Спорт
Цела некогашна СФРЈ ќе игра на ЕП во Литванија
Сите шест некогашни републики на Југославија ќе бидат застапени со репрезентации на Европското првенство во Литванија идната година.
Сите шест некогашни републики на Југославија ќе бидат застапени со репрезентации на Европското првенство во Литванија идната година.Србија, Хрватска и Словенија се директни учесници на еврошампионатот. Македонија и Црна Гора ова право го изборија на квалификациите кои се одржаа минатите недели. Единствено на квалификациите извиси Босна и Херцеговина која што беше во нашата група и го зазеде четвртото место.Сепак со промената на бројот на учесници од 16 на 24 се отвори простор и за БиХ, па така комплетна некогашна Југославија ќе биде застапена на ЕП со шест селекции. Нешто слично се случи на ЕП 1999 година во Франција, кога имаше пет репрезентации, но и тогаш учествуваа играчи од сите Ју републики, бидејки Црна Гора и Србија настапија под името СР Југославија.Тоа е само уште еден индикатор каква кошарка се играла на овие простори. Друга страна на медалот е што проширувањето на ЕП за осум учесници две години порано и по завршувањето на квалификациските турнири повлекува прашање за оправданоста на скапиот квалификациски циклус, во кој репрезентациите патуваа секои три дена илјадници километри, ангажирајќи и скапи натурализирани играчи. крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид
Тенисерката број еден во светот Ига Швјонтек ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Таа во финалето ја победи Арина Сабаленка во три сета. За Швјонтек ова е 20-та титула во кариерата, а прва во Мадрид.
Резултатот по три часа и 14 минути борба беше 5:7, 6:4, 7:6 (9:7).
Спектакуларниот меч на двете најдобри во светот, кулминација доживеа во тај-брејкот во третиот сет кој Швјонтек го доби со 9:7.
Спорт
(Видео) Барди погоди од слободен удар
Енис Барди постигна гол за Трабзон, но неговиот клуб доживеа пораз од Самсин 3:1.
Капитенот на македонската репрезентација, во 32.минута погоди од слободен удар, ја намали предноста на 2:1, но само четири минути подцна Фернандес со авто-гол го постави конечниот резултат.
На три кола до крајот на сезоната, Трабзон се наоѓа на третото место со 58 бода, четири повеќе од Бешикташ. Доколку остане на третото место, Трабзон наредната сезона ќе се натпреварува во Лига Европа.
👌🏻👌🏻👌🏻 Trabzonspor 🔥Enis Bardhi pic.twitter.com/hnuPvPkxks
— 61post (@61post) May 4, 2024
Спорт
Тежок пораз на МЗТ од Спартак во Суботица
Македонскиот шампион МЗТ Скопје и наредната сезона ќе се натпреварува во Втората АБА лига. МЗТ, вечерва доѓивеа убедлив пораз на гостувањето кај најдобриот тим во регуларниот дел од сеозната, Спартак Суботица.
МЗТ имаше мали шанси да го изненади фаворизираниот противник, кој во Скопје победи со пет поени разлика. Но ниту најголемите песимисти не очекуваа дека македонскиот шампион ќе доживее тежок пораз.
Спартак сите дилеми, ако воопшто и ги имаше, ги реши во првото полувреме. Екипата од Суботица реализираше 80 отсто од шутевите за три поени во првиот дел (8/10) и на пауза замина со резултат 57:32.
Вториот дел беше само одработување на започнатото за Спартак кој славеше со 98:64.
Спартак за место во АБА лигата ќе се бори со Војводина.