Спорт
Џерард нема да замине од Енфилд
Напаѓачот на Ливерпул, Фернандо Торес му порача на Реал Мадрид да го заборави Стивен Џерард бидејќи капитенот на Црвените никогаш нема да замине од Енфилд
Mедиуми од „Островото“ утрово објавија дека Стивен Џерард го заменил Кристијано Роналдо на врвот на трансфер желбите на Реал Мадрид.Шпекулациите говорат дека претседателскиот кандидат на Кралевите, Флорентино Перез е подготвен да понуди дури 100 милиони фунти за услугите на Стивен Џерард и Чаби Алонсо (80 милиони само за Џерард).Сепак Торес, кој како играч на Атлетико Мадрид е голем ривал на Реал, ги советува Кралевите да заборатав на Џерард бидејќи играчот од средниот ред нема да замине од Енфилд.“Нема тим во светото во кој Стиви неможе да се вклопи па затоа сигурен сум дека има голем број на екипи кои го посакуваат.” – рече Торес.“Но има играчи кои ги сакаат своите клубови толку многу што без разлика колку пари ќе им понудите тие нема да заминат.”“Видовме како Кака остана во Милан, и тоа е убаво да се види во денешно време.”“Како и Стиви, Кака е еден од најдобрите играчи и на начинот на кој тој го сака Милан, Стиви го сака Ливерпул.”“Тој никогаш нема да го напушти клубот.”“Фановите го сакаат, менаџерот го сака, и тој е нашиот капитен. Верувајте ми кога ви велам дека тој нема да оди никаде.”
Па преостанува да видиме дали Торес е во право во врска со заминувањето на капитенот во Реал Мадрид
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Селекторот го повика Ојлески да ѝ се приклучи на репрезентацијата
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во пресрет на мечот со Романија, на Европското првенство, го повика Гоце Ојлески.
Селекторот, мораше да реагира по повредите на Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов. Повкот го доби 36-годишникот од ГРК Охрид, кој инаку беше на поширокиот список на Лазаров.
Инаку, Атанасијевиќ се повреди во првиот натпревар шротив Данска, а Џонов вчера против Португалија.
Макеоднските ракометари, утре од 18 часот ќе играат против Романија.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓоковиќ ја забележа 100-та победа на Австралија Опен
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Шпанецот Педро Мартинез со 3:0 во сетови на почетокот од Австралија Опен.
Новак, со максимален триумф, ја започна борбата за 25-та титула на Гренд Слем и ја забележа својата 100-та победа на АО.
Ѓоковиќ, моментално четврти на АТП листата, беше подобар од 71-от тенисер во светот, по два часа игра со 6:3, 6:2, 6:2.
Новак го започна првиот сет совршено, сервираше сигурно, а потоа направи брејк, кој потврди 3:0.
Српскиот тенисер ја одржуваше својата предност до самиот крај и рутински го приведе сетот кон крај. На 5:2, имаше две топки за брејк/сет, но не ги искористи.
Новак го започна вториот сет на ист начин, Мартинез беше сигурен во воведниот гем, но во вториот Ѓоковиќ успеа да направи брејк.
Во седмиот гем, тој успеа да добие уште еден брејк, да поведе со 5:2 и да сервира за 2:0 во сетови.
Србинот сервираше совршено, стигна до 40:0 со три аса, а потоа рутински го приведе сетот до крај и поведе со 2:0.
Третиот сет започна со 2:1 за Мартинез, без брејк, а потоа новак нанижа пет гема и ја заврши работата.
Негов противник во второто коло ќе биде Франциско Маестрели од Италија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Менди: Навистина мислите дека Дијаз намерно го промаши пеналот? Бидете сериозени
Брахим Дијаз, играч на Реал Мадрид и репрезентацијата на Мароко е трагичар на годината. Промаши пенал, во 90+23.минута, во финалето на Африканскиот куп, а Мароко остана без титулата, на која чекаше 50 години.
Бурно беше финалето на Африканскиот куп. Поништен гол, неоправдано, на Сенегал во 93-та минута, а потоа ВАР пенал, многу сомнителен, во 99-та минута за Мароко. Сенегалците, на повик на селекторот, незадоволни од судењето, го напуштија теренот.
Не се повлече само Садио Мане, кој ги врати соиграчите на теренот, а останатото е историја.
По мечот, многумина тврдеа дека во духот на фер-плејот, Брахим Дијаз намерно го промашил пеналот. За потсетување, Дијаз се обиде со „паненка“, но голманот Менди го прочита, остана на гол линијата и лесно ја прифати топката.
CHAOS AT AFCON🤯
Senegal have a goal disallowed in injury time.
Minutes later Morocco are awarded a penalty.
Senegal players walk off in protest😡Brahim Diaz decides this is the best moment for a Panenka😬
Senegal now lead 1-0 in extra-time
— Balls.ie (@ballsdotie) January 18, 2026
„Дали Брахим намерно го промаши пеналот? Не, секако дека не! Ве молам, бидете сериозни! Дали навистина мислите дека на крајот од финалето, напаѓачот на репрезентацијата што 50 години чека титула сака да промаши и дека можевме да се договориме во таква ситуација? Тој сакаше да постигне гол и јас заслужувам признание затоа што одбранив и тоа е сè“, рече Менди и додаде:
„Пред секој пенал за противниците, разговарам со Садио Мане. Нема да ви кажам што ми кажа. Најважно е да го донесеме трофејот дома и да што направиме милиони Сенегалци да бидат среќни. Сè се случи во ова финале. Знаевме дека сме на непријателска територија. Мароко чекаше 50 години за трофејот и сè отидше во нивна корист. Ние ја имавме само топката и нашето знаење и на крајот победивме.“

