Спорт
Трофеј за Лацио, трофеј за Горан Пандев!
Лацио го освои Купот на Италија! Лацијалите по подоброто изведување на пенали ја совладаа Сампдорија! Прв трофеј за Горан Пандев!
Титула за Лацио, титула за Горан Пандев! Римјаните ја совладаа Сампдорија по подоброто изведување на пеналите и заслужено дојдоа до трофејот.Голем ден за навивачите на Лацио, конечно Римјаните се радуваат на трофеј.Пандев во вистински момент се врати на теренот и одигра значаен дел од овој голем меч за Лацио.Натпреварот започна одлично за Лацио, по само четири минути игра Мауро Зарате постигнува гол и носи голема радост на Олимпико.Во тие моменти Лацио доминираше на теренот, Сампдорија беше во подредена улога.Во 26та минута Горан Пандев имаше фантастична можност да му донесе предност од 2-0 на Лацио, Коларов биеше силно, Кателаци одбрани, топката дојде до нашиот интернационалец кој од идеална позиција не реализираше, голманот на Сампдорија уште еднаш на висината на задачата.Само пет минути подоцна Сампдорија казнува, асистенција на Касано до Пацини кој со глава постигнува гол за 1-1.Во продолжението се играше рамноправно со по некоја шанса и за двете екипи.Пандев во 58та минута повторно се најде во шанса, по асистенција на Фоџа биеше со отсвртување, но голманот Кастелаци уште еднаш одбрани.Горан Пандев поради едно месечната пауза не беше најдобро физички подготвен, излезе во 73та минута, на негово место влезе Томазо Роки.До 90та минута немаше нов погодок по што се отиде на две продолженија од по 15 минути.Резултатот остана ист и по продолженијата, пеналите требаше да го решаваат победникот на Купот на Италија.Касано прв тргна кон белата точка, ѕвездата на Сампдорија биеше лево по земја, фантастична одбрана на Муслера и предност за Лацио.Ледесма прв изведуваше за Лацио, одличен погодок, Лацио поведува во пенал серијата.Паломбо реализираше за Сампдорија, Томазо Роки ја погоди стативата и ги врати надежите на тимот од Џенова.Во третата серија Пацини реализираше за Самдорија, Розенал погоди за Лацио.Даниеле Гастелдано, Акарди и Дел Векио реализираа за Сампдорија пред финалната сеија.Коларов, Зарате и Лихштајнер погодија за Лацио.Кампањаро шутираше последен за Сампдорија, Муслера одлично го одбрани неговиот удар.Осман Дабо го реализираше победничкиот пенал за Лацио, голема радост на Олимпико.Покрај големиот трофеј, Лацио преку купот обезбеди и учество во Европа.Горан Пандев има огромен удел во оваа титула, бидејќи со седум гола е најдобар стрелец во Купот оваа сезона.Трофеј за Лацио, трофеј за Горан Пандев!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ал Келаифи полуде на прашањрто за тренерот: Дали вие го разбирате фудбалот?
ПСЖ не успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Среќата ги напушти „светците“ во натпреварите со Борусија Дортмунд. Во реваншот упатија 31 удар кон голот на Кобел, четири пати ја погодија стативата.
Сезоната, ПСЖ ќе ја заврши само со титулата во домашното првенство, која по доаѓањето на катарските газди се подразбира.
Сепак, со доаѓањето на Луис Енрике, клубот ја смени трансфер политиката. ПСЖ повеќе не ги купува најскапите суперѕвезди, туку се фокусире на собирање супер таленти. Така на реваншот со Борусија имаше тим со просечна старост од 24 години и 157 дена. Тоа е најмладиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите во последните 10 години.
Поради сето горенаведено, претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи полуде на новинарско прашање по испаѓањето од Борусија, каква е иднината на Енрике во клубот.
„Чекај, сериозно ме праша ли тоа? Навистина, дали знаеш нешто за фудбалот и дали воопшто го разбираш? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа. Ни претстои светла иднина. ”
Спорт
Орсато означи крај во Париз и се расплака
Еден од најдобрите судии во светот, Даниеле Орсато, синоќа без грешка го водеше полуфиналниот реванш меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд. Натпреварот заврши со победа на германскиот тим 0:1, а Орсато откако означи крај на натпреварот се расплака.
Орсато (48) повеќе од една деценија суди натпревари од Лигата на шампионите, а во 2020 година го судеше финалето Баерн – ПСЖ. Истата година Институтот за фудбалска историја и статистика го прогласи за најдобар судија во светот. Следната година го водеше полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Реал Мадрид.
Италијанските медиуми открија зошто Орсато плачел.
Натпреварот ПСЖ-Борусија Дортмунд беше негов последен натпревар во европските купови. Тој ќе суди на претстојното евро, а потоа ќе се пензионира.
Спорт
Реал богато ќе ги награди фудбалерите доколку ја освојат ЛШ
Реал и Баерн од 21 часот во Мадрид ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Минхен заврши 2:2. Вечерва ќе го дознаеме вториот финалист на Вембли откако синоќа место во финалето обезбеди Борусија Дортмунд која со вкупен резултат 2:0 го елиминира ПСЖ.
„Марка“, денеска ја објави сумата што секој играч на Реал Мадрид ќе ја добие од клубот како награда доколку ја освои Лигата на шампионите. Тоа е дури 1,4 милиони евра по фудбалер, што е за 500.000 евра по фудбалер повеќе отколку што за истиот успех беа наградени фудбалерите на Реал во 2022 година.
Со богата сума ќе бидат наградени и членовите на штабот, па се проценува дека Реал во случај на освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите ќе плати издвои околу 40 милиони евра за да ги награди фудбалерите и стручниот штаб.