Спорт
Македонија загуби од Романија во првото коло
Македонската машка ватерполо репрезентација загуби од репрезентацијата на Романија во првото коло од Светското првенство во Рим.
Македонија загуби од Романија со конечен резултат 4:6 на првиот натпреварувачки ден од светското првенство во Рим. Од македонскиот состав најефективен во нападот беше Марко Басиќ кој постигна два гола, а останатите голови ги постигнаа Иван Вуксановиќ и Марко Миќиќ. Голманите на македонската репрезентација Далибор Перчиниќ и Милош Урошевиќ имаа 14 одбранети удари од вкупно 20. Во романската репрезентација наефективен беше Козмин Александру Раду со постигнати 2 гола. Судиската двојка ја сочинуваа Марио Бргуљан од Црна Гора и Борис Маргета од Словенија. Во второто коло на 22 јули Македонија ќе игра против репрезентацијата на САД. Натпреварот ќе започне во 17 часот. Вториот натпревар во нашата група го одиграа Италија и САД во трилер меч каде САД минимално ја совлада Италија со резултат 9:8.На табелата во групата Д, Македонија се наоѓа на последното четврто место со нула бодови. Првото место го има Романија, а веднаш зад неа е САД. Домаќинот Италија се наоѓа на третото место исто така со 0 бодови. Останати резултати:Група А: Германија- Ј.Африка 14:4, Унгарија-Канада 15:6, Група Б: Црна Гора-Кина 14:4, Хрватска- Бразил 11:2Група Ц: Казакстан-Австралија 7:14, Србија-Шпанија 9:11Група Д: Македонија- Романија 4-6, САД- Италија 9:8
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона му нуди нов договор на Левандовски
Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година.
Неколку каталонски медиуми денес открија дека Барселона одлучила да му го продолжи договорот на Левандовски.
Понудата содржи и неколку услови, Левандовски треба да прифати да биде втора опција во нападот, што значи помалку минути на теренот и да се согласи на намалување на платата од најмалку 50 отсто.
Левандовски во моментов иам најголема плата во тимот, па според неговата улога во новата сезона, клубот очекува тој да се согласи на значително намалување на платата.
Според претходните најави, токму ова го сакаше Левандовски, бидејќи ужива во Барселона со своето семејство и со задоволство би останал на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата.
Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година за 45.000.000 евра од Баерн Минхен. Освои две титули во Ла Лига, Купот на Кралот и два Суперкупа.
Foot/ depositphotos
Спорт
Пропадна трансферот на Матета во Јувентус
Жан-Филип Матета е бесен на Кристал Палас, откако пропадна неговиот потенцијален трансфер во Јувентус.
Напаѓачот, односно неговиот менаџер, лесно постигнал договор со Јувентус околу платата, но Кристал Палас не успеа да се договори за обештетување со Јувентус. Клубот од Лондон бараше Јувентус веднаш да го исплати трансферот, додека италијанскиот клуб понуди позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната.
И покрај тоа што му пропадна трансерот, не значи дека Матета дека ќе остане во Кристал Палас.
Астон Вила продолжува да покажува интерес за Матета и како што сега стојат работите од Бирмингем се подготвени да ја платата сумата што ја бара Кристал Палас.
За Матета, клубот од Лондон бара 35 милиони фунти (околу 40 милиони евра / 47 милиони долари).
Foto/ depositphotos
Спорт
Словенија доби нов селектор
Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Словенија (ФСС) го потврди Боштјан Цесар за нов селектор на репрезентацијата.
Со 102 натпревари, Цесар го држи рекордот по број на настапи за словенечката репрезентација и беше капитен многу години.
Тој играше на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, кога беше дел од генерацијата што ја однесе Словенија на Светското првенство по втор пат во историјата.
Поголемиот дел од својата клупска кариера го помина во Киев, каде што одигра 247 натпревари и постигна девет гола за десет години. Играше и за Марсеј, Гренобл и Вест Бромвич Албион.
По завршувањето на кариерата, се посвети на тренерската работа,ја водеше репрезентацијата до 19 години, а во јануари 2022 година се приклучи на стручниот штаб на сениорската репрезентација, како прв асистент на Матјаж Кек.
Тој беше член на тренерскиот штаб кога тимот го постигна својот најголем успех со пласманот во четвртфиналето на Европското првенство во Германија во 2024 година.
Во отсуство на Кек, тој ја предводеше Словенија до серија од пет натпревари без пораз, вклучувајќи го и пријателскиот натпревар од 2:0 против Португалија.
Фудбалскиот сојуз на Словенија не го продолжи договорот со Кек, чиј втор мандат истече минатиот декември.

