Контакт

Спорт

Кро Кап против Френк Мир на 25 септември

Објавено пред

Мирко Филиповиќ попознат како Кро кап на залез на својата кариера во ултимејт фајтинг ќе ја има во сабота можеби најтешката борба досега, против двократниот УФЦ шампион Френк Мир.

Мирко Филиповиќ попознат како Кро кап на залез на својата кариера во ултимејт фајтинг ќе ја има во сабота можеби најтешката борба досега, против двократниот УФЦ шампион Френк Мир. Мирко не е во онаа форма во која беше во своите најдобри денови, и во последните борби повеќе пати рингот го напушта како поразен отколку со крената глава. Но Кро кап е еден и сеуште важи за голем нокаутер. Тоа го признава и Френк Мир кој пред мечот изјави дека доволен е еден момент на невнимание за Филиповиќ да го испрати во царството на соништата. Затоа Мир со полна доза внимание влегува во мечот со познатиот хрватски борец. Во истата вечер подеднакво внимание привлекува борбата помеѓу Бразилецот Антонио Рожерио Ногуеира од Бразил и момчето кое се пробива во УФЦ Рајан Бадер, непоразен во 11 борби во ММА и четири во УФЦ. крај/ап/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Шевченко: Корона вирусот ме потсетува на Чернобил!

Објавено пред

Легендата на украинскиот фудбалер и нивни актуелен селектор, Андриј Шевченко вели дека ситуацијата со КОВИД-19 вирусот го потсетува на нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година.

Шевченко, кој е во само-изолација во Англија, каде што живее, исто така ги нарече здравствените работници „вистински херои на нашето време“. Поранешниот фудбалер на Милан и Челси мораше да се иссели од својот дом во Киев на  9 години по нуклеарната катастрофа во Припјат во 1986 година.

„Сега сум во близина на Лондон, живеам во предградијата и сум во само-изолација веќе десет дена. Го преживуваме овој тежок момент со надеж дека работите ќе бидат подобри. Единствено што можеме да правиме е да ги следиме препораките, да останеме дома и да им дадеме шанса на лекарите и на хероите од нашето време да ја завршат работата. Јас преживеав слична ситуација кога имав девет години и се случи Чернобил. Не смееме да правиме глупави работи и да мислиме само на себеси“, вели Шевченко во интервју за „Скај спорт Италија“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Сопственикот на Њујорк никс е позитивен на корона вирусот

Објавено пред

Џејмс Долан, сопственикот на НБА тимот Њујорк никс и на НХЛ тимот Њујорк ренџерс, има позитивен тест на корона вирусот, потврдија од клубот.

„Тој е во самоизолација и нема симптоми и продолжува да ги надгледува бизнис-операциите на тимот“, се вели во објавата на Никси.

НБА и НХЛ сезоната ги суспендираа сезоните во март поради корона вирусот, а градот Њујорк е еден од жариштата на кризата. Повеќе НБА играчи исто така имаа позитивни тестови, вклучувајќи ги Кевин Дурант од Бруклин нетс и Маркус Смарт од Бостон селтикс.

Прикажи повеќе...

Спорт

Роналдо покрај мајка му: Чувајте го семејството и саканите

Објавено пред

Кристијано Роналдо сподели одлична семејна фотографија со неговата мајка, откако таа беше пуштена од болница оваа недела по мозочниот удар.

Долорес Авеиро беше пуштена од болница минатата сабота речиси две недели откако доби мозочен удар, а Португалецот доби дозвола од Јувентус да се врати дом на Мадеира. Авеиро постираше фотографија на социјалните мрежи, а Роналдо во саботата навечер не го криеше задоволството што неговата мајка е покрај него.

„Се чувствувам многу благодарен што мојата мајка е пуштена од болница и сега се опоравува дома. Чувајте го семејството и саканите“, напиша Роналдо покрај фотографијата на која е со своите сестри Елма и Катја Авеиро.

Долорес Авеиро заврши во болница на 3 март по мозочниот удар предизвикан од тромб.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет2 часа

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет2 часа

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија14 часа

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа14 часа

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија17 часа

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија21 час

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија22 часа

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет22 часа

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Европа23 часа

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува...

Македонија24 часа

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија1 ден

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Економија1 ден

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од НБРМ. „Во повеќе наврати истакнавме дека...

Македонија1 ден

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе...

Македонија1 ден

Забрана за движење за викенд за сите граѓани од 16 до 5 часот

Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија1 ден

Од скопските општини најмногу заболени има во Карпош

Во Скопје најголем број заболени со коронавирус се пријавени во десет општини, од кои најмногу во  Карпош – 27, потоа...

Македонија2 дена

И официјално станавме 30-та членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Денеска, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон...

Македонија2 дена

Седум пациенти на Клиниката за инфективни болести се во потешка состојба

Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти...

Македонија2 дена

Симптоми на коронавирус забележани кај вработен на Кардиологија

Вработен на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на коронавирус, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Вработениот немал...

Македонија2 дена

Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација – Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сè уште течат и...

Досие