Спорт
Рафаел Надал најдобар, Федерер најомилен
“ATP WORLD Tour” во Мајами ги прогласи добитниците на годишните награди за минатата сезона.
За играч на годината е прогласен Шпанецот Рафаел Надал, а за најдобар пар наградата ја добија Србинот Ненад Зимоњиќ и Канаѓанецот Даниел Нестор, победници на ланскиот Мастерс Куп.Швајцарецот Рожер Федерер освои две награди. Петта година по ред ја освојува наградата “Stefan Edberg Sportsmanship” која се доделува за коректно однесување и ширење на спортскиот дух, а која го носи името по големиот поранешен шведски тенисер Штефан Едберг, кој и самиот беше носител на оваа награда пет пати, но во период од осум години. Швајцарецот оваа награда ја освои благодарение на гласовите на своите колеги, тениски професионалци.Федерер е избран и за најомилен играч во гласањето на навивачите, и тоа веќе шеста година по ред. Доби 26.6 отсто од гласовите, додека за Рафаел Надала гласале 22.8 отсто од фановите.Наградата “Артур Аше” за хуманитарец на годината ја доби Американецот Џејмс Блејк. За играч кој напредувал најмногу избран е Французинот Жо Вилфред Цонга, кој од 43-та позиција на крајот на 2007 година скокна на шестото место на АТП листата на крајот на минатата сезона, иако пропушти три месеца од сезоната поради повреда и операција на десното колено.Наградата за “ново лице” на сезоната ја доби јапонскиот тинејџер Кеи Нишикори (скокна од 281 на 63 место на АТП листата), а ‘кам бек’ на годината направи 32-годишниот Германец Раинер Шутлер, кој од 155-та позиција стигна до 30-то мсто на АТП листата, најмногу благодарение на полуфиналето на Вимблдон.Тениските фанови четврта година по ред ги бираат американските близнаци Боб и Мајк Брајан за најомилен пар на годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Жоржињо останува во Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо го продолжи договорот со клубот.
Арсенал не прецизираше детали од договорот, се работи за краткорочен договор, а британските медиуми објавија дека договорот е продолжен за уште една сезона.
32-годишниот италијански играч за врска се пресели од Челзи во Арсенал минатиот јануари и стана важен играч во тимот на Микел Артета.
Оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна против Ленс во Лигата на шампионите.
Спорт
Ливерпул ја одредил цената за Дарвин
Дарвин Нуњез неодамна ги шокираше навивачите на Ливерпул со тоа што на Инстаграм ги избриша сите свои фотографии во дресот на клубот. За многумина Ургваецот со овој потег го најавил своето заминување од „Енфилд“.
Шпанските медиуми тврдат дека Нуњез ќе го апушти клубот во летниот преоден рок. Овие извори не ја исклучуваат можноста тој да ја засили Барселона. Наводно и ЛИверпул веќе ја одредил цената за напаѓачот.
Нуњез пристигна во Ливерпул во сезоната 2022/23, за клупски рекорд од 85 милиони евра. Со бонусите трансферот може да дојде и до 100 милиони евра. Уругваецот потпиша договор до летото 2028 година.
Сумата за која Ливерпул би бил подготвен да се откаже од Нуњез е 85 милиони евра.
Барселона во моментов ги нема тие пари, но би можела да ги заработи со прдожбата на неколку играчи во преодениот рок.
Спорт
Феникс Санс го отпушти Франк Вогел
Феникс Санс го отпуштија тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, бидејќи тие беа поразени од Минесота со 4:0.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер, како што тврди ЕСПН е најсеризен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона.