Спорт
Тотенхем се интересира за Бојан Кркиќ

Според англиските медиуми, Тотенхем се поврзува позајмица на младиот напаѓач на Барселона, Бојан Кркиќ.
Бојан Кркиќ не е во плановите на Пеп Гвардиола за стартниот тим на Барселона. Многу од големите клубови ја пратат ситуацијата и се подготвуваат соодветно да реагираат. Англиските медиуми денеска објавуваат дека Тотенхем сака да го доведе Бојан Кркиќ на позајмица. Барселона не сака лесно да се откаже од Кркиќ, а и самиот тој сака да игра во клубот од каде што потекнува. Сепак кратка позајмица би била возможна со оглед на малата минутажа која ја добива Крикич во последно време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тадеј Погачар ја одбрани титулата светски првак

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар денес ја освои титулата светски шампион на првенството во Кигали, Руанда.
На првото првенство одржано во Африка, Словенецот ја освои својата втора последователна титула светски шампион.
Погачар ја помина делницата од 267 километри за шест часа, 21 минута и 20 секунди.
Погачар возеше сам последните 66 километри и на крајот победи со предност од една минута и 28 секунди пред Белгиецот Ремко Евенепул.
Ирецот Бен Хили го освои третото место.
Спорт
„Провокатор сум, малку сум ѓавол, но не сум генијалец“

Од моментот кога го освои својот прв голем трофеј, Лигата на шампионите во 2004 година како тренер на Порто, па сè до денес, Жозе Мурињо секогаш е во центарот на вниманието.
Фудбалската јавност ширум светот го познава под прекарот „Специјалниот“, најмногу поради неговиот цврст став и филозофија што ја променија фудбалската игра во еден момент.
По неколку години во „егзил“ од најголемата фудбалска сцена во Европа, Португалецот се враќа во елитното европско натпреварување како тренер на Бенфика, а за таа цел даде интервју за веб-страницата на УЕФА.
„Никогаш не сум рекол дека сум гениј, ниту пак мислам дека сум. Провокатор? Добро, можеби сум, малку ѓавол, но никогаш гениј“, рече Мурињо, а потоа додаде: „Не го гледам времето што го поминав надвор од Лигата на шампионите како залудно потрошено. Напротив, мислам дека направив одлични работи затоа што имав можност да ја освојам Лигата на Европа и Лигата на конференции. Научив многу во сите овие години и сè уште сакам да работам на врвно ниво, а за себе можам да кажам дека станав фудбалски алтруист кој сака да им помага на другите.“
🇵🇹Mourinho is back in Champions League !
🇪🇺UCL Career: 151 Games from 2002 to 2020
16 Seasons | 81 Wins | 36 Draws | 34 Losses
+259⚽️ (+1.72 gpg) | -133⚽️ (-0.88 gpg)
2⃣ Titles 🏆🏆: 2004 Porto & 2010 Inter
8⃣ Times in Semifinals [Porto, Chelsea, Inter, Real] pic.twitter.com/XvQKqDkVrF— Twitugal (@Twitugal) September 29, 2025
Мурињо ќе наполни 63 години во јануари, но според сопственото признание, сè уште не е презаситен од тренерската работа и се гледа себеси на оваа позиција уште многу години.
„Кога еден ден ќе се разбудам со помалку страст отколку денес или кога поразот ќе ме повреди помалку од претходниот, тоа ќе биде алармот што ќе значи дека се случува нешто чудно. Засега, тоа не е случај и јас сум среќен поради тоа. Во текот на мојата кариера работев во врвни клубови каде што притисокот е голем, и токму тоа го сакам. Се сеќавам кога еднаш играв натпревар против Манчестер јунајтед предводен од Алекс Фергусон од клупата и тој ме покани во својата канцеларија. Седнавме и го прашав дали мисли дека оваа страст што ја чувствуваме ќе исчезне со текот на времето, а тој рече: „Не, тоа никогаш нема да се случи. Ќе остане со нас до крајот на нашата работа“.
Во вторник, 30 септември, Португалецот ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“ како тренер на Бенфика, каде што постигна голем успех како шеф на тренерскиот штаб на Челзи.
„Многу пати во мојата кариера играв против поранешни клубови. Тоа е нормално во оваа работа. Знаете, освојував трофеи во Челзи, јас сум дел од историјата на овој клуб, исто како што Челзи е дел од мене и секогаш ќе биде така. Сега сум тренер на Бенфика и природно е да сакам да победувам, како што тие сакаат мене да ме победат. Тоа е сосема во ред“, рече Мурињо.
Спорт
Аморим ја има поддршката од челниците на Манчестер јунајтед

Актуелниот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим ќе остане на таа позиција дури и по шокантниот пораз на неговиот тим од Бретфорд во последното коло од Премиер лигата.
По тој неуспех, се шпекулираше за наводно отпуштање, но како што објавија островските медиуми, челниците на клубот од „Олд Трафорд“, предводени од од еден од сосптвениците Џим Ратклиф, го поддржаа португалскиот стручњак и покрај навистина лошите резултати.
Очигледно, Јунајтед сака да го поддржува Аморим до крајот на сезоната, а потоа ќе повлече линија и ќе ја оцени неговата работа, која во сегашната состојба не може да се нарече успешна.
Уште повеќе, единствената светла точка на клубот под негово водство беше пласманот во финалето на Лигата на Европа минатата сезона, во кое „ѓаволите“ беа поразени од Тотенхем, што значи дека за прв пат од 2014 година, не се квалификуваа за европско натпреварување.
Манчестер јунајтед моментално се наоѓа на 14-та позиција на табелата во Премиер лигата со само седум освоени бода од шест натпревари, а неодамна доживеа вистински неуспех кога беше поразен од членот на четвртата лига, Гримсби во Лига купот.