Спорт
Гатузо навестува можна преселба во Премиер Лигата

Играчот од средниот ред на Милан, Џенаро Гатузо навестува дека е можно повторно да соработува со Карло Анчелоти овој пат во Челзи
Агентот на интернационалецот од Италија, Андреа Д’Амико неодамна призна дека неговиот клиент е заинересиран за преселба во Премиер Лигата и повторна соработка со Карло Анчелоти.Сепак Д’Амико инсистираше дека Гатузо не сака да стави крај на кариерата во Милан.Но Гатусо сега самиот индицира дека, и покрај тоа што има уште две години од договорот со Росоњерите, можно е да биде заинтересиран за преселба во Англија.“Ми се допаѓа Премиер Лигата. Премиер Лигата е најдобро првенство за мене и моите карактеристики.” – рече Гатузо за Daily Mirror.“Не знам што ќе се случи. Јас сум во Милан долго време и не е лесно да заминам, но ќе мора да почекаме и да видиме.”“Челзи е голем клуб, но работењето со Анчелоти е добро чуство. Работевме заедно осум годин и тој за мене е како втор татко.”“Тој е одлична личност и одличен менаџер.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Норис: Потребни се поригорозни казни за блокирање и несоодветно позиционирање

Возачот на Мекларен во Формула 1 шампионатот, Ландо Норис, смета дека возачите кои за време на квалификациите и тренинзите ги попречуваат натпреварувачите кои се во брз круг мора да бидат построго санкционирани, бидејќи блокирањето со несоодветно позиционирање ги надминло сите мерки.
За време на Големата награда на Сингапур, предмет на истрага од страна на ФИА беше бранителот на титулата и лидер во генералниот пласман Макс Фестапен. Возачот на Ред Бул, и покрај тоа што му пречеше на Јуки Цунода во брзиот круг и застанувањето од 14 секунди на излезот од боксот, помина само со опомена, наместо да биде казнет.
„Мислам дека блокирањето на патеката автоматски треба да значи казнување. Знам дека тимот добива парична казна во тој случај, но одговорноста на возачот е да погледне во ретровизорите. Тој нема што друго да прави за време на загревачкиот круг, но ми се чини дека возачите се мачат и со тоа“, изјави Норис и додаде:
„Потребни ни се поригорозни казни за блокирање на другите, ситуацијата излезе од контрола. Го уништува брзиот круг на возачите што доаѓаат. Може да уништи и нечии квалификации, затоа Јуки немаше шанса да го подобри својот пласман“.
Норис е на осмото место во шампионатот со 97 бодови, додека лидерот Ферстапен има 374.
Викендов во Ф1 на програмата е Големата награда на Јапонија.
Спорт
Борусија Менхенгладбах ги продолжи договорите со двајца фудбалери

Борусија Менхенгладбах објави дека нови договори потпишале дефанзивецот Нико Елведи и играчот од средниот ред Роко Рајц. Елведи ќе остане во Менхенгладбах до 2027, а Ројц до 2026 година.
Рајц играше на секој од првите четири натпревари на својата екипа во Бундеслигата, двапати како стартер, а двата влезе како резерва. Елведи, се уште нема стартувано натпревар, а два пати влезе како резерва.
Рајц (21) во Менхенгладбах пристигнал на седум годишна возраст. Целата кариера е во клубот, со исклучок на една сезона која ја мина на позајмица во Сент Труден.
Елведи и покрај големата конкуренција на неговата позиција реши да остане во клуот.
Менхенгладбах, пред почетокот на сезоната го напуштија напаѓачот Маркус Тирам кој потпиша за Интер по истекот на договорот, дефанзивецот Џордан Бејер, кој премина во Барнли, левиот бек Рами Бенсебаини се пресели во Борусија од Дортмунд, во Карлсруе замина играчот од средниот ред Ларс Штиндл.
Во првите четири кола од Бундеслигата, избраниците на Жерар Сеоан забележаа две нерешени и два порази и се наоѓаат на 14. место.
Спорт
Марјановиќ потпиша нов договор со Хјустон

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ потпиша едногодишен договор со Хјустон Рокетс. Центарот така ќе продолжи да настапува за франшизата од Тексас, чиј дел е од минатата година. Боби ќе може да заработи речиси три милиони долари, а при потпишувањето му се загарантирани 1,3 милиони долари.
Договорот на Марјановиќ со Хјустонс истекуваше на крајот од минатата сезона во НБА, но тој постигна договор за нова едногодишна соработка. Марјановиќ на овој начин ќе заработи речиси 40 милиони долари бруто од приходите во НБА.
Помеѓу двете сезони се шпекулираше дека Марјановиќ би можел да се врати во Европа, но тој реши да ја продолжи соработката со Рокетс. Српскиот кошаркар, меѓу другите, на „Стариот континент“ настапуваше за Хемофарм, ЦСКА, Мега и Црвена звезда.
За Марјановиќ претстојната сезона ќе биде втора во Хјустон, а деветта во најсилната лига на светот. Српскиот центар најдолго играше за Далас Маверикс – три сезони, пред да се пресели во Хјустон, а претходно ги бранеше боите на Сан Антонио Спарс, Детроит Пистонс, Лос Анџелес Клиперс и Филаделфија
Во текот на минатата сезона, Боби одигра 31 натпревар во дресот на Рокетс и имаше просек од 3,3 поени и 1,9 скока по натпревар.