Спорт
Шест светски рекорди на првиот ден во Рим
На првиот ден на Светското првенство во пливање кое се одржува во Рим, се срушија првите рекорди.
Првиот натпреварувачки ден на светското првенство во пливање донесе пет нови светски рекорди. Швеѓанката Сара Сјостром по постави првиот рекорд на 100 метри пепруткасо време од 56.44. На 400 метри слободен стил Пол Бидерман од Германија исплива во време од 3.40.07 што е за една сотинка подобро од претходниот рекорд на Јан Торп.Сребро освои Осама Мелули од Тунис а бронза Лин Занг од Кина. Федерика Пелегрини само ја потврди нејзината фаворитка улога освојувајќи злато со нов светски рекорд 3.59.15 и со овој резултат стана првата женаво историјата која испливала под 4 минути.Среброто го освои Јоан Џексон од Велика Британија а брозната Ребека Адлингтон исто така од Б. Британија. Петтиот рекорд на првиот ден го постави холандската женска штафета на 4 пати по 100 метри слободен стил со време од 3.31.72 со што зад себе ги остави репрезенатциите на Германија и Австралија. Кај машката штафета во истата дисциплина доминираа САД постигнувајќи време од 3.09.21 ште е доволно за рекорд на првенставата.Русија го освои сребрениот медал а, Франција бронзата.Во полуфиналните трки од дисциплината 200 метри мешано, набрзи беаЏуку Хорт Хенсен , Џесика Шипер Еверин Веразко, Аријана Кукорс,Стефани рајс и Хана Мајли кои успеаја да се пласираат воутрешното финале. Рафаел Муњос доминираше во трката 50 метри пепрутка, од првото полуфинале а Милорад Чавиќ во второто. Роналд Куман од Јужна Африка кој во утринските квалификаци исплива во реме на рекорд на првенстватаво оваа трка не успеа да се пласира во финалето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Легендата на Нигерија го презеде националниот тим
Нигерискиот фудбалски сојуз го назначи поранешниот репрезентативец Финиди Џорџ за нов селектор на националниот тим. Џорџ на клупата на Нигерија ќе го замени Португалецот Хозе Песеиро.
53-годишниот тренер му беше асистент на Песеиро 20 месеци. Португалецот ја напушти функцијата откако Нигерија беше поразена од Брегот на Слоновата Коска во финалето на Африканскиот куп на нации.
Поранешниот играч на Ајакс и Бетис ќе има задача да избори пласман на Светското првенство во 2026 година.
Нигерија, во јуни мора да победи во наредните дба натпревари, против Јужна Африка и Бенин, бидејќи моментално е трета во групата Ц, зад Руанда и Јужна Африка.
Џорџ, кој одигра 62 натпревари за националниот тим, беше дел од „златната генерација“ на Нигерија која го освои Африканскиот куп на нации во Тунис во 1994 година.
Спорт
(Видео) Пеликанс добија метла од Оклахома, Мајами пред елиминација
Кошаркарите на Оклахома сити Тандер се пласираа во полуфиналето во Западната конференција, а на Бостон Селтикс за пласман во оваа фаза им е потребна уште една победа.
Најдобриот тим на Западот, во регуларниот дел од сезоната, Оклахома со 97:89 славеше во Њу Орлеанс и со 4:0 ја доби серијата против Пеликанс.
Оклахома до победата ја предводеа Шеј Гилџис-Александер и Џејлен Вилијамс со по 24 поени, додека кај Њу Орлеанс најдобри играчи беа Јонас Валанчиунас со 19 поени и 13 скока и Си-Џеј Меколум, кој постигна 20 поени.
Во следното коло од плеј-офот, екипата на Оклахома ќе игра со победникот од серијата помеѓу Лос Анџелес Клиперс и Далас, во таа серија резултатот е 2:2.
Бостон стигна до 3:1 и е на чекор до пласман во второто коло од плејофот на Истокот откако на гостински терен го совлада Мајами со 102:88.
Дерик Вајт, со личен рекорд во плеј-офот, го предводеше Бостон до победата со 38 поени, Џејсон Тејтум додаде 20 поени со 11 скока, додека Џејлен Браун придонесе за победата со 17 поени.
Во тимот на Мајами најдобар беше Бем Адебајо со 25 поени и 17 скока, Тајлер Хиро постигна 19.
Messi, Busquets, Alba and Suarez taking in @MiamiHEAT playoff basketball. 🏀
(Via @NBA) pic.twitter.com/enCQbjlKNT
— Major League Soccer (@MLS) April 30, 2024
Овој натпревар од трибините го следеше еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси. Аргентинецот беше во друштво на соиграчите Луис Суарез, Серхио Бускетс и Џорди Алба, но ниту тие не му помогнаа на Мајами да избегне пораз.
Спорт
Игор Дуљај повеќе не е тренер на Партизан
Фудбалскиот клуб Партизан му врачи отказ на тренерот Игор Дуљај. Во последните пет натпревари во Супер лигата, тимот ќе го предводи Алберт Наѓ.
Управниот одбор на Партизан, доцна синоќа, ја донел одлуката тренерот да добие отказ. На Дуљај му пресудија четири порази во низа од Чукарички, два од Црвена звезда и ТСЦ. Црно-белите се втори на табелата, а до крајот на сезоната целта им е да останат на второт место на табелата. На пет кола до крајот Партизан има четири бода повеќе од ТСЦ.
Партизан, телефонски го известил тренерот за одлуката која била донесена. Повикот го добил откако го завршил гостувањето на една српска телевизија.
Игор Дуљај беше на клупата на Партизан како шеф на стручниот штаб од почетокот на март 2023 година и за тоа време ги предводеше црно-белите на 53 натпревари каде забележа 32 победи, седум нерешени и 14 порази.