Спорт
Македонија загуби од Ј. Африка и во дубл

Македонската Дејвис Куп репрезентација го загуби и третиот меч против Јужна Африка во рамките од првото коло од Првата евро-африканска зона.
Денеска Русевски и Магдинчев во игра на двојки загубија убедливо од јужноафриканската комбинација Котце/Де Вест во три сета со 6:1, 7:6 и 6:2. Со овој пораз Македонија ги загуби сите шанси за изненадување против силната јужноафриканска селекција, која вчера ги доби и двете средби во сингл на стартот. По овие три порази и убелдивото водство на домашните од 3:0 утре останува само формално да се доиграат двата последни сингл меча. Во нив селекторот Андонов најверојатно ќе им даде шанса и на резервите Мартиновски и Грабуловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Арсенал не знае колкава пауза го чека Одегард

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, не мкже да фати континуитет поради повредите од почетокот на сезоната. Норвежанецот беше заменет во првото полувреме, во победата на Арсенал над Вест Хем со 2:0.
Мартин Одегард нема да биде со својата репрезентација, во квалификациите за пласман на Светското првенство.
„Мартин Одегор се повлече од норвешката репрезентација откако претрпе повреда на медијалниот колатерален лигамент на левото колено“, се вели во соопштението на клубот.
„Мартин ќе продолжи со лекувањето и проценките во нашиот медицински центар во Лондон Колни за време на репрезентативната пауза, со цел што поскоро да се врати на теренот.“
Оваа повреда дополнително ја искомплицира ситуацијата за Микел Артета, кој веќе се соочува со низа проблеми во тимот.
Каи Хаверц, Габриел Жезус и Пјеро Хинкапие се исто така на списокот на повредени.
Одегард мораше да го напушти натпреварот во 30-тата минута од натпреварот против Вест Хем по судирот со Крисенсио Самервил.
Со ова Норвежанецот постави неславен рекорд. Стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој започнал три натпревари по ред, но бил заменет пред полувремето.
Претходно тоа му се случи против Лидс и Нотингем Форест.
Спорт
Гвардиола: Се надевам дека повредата на Родри не е сериозна

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се надева дека повредата на играчот од средниот ред Родри, здобиена против Брентфорд во неделата, „не е премногу сериозна“.
Родри, освојувач на Златната топка во 2024 година, ја пропушти речиси целата сезона 2024/2025, поради сериозна повреда на коленото. Овој пат, тој го повреди задниот дел од десната нога и го напушти натпреварот во 22-та минута.
Шпанскиот репрезентативец (29) подоцна се врати на клупата со преврзана нога за да им помогне на своите соиграчи.
„Се надевам дека нема да биде ништо сериозно. Не го знам степенот на повредата, но се чини дека е во задната ложа“, рече Гвардиола на прес-конференција.
Настапот на Родри за Шпанија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година против Грузија и Бугарија сега е под знак прашалник.
Спорт
(Видео) Пулишиќ промаши пенал – Нула во дербито Јувентус-Милан

Фудбалерите на Јувентус и Милан одиграа без голови во натпреварот од 6-то коло на Серија А.
Ова беше 245-та средба меѓу двата тима, која на крајот заврши со најнепопуларниот резултат. Милан петти меч по ред не успеа да постигне гол против Јувентус, последен пат росонерите, постигнаа гол против екипата од Торино во мај 2023 година.
Кристијан Пулишиќ не ја искористи најдобрата шанса на натпреварот, промаши пенал во 53-та минута.
Неколку минути пред пеналот на Пулишиќ, нјдобрата шанса за Јуве не ја искористи Гати, неговиот удар од пет метри брилијантно го одбрани Мењон.
Милан беше многу поблиску до победата, имаше повеќе шанси, беше поконкретен од ривалот кој, освен гореспоменатиот обид на Гати, не направи речиси ништо конкретно во нападот.