 2012 година.
Фудбалската репрезентација на Македонија, утре ќе го одигра вториот квалификациски натпревар за пласман на ЕП во 2012 година.
Противник на „црвено-жолтите“, на арената „Филип Втори“ ќе биде репрезентацијата на Ерменија. По тој повод, селекторот Мирсад Јонуз, капитенот Горан Пандев и дефанзивецот Николче Новевски одржаа прес конференција.
„Направивме анализа на натпреварот со Словачка, кој незаслужено го загубивме, сега со мислите сме насочени кон утрешниот дуел со Ерменија. Станува збор за неатрактивен, но многу незгоден противник. Со мирна, трпелива и дисциплинирана игра ќе се обидеме да ги освоиме бодовите“, рече селекторот Јонуз.
За утрешниот натпревар со Ерменија, Јонуз најави промена во тактичката поставеност на играчите и тројца нови фудбалери во стартниот состав. Репрезентацијата ќе игра во формација 4-3-3, а сигурно е дека Александар Тодоровски ќе добие шанса да заигра на местото на суспендираниот Шиков.
Селекторот посакува отворање на резултатот во раната фаза од натпреварот, рецептот за успех треба да биде играта по бочните позиции.
„Ерменија е незгоден противник, поголемиот дел од играчите долго време играат заедно. Многу работат на теренот, очекувам својата шанса да ја бараат во контранападите. Ниски се по раст и ние ќе мора да ја искористиме нашата височина. Во нападот ќе играме со тројца офанзивни играчи, но ќе мора бековите со своите уфрлања од последната линија да ја отворат одбраната на Ерменија“, истакна Јонуз.
Предводникот на репрезентацијата, поради црвениот картон кој го доби на дуелот со Словачка, мечот со ерменците ќе го следи од трибините. Репрезентацијата од клупата ќе ја предводи помошникот на Јонуз, Влатко Костов.
Со констатациите на селекторот се согласува и капитенот Горан Пандев. Напаѓачот на Интер предупредува, дека по поразот од Словачка психолошкиот товар врз нашите репрезентативци сега е многу поголем.
„Нема да биде лесен натпревар, бидејќи во модерниот фудбал нема слаби противници. По случајниот пораз од Словачка, психолошкиот притисок врз нас сега е многу поголем. Ние немаме друг избор, едноставно мора да победиме“, вели Пандев.
Репрезентацијата на Ерменија веќе допатува во Скопје, вечерва од 19 часот тие ќе го одржат единствениот тренинг пред утрешниот натпревар, Македонија вечерва ќе тренира од 20:30 часот.
Утрешниот натпревар, Македонија-Ерменија, во рамките на квалификациите за пласман на Еуро 2012 ќе започне во 20 часот.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот: Поредата на Вирц е удар за него и за клубот
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, пред натпреварот со Вест Хем изјави дека десниот бек Џереми Фримпонг е подготвен да се врати на теренот по едномесечна пауза, но дека натпреварот ќе го пропушти Флоријан Вирц.
Шампионот на Англија ги пречекува „Чеканите“ во натпреварот од 28-то коло од Премиер лигата, кој ќе се игра на „Енфилд“ попладнево од 16 часот.
Фримпонг, последниот натпревар го одигра на против Карабаг на 28 јануари.
„Џереми ќе биде во конкуренција за Вест Хем. Тој тренираше со нас неколку пати оваа недела и ќе биде во ростерот. Не очекувам Флоријан да биде во тимот, што секако е разочарување“, рече Слот, додавајќи:
„Секој пат кога некој играч не е достапен, тоа е разочарување, а ова е нешто што не го очекував по минатата недела. Сепак, понекогаш работите се развиваат на таков начин и, за жал, овој пат не на позитивен начин.“
Тренерот на Ливерпул нагласи дека не е јасно кога точно репрезентативецот на Германија би можел повторно да игра.
Фото/ depositphotos
Спорт
Започна сезоната во Мото ГП – Спринтот во Тајланд му припадна на Акоста
Возачот на КТМ рејсинг, Педро Акоста, ја забележа првата победа во кариерата, откако славеше во спринтот за Големата награда на Тајланд, со кој започна годинашниот шампионат во Мото ГП.
Шпанецот триумфираше по неверојатна битка со актуелниот шампион, Марк Маркез што траеше неколку круга. Актуелниот шампион беше подобар во нивниот дуел, но во моментот кога успеа да го мине ривалот, имаше контакт меѓу нив двајца, поради што му беше наредено да ја врати позицијата, што и го направи, а потоа немаше шанса да возврати.
На двајцата на подиумот им се придружи Раул Фернандес од Тракхаус, а трката беше обележана и со падот на освојувачот на пол-позицијата, Марко Бецеки.
Извиредниот спринт за Трехаус ја комплетира Аи Огура. јапонецот трката ја заврши на четвртото место, беше подобра од шампионот од пред две сезони, Хорхе Мартин на Априлија.
Големата награда на Тајланд во кралската класа започнува во недела во 9 часот наутро, а акцијата во Бурирам започнува во 6 часот наутро со првата трка во сезоната во категоријата Мото3.
Спорт
Чоло Симеоне сака да го види синот на Дејан Станковиќ во Атлетико
Александар Станковиќ е еден од најбараните млади фудбалери во Европа, по Борусија Дортмунд, интерес за српскиот играч од средниот ред покажа и Атлетико Мадрид.
Како што стојат работите сега, Клуб Бриж би можел да заработи огромна сума пари од продажбата на 20-годишниот фудбалер кого го доведоа од Интер на почетокот на сезоната за 9,5 милиони евра.
Нероаѕурите имаат клаузула што им овозможува да го откупат назад својот поранешен играч, се шпекулира дека цента за Интер е околу 23 милиони евра, но цената на Станковиќ постојано расте и веќе достигна 40 милиони евра.
Шпанското радио „Марка“, објави дека тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, побарал од спортскиот директор, Матеу Алемани, да почне да работи на трансферот на Станковиќ.
Тренерот на Алетико, во кариерата беше соиграч со таткото на Александар Станковиќ во Лацио. Квалитетите на синот на актуелниот тренер на Црвена звезда, Аргентинецот можеше да ги види неодамна кога Атлетико и Бриж играа во плејофот од Лигата на шампионите.
Александар Станковиќ постигна седум гола и пет асистенции на 41 натпревар за Бриж оваа сезона.
Минатата година против Латвија тој го имаше дебито во репрезентацијата на Србија.

