Спорт
Велосипедска трка по скопските улици

Денеска со почеток во 16.30 часот во центарот на Скопје ќе се одржи вотрата по ред кружна велосипедска трка „Критеруим Енерџи Скопје 2009“, во организација на велосипедското спортско друштво „Енерџи“ од Скопје
Стартот на трката ќе биде на плоштадот „Пела“, на улицата Димитрие Чупоски, а ќе се вози по следниве улици: 11 Октомври, на раскрсницата кај Собранието на Република Македонија се свртува на лево на илицата Моша Пијаде, па потоа се врти лево во сутеренот на Градски трговски центар па се излегува на илицата Димитрие Чупоски, при што кругот во должина од 1.300 метри се коплетира ка ресторанот МекДоналдс, и целта е повторно на плоштадот „Пела“Натпреварувањето ќе се одвива во пет категории, и тоа Кадети, Мастерс, Девојки, (во 15 кругови) Јуниор и Елит (во 25 кругови).За категориите Кадети, Мастерс и Девојки старот е закажан за 16.30, часот, а за Јуниори и Елит во 17.45 часот. За време на трката споменатите улици ќе бидат затворени за сообраќај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.