Спорт
Северна Кореја се квалификува на Светското првенство во Ј. Африка

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја ќе се натпреварува на Светското првенство во 2010.
Северна Кореја успеа да се пласира на завршницата на светското првенство што ќе се одржи следната година за прв пат по далечната 1966 година. На светското првенство пред 43 години, Северна Кореја успеа да стигне до четвртфиналето откако во драматичен натпревар ја порази репрезентацијата на Италија која важеше за фаворит. Репрезентацијата на Северна Кореја се пласира на С.П. во Јужна Африка откако заврши прва во Б групата со само 2 гола разлика од Саудиска Арабија. Освен домаќинот кој автоматски се квалификува, до сега уште 4 репрезентации се пласираа на Светското првенство, а тие се: репрезентациите на Холандија, Австралија и на Јапонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси пак контра ПСЖ: Од сите кои го освоивме СП само јас не добив признание од мојот клуб

Лионел Меси очигледно не поминал среќни две сезони во Пари Сен-Жермен, откако сега го обвинува францускиот клуб дека не добил признание од својот клуб за освојувањето на Светското првенство.
Меси, конечно, ја предводеше Аргентина до мундијалската титула во Катар во декември, освојувајќи го единствениот трофеј кој му недостасуваше во кариерата. Тој беше прогласен за најдобар играч на турнирот откако постигна гол во сите рунди од шампионатот, вклучувајќи два во финалето против Франциј.
„Јас бев единствениот фудбалер кој не доби признание од својот клуб, за разлика од сите други 25 соиграчи“, вели Меси.
Аргентинецот доби почесен шпалир од неговите соиграчи по враќаањето во тимот по 10-дневната пауза, но официјално од клубот не доби никакво признание. Аргентинските медиуми тврдат дека тој сакал да го донесе трофејот од СП на „Паркот на принцовите“, но клубот се плашел од реакцијата на Килијан Мбапе и другите француски фудбалери.
Спорт
(Видео) Уште ова го немавме видено – Џорџо Кјелини со луд обид за „ножички“

Порнешниот капитен на Јувентус, Џорџо Кјелини можеби има 39 години, но очигледно уште ужива во фудбалот, откако на меч за неговиот Лос Анџелес ФЦ се обиде да даде гол со ножички на мечот со Сент Луис СЦ.
На 0:0 во второто полувреме, дефанзивецот имаше прекрасен обид, кој на крајот заврши во рацете на поранешниот голман на Борусија Дортмунд, Роман Бирки.
„Како добро вино“, коментираа од неговиот поранешен клуб Јувентус на социјалните мреи.
39-years-young.
— LAFC (@LAFC) September 21, 2023
Спорт
Норис: Потребни се поригорозни казни за блокирање и несоодветно позиционирање

Возачот на Мекларен во Формула 1 шампионатот, Ландо Норис, смета дека возачите кои за време на квалификациите и тренинзите ги попречуваат натпреварувачите кои се во брз круг мора да бидат построго санкционирани, бидејќи блокирањето со несоодветно позиционирање ги надминло сите мерки.
За време на Големата награда на Сингапур, предмет на истрага од страна на ФИА беше бранителот на титулата и лидер во генералниот пласман Макс Фестапен. Возачот на Ред Бул, и покрај тоа што му пречеше на Јуки Цунода во брзиот круг и застанувањето од 14 секунди на излезот од боксот, помина само со опомена, наместо да биде казнет.
„Мислам дека блокирањето на патеката автоматски треба да значи казнување. Знам дека тимот добива парична казна во тој случај, но одговорноста на возачот е да погледне во ретровизорите. Тој нема што друго да прави за време на загревачкиот круг, но ми се чини дека возачите се мачат и со тоа“, изјави Норис и додаде:
„Потребни ни се поригорозни казни за блокирање на другите, ситуацијата излезе од контрола. Го уништува брзиот круг на возачите што доаѓаат. Може да уништи и нечии квалификации, затоа Јуки немаше шанса да го подобри својот пласман“.
Норис е на осмото место во шампионатот со 97 бодови, додека лидерот Ферстапен има 374.
Викендов во Ф1 на програмата е Големата награда на Јапонија.