Спорт
Касано ќе ја менува средината?

Ѕвездата на фудбалскиот тим Сампдорија, Антонио Касано, најверојатно по летниот преоден рок ќе ја продолжи кариерата во екипата на Јувентус.
Ваквата вест се врзува со ангажирањето на плејмејкерот Диго од Вердер Бремен во редовите на германскиот Баерн Минхен.Тоа е фудбалерот кој претходно тимот од Торино го пикираше за летниот преоден рок и веќе имаше дадено и конкретна понуда. Затоа раководството на Италијанците сега ќе се обиде да дојде до потписот на напаѓачот Касано.Според информациите од Апенините, Јувентус за поранешниот фудбалер на Рома и Реал Мадрид ќе понуди 10 милиона евра плус младата надеж Себастијан Џовинко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Рио Фердинанд: Изненаден сум што Евертон не доби пенал

Натпреварот на „Гудисон Парк“ меѓу Евертон и Манчестер јунајтед заврши нерешено 2:2, но детаљот кој ги засени головите се случи во судиското надополнување кога првично беше досуден пенал за Евертон, а потоа одлуката беше поништена по интервенција на ВАР.
Контакт меѓу Де Лихт и Ешли Јанг имаше, Холанѓамецот цо 93.минута го вечеше за дрес левиот бек на „карамелите“, кој падна во шеснаесетникот.
Судијата Медли веднаш покажа на белата точка, но откако ја прегледа ситуацијата преку ВАР, се предомисли. На многумина им е нејасно зошто се предомислил, вклучувајќи го и легендарниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд.
„Изненаден сум што не беше пенал. Имаше контакт. Сметам дека најлошо во оваа ситуација е што вака интервенираше ВАР“, рече Фердинанд.
Евертон водеше по 33 минути со 2:0, но на крајот Манчестер јунајтед сепак успеа да изедначи на 2:2 со головите на Фернандеш во 72. минута и Угарте во 80. минута.
O pênalti marcado para o Everton que, após intervenção do VAR, foi cancelado. pic.twitter.com/QI238oeSSP
— ⚽ (@DoentesPFutebol) February 22, 2025
Спорт
(Видео) Бовен го шокира Арсенал, Вест Хем победи на „Емирати“

Ливерпул, во средата киксна кај Астон Вила (2:2), но и покрај тоа ја зголеми предноста во однос на Арсенал на табелата во Премиер лигата. Арсенал, во 26.коло, загуби ов градското дерби од Вест Хем (0:1). Интересно, гостите победија на петте натпревари кои се одиграа во терминот од 16 часот.
Немаше многу возбудувања во првото полувреме на „Емирати“ во Лондон. Вест Хем со добра дефанзива држеше реми до финишот на првиот дел. Во 44.минута Ван-Бисака го проигра Џерод Бовен, а тој им донесе водство на гостите.
Домашните тргнаа поофанзивно во вториот дел, имаа иницијатива и шанси, но не успеаја да постигнат гол.
Сите шанси за евентуален пресврт на Арсенал му ги уништи младиот Луис-Скели, кој доби директен црвен картон во 73. минута, неполни 20 минути по влегувањето на теренот.
Арсенал на табелата сега има осум бода помалку од Ливерпул.
Резултати:
Бурнмут – Вулверхемптон 0:1 (0:1)
/Куња 36/
Фулам – Кристал Палас 0:2 (0:1)
/Андерсен 37, Муњос 66/
Ипсвич – Тотенхем 1:4 (1:2)
/Хачинсон 36 – Џонсон 18, 26; Спенс 77, Кулушевски 84/
Саутемптон – Брајтон 0:4 (0:1)
/Педро 23, Ритер 57, Митома 71, Хиншелвуд 82/
Спорт
(Видео) Баер лесно со Кил, Мајнц преку Берлин до котата 5

Актуелниот шампион во Германија, Баер Леверкузен ја оправда фавористаката улога, победи во 23.коло против последнопласираниот Кил. Триумф забележа и Мајнц, кој игра одличан сезона и се наоѓа на петтото место на табелата. Аугсбург победи во Меххенгладбах, а Бохум освои бод во Волфсбург.
Баер Леверкузен славеше победа од 2:0 на гостински терен против најслабиот тим во лигата, Холштајн Кил.
Првиот гол го постигна Патрик Шик, а победата ја потврди Адли.
Мајнц продолжува со фантастични резултати. По победата од 2:0 над Сент Паули, тие се искачија на петтото место.
Бохум од 50. минута имаше предност кај Волфсбург со голот на Машовиќ. Волфсбург избегна пораз со голот на Матијас Сванберг кој ја затресе мрежата во 81. минута.
Аугсбург со хет-трикот на Морис постигнат во вториот дел победи во Менхенгладбах со 3:0. Борусија од 28.минута играше со фудбалер помалку.