Спорт
Јохан Кројф: Ван Бастен е прав стртег за Милан

Холандската Легенда, Јохан Кројф верува дека неговиот сонародник Марко Ван Бастен го има потребниот квалитет за да биде стратег на Милан
“Ван Бастен е правиот човек за Милан.” – рече без сомневање Јохан Кројф.Поранешниот селектор на Холандија, Ван Бастен пред неколку недели си поднесе оставка од кормилото на Ајакс откако не обезбеди учество во Лигата на Шампионите и не ги исполни целите на клубот.Кројф исто така верува дека Ван Бастен иако е млад може да ги врати Росоњерите на шампионскиот пат и како пример го зема Пеп Гвардиола кој оваа сезона со Барса сеуште е во битка за тројната круна.“Да верувам дека Марко е подготвен за кормилото на Милан. Многумина велеа дека Пеп Гвариола не е подготвен за Барселона, но погледнете што направи.”“Марко е голем шампион и има многу искуство во соблекувалната. Знае како да доминирам и мислам дека е подготвен за работата.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алиоски: Среќен сум поради дебито и победата на Фенербахче

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски синоќа го имаше своето деби во дресот на турскиот Фенербахче каде пристигна од редовите на Ал-Ахли. Тој беше стартер во тимот на гигантот од Истанбул во триумфот (0:2) во плејофот од Лигата на Европа.
„Среќен сум поради дебито и пред се поради победата на Фенербахче. Со овој триумф сме мнгу блиску до остварување на целта, пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Фокусирам сум на тимот и добрите игри и верувам дека ќе имаме уште многу радосни моменти заедно оваа сезона“, изјави Езгјан Алиоски по дебито за Фенербахче.
Стрелци на головите за Фенербахче беа Џошуа Кинг и Дорсун.
Спорт
Седлоски: Балкани стигна до победа со два шута кон голот, не можам да им честитам

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, по поразот од Балкани (1:2) на дуелот во Скопје изјави дека е задоволен од тоа што го одиграле неговите избраници, но, сепак, не и од резултатот. Тој истакна дека не може да му честита на косовскиот тим, затоа што негово мислење е дека не бил подобар. Потенцираше и дека ништо не е завршено на овој двомеч, а Шкупи ќе се обиде да возврати на реваншот во Приштина.
„Ова беше добар натпревар, но подобриот тим не победи. Видовте и сами, имавме толку неискористени шанси. Одлично го отворивме мечот, а потоа примивме еден лесен гол. Не можам никако да му честитам на противникот, бидејќи победија со два удари кон голот среде Скопје. Поразот е моја одговорност, јас ги бирам играчите, јас одлучувам за играта и не можам за ништо да ги обвинам фудбалерите. Сакам да нагласам дека има уште 90 минути и како што победи Балкани овде, ние ќе се обидеме да победиме таму. Не треба да паничиме, напротив, сега треба да останеме смириме и да одиграме максимално на реваншот во Пришрина“, изјави Гоце Седлоски.
Спорт
Елмас се сели во Премиерлигата? Манчестер Јунајтед и Евертон заинтересирани за македонскиот ас

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел во завршницата на летниот преоден рок да се пресели во Премиерлигата, откако за него се заинтересираа Манчестер Јунајтед и Евертон, објави „Калчомеркато“.
Менаџерот на Евертон, Франк Лампард, силно го посакува Елмас како освежување за средниот ред на неговиот тим, а во игра е и Манчестер Јунајтед.
Ерик тен Хаг бара уште еден квалитетен играч во средниот ред откако пропадна трансферот на Адриен Рабио од Јувентус.
Манчестер Јунајтед покажува голем интерес и за Ирвинг Лозано, крилниот напаѓач на Наполи.
#Calciomercato | #Napoli, su #Elmas e #Lozano c’è l’interesse di #Everton e #ManchesterUnited https://t.co/OGIdcdYbUy
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 18, 2022