Спорт
Фиго е подготвен да игра во САД или Јапонија

Поранешниот Најдобар Фудбалер за Годината, Луис Фиго вели дека е подготвен да одигра некоја сезона надвор од Европа и му се допаѓа идеата да игра во САД или Јапонија
Португалецот пред една недела потврди дека става крај на играњето на врвно ниво по крајот на оваа сезона, откако успеа со Интер да стигне до четвртото Скудето во низа.36 годишниот Фиго уште тогаш најави дека не планира да игра повеќе фудбал во Европа но потврди дека ќе ги разгледа сите примамливи понуди што ќе пристигнат од екипи од другите континенти.“Сеуште чекам повици од екипи надвор од Европа, од САД или Јапонија.” – рече Фиго за Кинескиот весник Titan Sports.“Настап во Кина? Да исто така сум подготвен да прифатам интересни понуди и од клубови од Кина
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Елмас се сели во Премиерлигата? Манчестер Јунајтед и Евертон заинтересирани за македонскиот ас

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел во завршницата на летниот преоден рок да се пресели во Премиерлигата, откако за него се заинтересираа Манчестер Јунајтед и Евертон, објави „Калчомеркато“.
Менаџерот на Евертон, Франк Лампард, силно го посакува Елмас како освежување за средниот ред на неговиот тим, а во игра е и Манчестер Јунајтед.
Ерик тен Хаг бара уште еден квалитетен играч во средниот ред откако пропадна трансферот на Адриен Рабио од Јувентус.
Манчестер Јунајтед покажува голем интерес и за Ирвинг Лозано, крилниот напаѓач на Наполи.
#Calciomercato | #Napoli, su #Elmas e #Lozano c’è l’interesse di #Everton e #ManchesterUnited https://t.co/OGIdcdYbUy
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 18, 2022
Спорт
Касемиро прави трансфер во Манчестер Јунајтед, но ќе стигне ли да игра против Ливерпул?

Бразилскиот интернационалец Касемиро е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, откако европскиот првак Реал Мадрид го одобри неговото заминување на „Олд Трафорд“ за сума од 60 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони во бонуси. И покрај инсистирањето на Карло Анчелоти искусниот играч од средниот ред да остане меѓу „кралевите“, сепак, јасно е дека клубот веќе доведе замена во Орелиен Чуамени, а со овој трансфер ќе ги покрие неговите трошоци.
Касемиро ќе добие четирогодишен договор и фантастични 18 милиони евра по сезона, речиси двојно поголема плата од сегашната во Реал Мадрид.
Вистинската трка Бразилецот и Манчестер Јунајтед ќе ја имаат со времето. Раководството и менаџерот Ерик тен Хаг сакаат тој да игра на дербито против Ливерпул в понеделник, со оглед дека е во натпреварувачки ритам. Н, за тоа ќе треба трансферот да се реализира експресно, а Касемиро се уште ги нема минато ниту медицинските прегледи.
Спорт
Шкупи направи чекор назад, но преку Приштина може во групите од Конференциската лига (Фотогалерија)

Македонскиот првак Шкупи загуби од косовскиот тим Балкани со 1:2 на арената „Тодор Проески“ во првиот дуел од плејофот за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА. Тимот на Гоце Седлоски направи чекор назад на патот кон најголемиот клупски успех. Сепак, ќе има уште една шанса за поправен испит, на реваншот во Приштина следниот четврток.
Шкупи беше подобар ривал, создаде повеќе шанси, но Балкани знаеше како да ги искористи слабостите на ривалот. Тоа е лекција која Шкупи ќе мора веднаш да ја совлада и да ја примени на реваншот, доколку сака да остане во Европа уште долго оваа сезона.
Фото: Игор Паневски