Спорт
Арон Пирсол не ја направи истата грешка два пати
Кралот на грбното пливање Арон Пирсол не ја повтори истата грешка од завчера
Откако не успеа да се пласира во финалната трка на 100 метри грбно, Арон Пирсол по првичниот шок како вистински професионалец успеа да се соземе и да не ја повтори истата грешка по втор пат. На денешната трка на 200 метри грбно успеа да победи во квалификационата трка и да се пласира во полуфиналето кое ќе се оджи денес во попладневниот термин. Пирсол трката на 200 метри ја исплива во време 1.55.88 кое е далеку од неговото најдобро време, но сепак беше доволно за да се квалификува.Во утринската трка на 50 метри градно, Камерон Ван Дер Бург од Јужна Африка докажа дека тој е неприкосновениот владетел на градната дисциплина. Тој освои злато со нов светски рекорд кој сега гласи 26.67. Фелипе Франко Силва од Бразил го освои сребрениот медал а Марк Гендолф од САД брозната. Интересни беа квалификационите групи на 200 метри градно каде во последните 5 групи 5 различни пливачи го соборуваа рекордот на првенствата. Најпрвин Глендис Титенис од Латвија исплива 20.09.28, потоа Евгениј Рузков од Казакстан 20.09.25, а по нив следеа Енрике Барбоса од Бразил со време од 2.09.22, Лорис Фаци од Италија исплива 2.08.85 и за крај Ерик Шамто од САД кој исплива 2.08.55. На штафетата четири пати по 200 метри слободно кај дамите најдобро време исплива штафетата на Велика Британија со време од 7.49.04 кое беше доволно за нов рекорд на првенството, а веднаш зад нив се најдоа штафетите на САД и на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

