Спорт
Хидинг од лето со нова улога

Моменталниот менаџер на Челзи, Гус Хидинк изјави дека Роман Абрамович му понудил можност да остане во клубот и по завршувањето на сезоната.
Холанѓанецот кој сега има двојна улога, како селектор на Рускиот национален тим и менаџер на Челзи, вели дека има договор со екипата од Стемфорд Бриџ до 31 мај.“Мора да постои договор во спротивно мојата работа во Челзи од правна гледна точка ќе биде нелегална. Да, постои таков договор и истекува на 31 мај. Тие ми понудија да работам за нив и потоа но како консултант. Морам да видам како ситуацијата ќе се развие. Можеби ќе бидам корисен за Челзи во таа улога.” Изјави Хидинг пред новинарите од Англија.Гус дојде во Челзи како замена за Сколари, а во досегашниот настап во таборот на „Сините“ успеа да ја стабилизира ситуацијата, и своевремено да го врати сјајот во играта на Лампард и Дидие Дрогба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Еврогол ја елиминира Црвена звезда од Лигата на шампиони

Црвена звезда не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. Сроскиот првак во плеј офот доживеа елиминација од Пафос. Кипраните славеа со вкупни 3:2.
Поразот и лошата игра во Белград, кога Пафос победи со 2:1, скапо ги чинеше црвено-белите,
Во реваншот, не блескаа но го исконтролираа првото полувреме. Во вториот дел играчите во црвено-бели дресови притиснаа од сите страни. Иницијативата ја материјализираа во 60.минута, кога Иваниќ со малку среќа погоди за 0:1.
Црвено-белите имаа шанса во 80.минута да го постигнат вториот гол, а кога се подготвуваа за продолженија ги нокаутира Жажа кој во 89.минута постигна нестварен гол.
Во преостанатото време речиси и да не се играше, Кипраните започнаа со провокации, имаше инцидент на влезот на тунелот па резултатот остана 1:1.
Пафос сезонава ќе дебитира во Лигата на шампионите, а Црвена звезда продолжува во Лига Европа.
Foto/ EPA/SAKIS SAVVIDES
Спорт
(Видео) ФИБА ги казни тепачите од Аргентина и Доминиканска република

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) изрече суспензии и казни по натпреварот помеѓу Аргентина и Доминиканската Република на Купот на Америка.
Сликата на Гонзало Бресан како го напушта теренот облеан во крв по тепачката помеѓу играчите на двете репрезентации го засени натпреварот.
Тензиите што се создаваа за време на натпреварот избувнаа по последниот звук на сирената.
Инцидентот кулминираше мешу Дејвис-Џонс и Бресан, по што се вмешаа и останатите од двата тима.
ФИБА ги суспендираше двајцата на по два натпревари. Аргентинците Франциско Кафаро и Хуанпи Волет беа суспендирани на по еден натпревар, а тренерот Пабло Приџони беше казнет со 2.000 швајцарски франци. Аргентинската федерација ќе мора да плати 20.000 франци.
Во Доминиканската Република, Хуан Гереро и Хуан Суеро беа суспендирани на по еден натпревар, додека Анхел Делгадо е условно суспендиран на еден натпревар.
Tremenda trifulca luego del fin del partido donde República Dominicana venció a Argentina en tiempo extra. pic.twitter.com/PW9MHqbI8L
— 8DeportivoTN8 (@8DeportivoTN8) August 24, 2025
Pablo Prigioni's Argentina fights rival Dominican Republic after FIBA loss
2 years ago the DR kept Argentina out of the World Cup
Prigioni in 🇦🇷 huddle calls St John's 🇩🇴 Joel Soriano "the fat guy who can't move"🤣
Spurs David Jones-Garcia (#8🇩🇴blue) is provoked, throws down🥊 pic.twitter.com/d8BqnJmoGS
— New York Basketball (@NBA_NewYork) August 25, 2025
Спорт
(Видео) Каират го елиминира Селтик, ќе игра во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Каират направија големо изненадување, први што се квалификуваа за Лигата на шампионите од клубовите кои се бореа за место во елитното европско натпреварување преку квалификациите.
Во плејофот, шампионот на Казахстан беше подобар од шампионот на Шкотска, тимот на Селтик. Откако првиот натпревар во Глазгов заврши нерешено 0:0, во реваншот во далечниот Алмати (6.000 км воздушно растојание помеѓу Глазгов и Алмати) резултатот по регуларните 90 плус дополнителни 30 минути гласеше идентично 0:0, а по изведувањето на пенали, фудбалерите на Каират славеа со 3:2.
Херој беше 21-годишниот голман Темирлан Анарбеков, тој им одбрани три пенали на играчите на Селтик и му го трасираше патото на својот тим во главната фаза од Лигата на шампионите.
Каират стана вториот тим од Казахстан кој стигна до главната фаза од Лигата на шампионите. Претходно тоа и успеа на Астана во сезоната 2015/16.
Фото/ Принтскрин