Спорт
Македонија најпријатно изненадување и освежување во европското карате!
Репрезентацијата на Македонија во карате на Европското универзитетско првенство во Кордоба, вчера со уште еден дострел до самиот врв. Жарко Арсовски стигна до најпосакуваното одличје на секое натпреварување, златен медал
Енергијата што ја добија нашите каратисти со претходните две титули, на Наташа Илиевска и екипно мажи, продолжи и на последниот ден од годинешново Европско универзитетско првенство во карате. Македонија досега немала ваков успех, и ова ќе остане забележано како нов дострел кој со секој настап натаму ќе не’ наметнува како фаворити, сега во европски, а веруваме наскоро и во светски рамки.Златото на Жарко Арсовски беше поттик и за Амир Беговиќ, како и за Мартин Несторовски кои стигнаа до бронзените медали, со што се заокружи овој циклус на Европското универзитетско првенство кое се одржа во Кордоба.Македонија е тема што се прераскажува последниот ден на оваа манифестација, како успешна карате приказна. Репрезентација која доаѓа од земја која располага со многу помали буџети и квалитет во овој спорт, од оние кои ги победи како на пример Германија, Велика Британија и посебно домаќинот Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

