Спорт
Победа против Ерменија е единствена опција

Фудбалската репрезентација на Македонија, утре ќе го одигра вториот квалификациски натпревар за пласман на ЕП во 2012 г.
Противник на „црвено-жолтите“, на арената „Филип Втори“ ќе биде репрезентацијата на Ерменија. По тој повод, селекторот Мирсад Јонуз, капитенот Горан Пандев и дефанзивецот Николче Новевски одржаа прес конференција.„Направивме анализа на натпреварот со Словачка, кој незаслужено го загубивме, сега со мислите сме насочени кон утрешниот дуел со Ерменија. Станува збор за неатрактивен, но многу незгоден противник. Со мирна, трпелива и дисциплинирана игра ќе се обидеме да ги освоиме бодовите“, рече селекторот Јонуз.За утрешниот натпревар со Ерменија, Јонуз најави промена во тактичката поставеност на играчите и тројца нови фудбалери во стартниот состав. Репрезентацијата ќе игра во формација 4-3-3, а сигурно е дека Александар Тодоровски ќе добие шанса да заигра на местото на суспендираниот Шиков.Селекторот посакува отворање на резултатот во раната фаза од натпреварот, рецептот за успех треба да биде играта по бочните позиции.„Ерменија е незгоден противник, поголемиот дел од играчите долго време играат заедно. Многу работат на теренот, очекувам својата шанса да ја бараат во контранападите. Ниски се по раст и ние ќе мора да ја искористиме нашата височина. Во нападот ќе играме со тројца офанзивни играчи, но ќе мора бековите со своите уфрлања од последната линија да ја отворат одбраната на Ерменија“, истакна Јонуз.Предводникот на репрезентацијата, поради црвениот картон кој го доби на дуелот со Словачка, мечот со ерменците ќе го следи од трибините. Репрезентацијата од клупата ќе ја предводи помошникот на Јонуз, Влатко Костов.Со констатациите на селекторот се согласува и капитенот Горан Пандев. Напаѓачот на Интер предупредува, дека по поразот од Словачка психолошкиот товар врз нашите репрезентативци сега е многу поголем.„Нема да биде лесен натпревар, бидејќи во модерниот фудбал нема слаби противници. По случајниот пораз од Словачка, психолошкиот притисок врз нас сега е многу поголем. Ние немаме друг избор, едноставно мора да победиме“, вели Пандев.Репрезентацијата на Ерменија веќе допатува во Скопје, вечерва од 19 часот тие ќе го одржат единствениот тренинг пред утрешниот натпревар, Македонија вечерва ќе тренира од 20:30 часот.Утрешниот натпревар, Македонија-Ерменија, во рамките на квалификациите за пласман на Еуро 2012 ќе започне во 20 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трагичната судбина на Диого Жота: Докторот му рекол да не патува со авион

„Диого Жота патувал со автомобил со својот брат бидејќи му било советувано да не користи авион по операцијата на белите дробови што ја имал“, објавија медиумите во Португалија и Англија.
„Диого и неговиот брат Андре планирале да отпловат за Англија, па поради тоа се упатиле кон Стандандер, а потоа, откако преноќиле, се упатиле кон Бенавенте, каде што требало да се качат на траект за Англија“, објави CNN.
Жота претрпел тешка повреда на ребрата во текот на сезоната и ја искористил паузата помеѓу двете првенства не само за одмор и венчавка, туку и за рутинска операција на белодробно крило кое било малку оштетено од ударот.
Затоа, според португалските медиуми, му било советувано да не користи воздушен транспорт поради разликата во притисокот и можните компликации.
Диого и Андре поради тоа тргнале на пат со автомобил, а набргу потоа се случила трагична несреќа во која двајцата ги загубиле животите.
Гума експлодирала на нивниот автомобил додека престигнувале на патот, ја изгубиле контролата врз возилото кое се превртело и се запалило.
Спортскиот свет се уште е во шок по трагичната вест од Шпанија.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Иванишевиќ шокиран од состојбата на Циципас: „Не сум видел понеподготвен играч“

Патувањето на страдањето на Циципас продолжи со неговата елиминација во првото коло на Вимблдон.
Во интервју за „Спортклуб“ во Лондон, Иванишевиќ проговори за соработката со Гркот, за доблестите и недостатоците во играта на неговиот ученик, кој, како што вели, итно треба да реши одредени проблеми што ги има надвор од теренот.
„Едноставно е и не е едноставно. Разговарав со него многу пати. Ако успее да реши некои работи надвор од тенисот, ќе има шанса и ќе се врати таму каде што му е местото, бидејќи е премногу добар играч за да биде надвор од првите десет. Ако не успее тоа, нема шанси. Моја одговорност е да му поправам некои технички детали на теренот, тоа е најлесниот дел, но тој мора самиот да го реши второто. Ако успее, искрено сакам да успее, без разлика дали сум таму или не“, рече Иванишевиќ.
Во првото коло, Циципас загуби од Валентин Ројер, на кого му се предаде по два сета.
„Тој има желба, но не прави ништо. Сè е „ќе биде, ќе биде“, но не гледам никаков напредок. Ако сака да успее, мора да го реши проблемот со грбот. Бев шокиран, никогаш во животот не сум видел играч физички понеподготвен. Јас, со моето колено, сум барем три пати поподготвен од него. Не знам што правеше цела година, но ова е многу лошо“, додаде Горан.
Спорт
Шпански тинејџер е најскапиот играч во историјата на Комо

Шпанскиот крилен играч Хесус Родригез потпиша за Комо до 2030 година во трансфер вреден 22 милиони евра. Родригез стана најскапиот играч во историјата на клубот.
Рекордот што претходно го држеше Мартин Батурина брзо беше срушен. Пред една недела Батурина дојде во Комо од Динамо Загреб за 18 милиони евра.
Хесус Родригез ќе наполни 20 години во ноември, а минатата сезона постигна пет гола на 44 натпревари за Бетис.
Момчето родено во Севилја често се споредува со легендата на клубот, познатиот Хоакин, во однос на неговиот стил на игра.
Foto/ EPA