Спорт
Бекам останува во Милан

Дејвид Бекам останува во Милан до крајот на оваа сезона. Оваа вест е потврдена од страна на раководството на италијанскиот тим откако екипата на Лос Анџелес Галакси го прифатила предлогот на италијанскиот тим Бекам да се врати во САД и да го одигра вториот дел од сезоната во МЛС лигата.
Според договорот, Бекам по завршувањето на сезоната во МЛС лигата во ноември повторно ќе се врати во Милан со што би ја задржал формата и ги зголеми шансите за настап во својата репрезентација на СП во Јужна Африка, се разбира под услов Англија да обезбеди пласман во завршницата на СП 2010 година. Со ова е ставен крај на една голема дилема околу останувањето на Дејвид Бекам во редовите на екипата на Милан која остана без пласман во завршницата на Купот на УЕФА,а е далеку и од борбата за шампионската титула во Серија А.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ламал ќе ја добие „десетката“ на Меси

Како што се очекуваше, Ламин Јамал ќе биде новиот сопственик на „десетката“ на Барса.
Јамал покажа дека го следи патот на Лео Меси, и исто како Аргентинецот, и тој го зеде дресот со број 19 во својата дебитантска сезона како играч на првиот тим.
Меси го носеше тој број во првите две години како играч во првиот тим, од 2006 до 2008 година, а потоа со заминувањето на Роналдињо, ја зеде легендарната „десетка“, кога тимот го презеде Пеп Гвардиола.
Интересно е што Меси во тој момент имаше 21 година, три години постар отколку што Јамал ќе биде ова лето.
Јамал ќе наполни 18 години на 13 јули, кога официјално ќе потпише нов повеќегодишен договор, според кој ќе добие и огромно зголемување на платата. Се претпоставува дека откупната калузула ќе биде 1.000.000.000 евра.
Покрај тоа, тој ја добива легендарната „десетка“ како подарок, што има посебно значење во Барса, бидејќи пред Меси и Роналдињо, ја носеле великани како Ривалдо, Хуан Роман Рикелме, Јари Литманен, Џеовани, а претходно една сезона ја носеле Михаел Лаудруп, Георге Хаџи, дури и Христо Стоичков и Пеп Гвардиола.
Спорт
Јунајтед се договориле со Куња, се чека Вулверхемптон

Операцијата за трансфер на Матеуш Куња на „Олд Трафорд“ трае веќе некое време. Манчестер Јунајтед изгледа е многу блиску до реализција на трансферот.
Според Фабрицио Романо, Бразилецот му рекол „да“ на трофејниот клуб. Останува двата клуба да се договорат и трансферот да може да се официјализира.
Се очекува Вулверхемптон да инкасира помеѓу 65 и 70 милиони евра. Куња дојде во Вулверхемптон од Атлетико Мадрид во 2023 година за 50 милиони евра.
Оваа сезона, Бразилецот постигна 17 гола со шест асистенции во 34 натпревари во сите натпреварувања.
Спорт
АБА лигата жестоко го казни Теодосиќ

Кошаркарот на Црвена звезда, Милош Теодосиќ, ја дозна казната од АБА лигата за инцидентот што го предизвика на вториот натпревар од четвртфиналната серија против Игокеа во Лакташи.
Плејмејкерот на Звезда, во последната четвртина бурно реагираше поради одредени одлуки на судиите, па вербално ги нападна судиите, а на крајот имаше што да им каже и на челниците на АБА лигата кои седеа во првиот ред покрај теренот.
Поради сето ова, дисциплинскиот судија Хрвоје Видан одлучи жестоко да го казни Теодосиќ.
„Врз основа на членовите 27.1 и 27.2 од Дисциплинскиот кодекс на АБА лигата на АдмиралБет, Милош Теодосиќ е казнет:
• Со забрана за настап во првите три последователни натпревари од АБА лигата, почнувајќи од првиот натпревар од полуфиналето против Будуќност;
• Казна од 10.000 евра“.
Ова значи дека Теодосиќ ќе ја пропушти целата серија против Будуќност, додека во случај серијата да трае два натпревари, а Црвена звезда излезе како победник во два натпревари, тој би го пропуштил и првиот натпревар од финалната серија.
Во случај на елиминација на Звезда во два натпревари, тој не би имал право да игра во првото коло од следната сезона, доколку сè уште е во клубот.